Полицијата се уште истражува кој е одговорен за опожарување на депонијата „Вардариште“ - Канал 5

Полицијата се уште истражува кој е одговорен за опожарување на депонијата „Вардариште“

Полицијата се уште истражува кој е одговорен за вчерашното опожарување на депонијата „Вардариште“.

Полицијата се уште истражува кој е одговорен за опожарување на депонијата „Вардариште“

Пожарот според ЦУК бил регистриран вчера попладнето околу 17.30 минути, кога при негово гаснење нешто повеќе од еден час интервенирале шест пожарникари со две противпожарни возила.

За вчерашниот пожар на депонијата, реагираа и од иницијативата „Стоп за Вардариште“. Оттаму побараа итна реакција, потенцирајќи дека нема да дозволат повторно „Вардариште“ да го труе главниот град. Во спротивно, се заканија со враќање на блокадите.

-Ова е последно предупредување од наша страна. Доколку не се испочитува договореното, не се стави целосен крај на загадувањето што го предизвикува Вардариште и ваквите палења се повторат, нема да останеме мирни, а ќе бидеме приморани и на потенцијално ново активирање на блокадите,- „Стоп за Вардариште“.

Дополнителен проблем во врска со оваа депонија се околу 200 лица што живеат во близина на Вардариште, за кои сè уште не е обезбедено трајно решение. Инаку, освен депонијата „Вардариште“, денове беше опожарена и депонијата над Арачиново

Конечно решавање на проблемот со депониите најави и министерот за животна средина Мухамед Хоџа.

Тој на денешната Национална конференција за природа истакна дека во тек е воспоставување регионален систем за отпад кој ќе стави крај на дивите депонии во природа. Целта како што кажа Хоџа е одржлив систем, а не привремени решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во Париз

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез блесна на сцената како специјален гостин на концертот на еден од најдобрите светски ди џеји Дејвид Гета одржан викендов во Париз.

Џенифер Лопез ја воодушеви публиката на концертот на Дејвид Гета во Париз

Мегапопуларната Џеј Ло беше специјална гостинка на големиот концерт на францускиот диџеј и продуцент Дејвид Гета на стадионот „Стад де Франс“ во Париз, каде што имаше неверојатен настап пред околу 80.000 луѓе.

Таа се појави на сцената за време на првиот настап од серијата „Ultimate Monolith Show“, што предизвика големо воодушевување кај публиката. Со Гета, таа ја изведе заедничката песна „Save Me Tonight“, која беше објавена претходно годинаВА и веќе стекна огромна популарност.

По заедничкиот настап, таа го изведе и својот познат хит „On The Floor“, додека публиката пееше заедно со неа и го следеше секое нејзино движење. Целиот спектакл беше заокружен со ласерски ефекти, сценска продукција и огномет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Во Скопје потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите .

Потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите

Во Скопје потпишана е декларација за намери за превенција на насилство кај младите во рамки на националната работна група за превенција на насилството кај младите, предводена од министерството за социјална политика, демографија и млади со поддршка на ОБСЕ денеска се одржува во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Државната матура помина добро, отстранети беа само 60 ученици

Државната матура помина добро,оваа година за разлика од лани кога имаше препишување од страна на учениците и споделување по вибер групи ова утринава го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. 

Јаневска: Државната матура помина добро, отстранети беа само 60 ученици

Таа информираше дека биле отстранети само 60 ученици .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер