СветПолицијата објави видео-снимка од осомничениот за убиството на КиркОдделот за јавна безбедност (ДПС) на Јута објави видео-снимка на која е осомничениот за убиството на американскиот десничарски активист Чарли Кирк.На снимката се гледа како осомничениот трча преку кровот на школска зграда и потоа влегува во шума, каде подоцна е пронајдена пушката со која е убиен Кирк. Осомничениот на кровот остава отпечаток од дланката, кој би можел да содржи ДНК, а остава и отпечаток од патиките. Бо Мејсон од ДПС изјави дека полицијата не знае дали осомничениот сè уште е во Јута или преминал во друга американска сојузна држава. Американското Федерално истражно биро (ФБИ) вчера објави фотографии од осомничениот за убиството и побара помош од граѓаните за идентификување на напаѓачот. Додека Канцеларијата на ФБИ во Солт Лејк Сити отвори телефонска линија на која граѓаните можат да се јават доколку имаат информации. ФБИ нуди награда од 100.000 долари за информации што ќе доведат до идентификација и апсење на сторителот. 🚨 NEW FOOTAGE ::: SHOOTER ON ROOF FBI releases exclusive close-up footage of Charlie Kirk shooter suspect jumping off Utah Valley University roof, 3 mins after the assassination. Suspect fled the scene, with over 7,000 tips already received. #CharlieKirk pic.twitter.com/dYj4Qk4qAm — Culture War Report (@CultureWar2020) September 12, 2025 Тагови: Чарли Кирк видео-снимка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаУкината наредбата за запирање на истрагата за мазутот, ОЈО ГОКК задолжено да продолжи да постапуваВишото јавно обвинителство Скопје го задолжи ОЈО ГОКК да прибере и анализира повеќе податоци од неколку други институции.Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, како и Перење пари, против вкупно 13 физички и едно правно лице, а поврзано со набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Со одлуката, Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да ја продолжи постапката, при што на надлежниот обвинител во прв степен му се дадени и дополнителни насоки за постапување. Констатирајќи, пред се, слабости во изготвените вештачења на кои јавниот обвинител од ОЈО ГОКК ја темелел својата одлука да ја запре истрагата, Вишото јавно обвинителство Скопје побара да продолжи постапката во насока на утврдување на сите поединечни дејствија на осомничените, особено дали и кој презел директни дејствија или дејствија на помагање со кои правното лице ЕСМ, преку злоупотреба на наменски доделени средства од државниот буџет, а под превез на користење на повластена законска основа од член 23 од Законот за јавни набавки, овозможиле имотна корист од големи размери за еден од осомничените и неговото правно лице. Вишото јавно обвинителство Скопје го задолжи ОЈО ГОКК да прибере и анализира повеќе податоци од неколку други институции, како и да нареди нови вештачења со цел прецизно испитување на сите околности и утврдување евентуална кривична одговорност.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане Продолжува судењето во Основниот суд во Куманово за серискиот убиец Трајче Бојковски од Старо Нагоричане. 25 годишниот кумановец е обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени.Бојковски на последното судење во јули не се изјасни за виновен, а неговиот бранител го откажа полномоштовото и судот донесе решение главната расправа да биде одоложена. Јавното обвинителство најави дека преку доказната постапка ќе докажува дека доминантен мотив за извршување на делата била некрофилијата. Обвинетиот беше спроведен од затвор Куманово, а во судницата присуствуваа членовите на семејствата на оштетените, јавниот обвинител и бранителот на обвинетиот. Според обивнителот Љубомир Лапе, иако во дејствијата на обвинетиот се содржани повеќе квалификаторни елементи, обвинителството смета дека некрофилијата претставува доминантен мотив за извршување на делата. Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, при што мета на нападите биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами. Во обвинението се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот е од 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал. На товар му се ставаат и убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.Тагови: Старо Нагоричане Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.08.2026 до 27.08.2026 зема 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44