Полицијата збунета – Светиот дух го спасил возачот да не плати казна - Канал 5

Полицијата збунета – Светиот дух го спасил возачот да не плати казна

Иако фиксните камери во германскиот град Вирсен снимиле возило кое ја пречекорува дозволената брзина , полицијата нема да го казни возачот од религиозни причини.

Полицијата збунета – Светиот дух го спасил возачот да не плати казна

Германската полиција од градот Вирсен се најде во недоумица.Камерите снимиле возило кое вози пребргу и наместо возачот да плати казна од 105 евра , ќе му ја простат.

Ова оттаму што лицето на возачот го прекрива- бел гулаб. Раширените крилја на гулабот му го прекриле лицето на возачот , па не може да сед утврди неговиот идентитет.

Полицајците на социјалните мрежи објавија дека во овој случај ,,имало интервенција од самиот Свет Дух”.

,,Гулабот во христијанството го симболизира Господ –ние тој знак го разбравме и овој пат дотичниот возач ќе го оставиме неказнет.”

Инаку возачот возел 54км/час на дел од градот со ограничување до 30км/час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Брисел го откри планот за Украина

Европската унија подготвува планови за четири земји-кандидати, кои вклучуваат индикативни целни датуми за завршување на преговорите за пристапување.

Брисел го откри планот за Украина

Што се однесува до Украина, како можен временски рамка се споменува крајот на 2029 година, според објава на социјалната мрежа „X“ од Рикард Јозвиак, уредник за Европа во Радио Слободна Европа.

Како што пренесува „Европска правда“, Јозвиак нагласи дека овој датум се однесува на завршувањето на преговорите за пристапување, а не на самиот момент на зачленување во Европската унија.

Според овие индикативни планови, Црна Гора би можела да ги заврши преговорите во текот на 2026 година, додека за Молдавија се споменува временски период од крајот на 2027 до почетокот на 2028 година.

За Украина, крајот на 2029 година првично беше спомнат како индикативен рок за завршување на преговорите за пристапување.

Сепак, Јозвиак подоцна појасни дека, во случајот со Украина и Молдавија, плановите нема да се фокусираат на конечното завршување на преговорите, туку на дефинирање на очекувањата за 2027 година. Попрецизни временски рамки за завршување на преговорите со овие земји ќе бидат утврдени во подоцнежна фаза.

Овие датуми претставуваат индикативни цели, а не гаранција дека преговорите ќе бидат завршени до предвиденото време, ниту пак дека земјите дотогаш ќе станат членки на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин предизвика хаос во Вашингтон

Демократите побараа од големите американски банки и пристанишните управи да ги зачуваат документите и преписките поврзани со потенцијалниот увоз на руски дизел, пренесува американскиот медиум „Аксиос“.

Путин предизвика хаос во Вашингтон

Доколку партијата ја врати контролата врз барем еден од домовите на Конгресот, истрагата за овој аранжман ќе стане приоритет.

Законодавците сметаат дека ваквиот договор би можел да претставува кршење на забраната за увоз на руски нафтени деривати – воведена во 2022 година – и дека тој, всушност, би можел да помогне во финансирањето на војната против Украина.

Сепак, Министерството за финансии на САД тврди дека договорот е во согласност со законот.

Испратени се дописи до банки, меѓу кои „JPMorgan“, „Bank of America“, „Citi“, „Wells Fargo“, „ Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“, како и до пристанишните управи во Хјустон, Бомонт, Корпус Кристи и Њујорк – Њу Џерси.

Демократите бараат потврда дека документите се зачувани, како и обелоденување на информации за сите потенцијални или веќе реализирани трансакции.

Вреди да се напомене дека американскиот претседател Доналд Трамп најави изненадувачки „договор за дизел“ со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се реши проблемот со вртоглавиот раст на цените на дизелот во САД, пред изборите на средината на мандатот, закажани за 3 ноември 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)

Граѓани вечерва се собраа пред зградата на телевизијата Пинк во Белград, неколку часа откако група демонстранти влегоа во просториите на Информер. Полицијата беше распоредена пред Пинк, а толпата фрлаше јајца кон зградата.

Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)

Полициски кордон се повлече од улицата и се распореди директно пред влезот во зградата на телевизијата. Возачите што минуваат покрај толпата свират со своите сирени во знак на поддршка. Досега нема извештаи за граѓани што влегле во зградата на Пинк или за некои поголеми инциденти. Не е објавено колку луѓе се собрале пред телевизијата.

Пинк е еден од највлијателните провладини медиуми во Србија со години. Во својот извештај за 2026 година, Институтот за проучување на новинарството на Ројтерс ги рангира Пинк и Информер меѓу најкористените провладини медиумски брендови.

Податоците од Бирото за социјални истражувања покажуваат и колку Александар Вучиќ бил претставен на Пинк. Од почетокот на јануари до крајот на јули оваа година, тој добил повеќе од 28 часа програма на таа телевизиска станица, а во 74,7 проценти од тоа време бил прикажан позитивно.

Денес, неколку десетици граѓани и студенти се собраа пред редакцијата на Информер, а некои од нив влегоа во зградата и побараа јавно извинување од главниот уредник, Драган Ј. Вучиќевиќ, за начинот на кој медиумот известуваше за студентите, демонстрантите и противниците на владата.

За време на преносот во живо, Вучиќевиќ тврдеше дека станува збор за „криза со заложници“, повика полиција и брза помош и се обиде да го контактира Илија Срдановиќ, првиот на Студентската листа. Протестите пред Информер и Пинк доаѓаат еден ден откако Студентската листа победи на парламентарните избори, а Вучиќ го призна поразот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер