Полицијата со водени топови и палки против демонстрантите во Турција (ВИДЕО) - Канал 5

Полицијата со водени топови и палки против демонстрантите во Турција (ВИДЕО)

Специјалци со солзавец и водени топови денеска ги растераа демонстрантите во југоисточна Турција , кои излегоа на улиците поради смена на тројца курдски градоначалници,пет месеци по нивниот избор.

Полицијата со водени топови и палки против демонстрантите во Турција (ВИДЕО)

Анкара вчера ги разреши градоначалниците кои доаѓаат од прокурдската Народна демократска партија (ПДП) и назначи државни службеници на тие позиции. Беа уапсени и повеќе од 400 лица под сомнение за поврзаност со милитантите, потег што беше остро критикуван од опозициските партии.

Во Дијарбакир, најголемиот град во регионот, полицијата повеќе пати користеше водени топови против мали групи демонстранти.

Специјалната полиција ги тепаше демонстрантите со стапови додека бегаа.

YouTube video

Демонстрантите се собраа во близина на Градското собрание, кое беше заштитено со метални бариери, откако официјален претставник на локалната власт во понеделникот ја презеде функцијата од избраниот градоначалник.

„Вие сте сведоци на режим на притисок и прогонство “,рече водачот на HDP, Сезаи Темели, пред новинарите во Дијарбакир.

„Ние ќе продолжиме да се спротивставуваме , бидејќи отпорот е наше законско право“, додаде тој.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека градоначалниците на ПДП биле сменети во три главни града, Дијарбакир, Мардин и Ван, и се обвинети за разни злосторства, вклучително и членство во терористичка организација и ширење пропаганда на терористичка група.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган предупреди пред локалните избори во март дека некои избрани политичари би можеле да бидат отпуштени доколку се утврди дека имаат врски со Курдистанската работничка партија (ПКК).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше

 Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, вели дека одлуката Џек Грилиш да не биде вклучен во тимот за натпреварот од Лига купот против Њукасл била на клубот.

Грилиш пропушти тренинг – Мојс го суспендираше

Евертон не ги откри деталите, но се верува дека одлуката е донесена поради неовластено отсуство од тренинг. „Знаете дека нема да откривам никакви детали“, изјави Мојс по победата од 3:1.

Мојс јасно стави до знаење дека ја поддржува одлуката да не биде вклучен Грилиш, кој е на позајмица од Манчестер Сити.

Минатата сезона тој исто така беше дел од „карамелите“, при што на 20 натпревари постигна два гола и забележа шест асистенции, пред во јануари да заработи повреда на стапалото.

Ова лето се врати во Сити и настапи на натпреварот за „Комјунити шилд“, а потоа, пред затворањето на преодниот рок, повторно замина во Евертон. Оваа сезона има пет настапи во Премиер лигата, а играше и во победата над Вулверхемптон во третото коло од Лига купот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Набуко“ на сцената на Националната опера и балет

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност.

„Набуко“ на сцената на Националната опера и балет

Вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена „Набуко“ од Џузепе Верди, едно од најзначајните дела на оперската уметност, кое преку моќна музика и драматична приказна ги отвора универзалните теми за слободата, достоинството и копнежот по татковината.

Претставата ќе биде изведена под диригентската палка на Мирон Михаилидис од Грција, во режија на Ренато Бонајуто од Италија. Сценографијата и костимографијата се на Флавио Арбети и Артемио Кабаси од Италија, кореограф е Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор Климент Тодороски, хор-мајстор Јасмина Ѓорѓеска, а за светлосниот дизајн е задолжен Милчо Александров.

Во насловната улога ќе настапи Марјан Јованоски, Злата Тошевска Димовска ќе ја толкува Абигаиле, Николина Јаневска ќе настапи како Фенена, Ѓорѓи Цуцковски како Исмаил, а Александар Стефаноски како Захарија. Во останатите улоги настапуваат Диме Петров, Јаворка Витанова и Јане Дунимаглоски, заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

„Набуко“ е опера во четири чина и едно од најпознатите дела на Џузепе Верди, особено препознатливо по хорската композиција „Va, pensiero“, која со текот на времето стана симбол на копнежот по слобода.

Со поддршката на културните содржини, Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во уметноста и културното наследство, давајќи придонес кон создавање вредности што ја збогатуваат заедницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сан Сиро заминува во историја: Интер и Милан го претставија новиот стадион

Италијанските фудбалски гиганти Интер и Милан го претставија изгледот на новиот заеднички стадион, кој ќе го замени познатиот Сан Сиро и ќе стане нивен дом од сезоната 2031/2032.

Сан Сиро заминува во историја: Интер и Милан го претставија новиот стадион

Новиот објект ќе го носи името „Стадион Џенерали“ (Generali Stadium), според компанијата што ги обезбеди правата за спонзорство, а проектот ќе чини дури 1,2 милијарди евра.

Новиот стадион ќе има капацитет од 71.500 седишта, што е малку помалку од сегашниот „Сан Сиро“, кој може да прими околу 75.000 гледачи.

Сепак, архитектонското решение е осмислено така што на навивачите ќе им овозможи уште поинтензивно доживување на натпреварите, како и атмосферата по која е познат фудбалот во Милано.

Проектот е претставен од реномираниот архитект Норман Фостер и експертот за стадиони Дејвид Маника. Идејата е трибините да бидат што е можно поблиску до теренот, а особено впечатлив е нагибот од 37 степени зад головите, што дополнително ќе го засили чувството на блискост со играчите.

„Најважното нешто што го сфативме за време на процесот на проектирање е дека ’Сан Сиро‘ е чувство. Тоа е многу повеќе од обична градба. Сè што направивме беше насочено кон пренесување на тоа чувство на новиот стадион“, изјави Маника.

Посебно внимание е посветено на акустиката. Покривот ќе ги покрива трибините, додека теренот ќе остане отворен, а конструкцијата ќе биде дизајнирана така што ќе го засилува хукот на навивачите и ќе создава атмосфера што потсетува на онаа по која „Сан Сиро“ е познат со децении.

„Сакам навивачите да дојдат на новиот стадион и повторно да ја почувствуваат истата возбуда, да почувствуваат дека објектот живее и дише заедно со нив, исто како што е случајот и денес“, додаде Маника.

Новиот дом на ривалите од Милано нема да биде наменет исклучиво за фудбал. На стадионот ќе може да се организираат натпревари во американски фудбал, рагби, како и големи музички концерти.

YouTube video

Интер и Милан издвоија 197 милиони евра за купување на постоечкиот стадион и земјиштето околу него. Предвидено е изградбата на новиот објект да започне во 2028 година, а вкупната инвестиција ќе изнесува 1,2 милијарди евра.

Овие работи ќе го означат крајот на една голема ера на европскиот фудбал. „Сан Сиро“, познат и како стадионот „Џузепе Меаца“, е отворен во 1926 година и во текот на речиси еден век бил поприште на бројни историски натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер