Полицијата запрела пијан возач во Колорадо, па се шокирале: Во багажникот имал три деца (ВИДЕО) - Канал 5

Полицијата запрела пијан возач во Колорадо, па се шокирале: Во багажникот имал три деца (ВИДЕО)

Пијан возач кој бил запрен од полицијата во Колорадо поради несовесно возење признал дека носел три деца во багажникот.

Полицијата запрела пијан возач во Колорадо, па се шокирале: Во багажникот имал три деца (ВИДЕО)

Снимките од контролната камера објавени од полицијата го покажуваат вознемирувачкиот момент за време на сообраќајна контрола на 23 јануари, објави Дејли Меил.

Возачот бил запрен кога полицаец забележал возило кое „вози несовесно“ околу Сити Центар Драјв и 93-та Авенија во Вестминстер, соопшти полицијата.

Полицаецот брзо почувствувал мирис на алкохол, но возачот негирал дека пиел.

Тој се согласил да направи доброволен алкотест на патот, но брзо се предомислил.

Возачот потоа бил врзан со лисици, по што направил изненадувачко признание пред органите за спроведување на законот.

„Значи, имате три деца скриени во багажникот?“ прашал полицаецот, на што осомничениот потврдил дека го сторил тоа.

Возачот - чие име не е објавено - бил уапсен под сомнение за возење под дејство на алкохол, несовесно возење, немање важечко осигурување и три обвиненија за злоупотреба на деца.

Видеото прикажува разговор помеѓу полицаецот и осомничениот пијан возач, а во еден момент се гледа како друг полицаец го отвора багажникот и ги наоѓа децата.

„Што правите?“ прашал полицаецот.

Според полицијата, во возилото биле пронајдени неколку шишиња алкохол.

Возачот бил однесен во затворот во округот Адамс по апсењето.

По запирањето била повикана Службата за заштита на децата и децата биле „предадени на нивните семејства“, соопшти полицијата.

Не е познато дали децата се во роднинска врска со возачот - или зошто биле во багажникот со него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст.

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план.

Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски.

Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции.

За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски.

Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија.

ВЛЕН

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Шкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?

Бројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуел

Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај

На 3 октомври 1995 година во 9.50 часот Скопје го потресе силна експлозија.

31 година од атентатот врз Глигоров- останува мистеријата околу овој сложен политичко безбедносен случај

Мета на нападот беше првиот македонски претседател Киро Глигоров. Во моментот на поминување на службениот автомобил на претседателот Глигоров на улица „Македонија“ во близина на хотелот „Бристол“ експлодирал парикиран автомобил „ситроен ами 8“, 20 килограмскиот експлозив бил активиран со далечинско управување. Претседателот Глигоров преживеа, загина неговиот возач Александар Спировски, минувачот Христо Христоманов, а тешко повреден беше и телохранителот Илчо Теовски. Обемната истрага и со учество на меѓународно експрети не го даде одговорот кој бил сторителот и нарачателот? Авторот на книгата „Скопскиот атентат“ Зоран Доревски, кој во времето на атенатот бил главен инспектор во управата за обезбедување на личности и објекти преку анализа на светски атентати, докази од атентатот во Скопје објаснува дека во тогшната млада држава Македонија била удар и на надоврешната политика.

„Би можел да кажам и кој е тој некој меѓутоа, но јас не можам со сигурност да потврдам, бидејќи за ниту еден атентат не постои писмен документ каде некој наредува направете го тоа и тоа“- д-р Зоран Доревски автор на книгата Скопски атентат

„Атентатот се случува во момент кога Македонија треба да пристапи кон ОБСЕ, кога се потпишува програмата за партнерство за мир, што значи НАТО доаѓа во државата, кога се потпишуваат договори со светска банка и монетарен фонд што значи економска стабилизација и средување на финансиско- економски аспект на државата и во момент кога Македонија ја напушта орбитата на Белград“, потенцира во анализата Доревски.

Авторот Доревски посебен акцнет става на случувањата по атентатот и го споредува со други специфични атентати како на Кенеди, кога биле елиминирани и замолчени над 100 сведоци. Во неговото истражување објаснува колку луѓе загинале по обидот за елиминарање на Глигоров.

„Јас најдов осум лица кои загинуваат во првите две години по атентатот. Најголемиот дел од нив во 1998 година кога доаѓа обновување на втората истрага на јавниот обвинител Ставре Џиков и новата власт која покренува истрага за атентатот. Мислам дека успеав да кажам зошто овие лица биле замолчани и кои биле нивните сознанија, вели Доревски.

Во истрагата биле проверени околу 30 илјади возила и 15 илјади објекти, над 180 луѓе идентификувани. До денеска истрагата не покажа кој бил нарачателот на атентатот. Претседателот Глигоров имаше тешки повреди на главата. Тој почина на 1 јануари 2012 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер