Полицијата низ Европа и во САД уништува сервери поврзани со опасна терористичка организација

Полицијата ширум Европа и САД собори голем број сервери поддржани од медиуми поврзани со Исламската држава, соопштија денеска европските полициски и правосудни организации Европол и Евроџастис.

Серверите биле симнати во САД, Германија, Холандија и Исланд, додека шпанската полиција уапси девет „радикализирани лица“, се вели во соопштението.

Серверите поддржуваа веб-страници, радио станици, новински агенции и содржини на социјалните медиуми со глобален дофат, се додава.

„Тие ги пренесоа директивите и пароли на Исламската држава на повеќе од триесет јазици, вклучувајќи шпански, арапски, англиски, француски, германски, дански, турски, руски, индонезиски и паштунски јазик. Откриени се неколку терабајти информации“, се вели во соопштението.

Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопштија од рускиот клуб.

Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.

Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано. /МИА

Во Пакистан експлодира бомба крај пат, при што загинаа пет војници, а двајца се повредени

Најмалку пет војници загинаа, а двајца други се повредени денеска при експлозија на бомба покрај пат во близина на безбедносен конвој во северозападен Пакистан, соопштија официјални претставници.

Нападот се случил во областа Курам, поранешно упориште на милитантите во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Во соопштението на армијата се наведува дека во тек е потрага по сторителите на нападот со цел да се елиминираат терористите присутни во тоа подрачје и дека „сторителите на овој грозоморен чин ќе бидат изведени пред лицето на правдата“./МИА

Бајден ја поддржа одлуката за забрана на огнено оружје во случаи на семејно насилство

Американскиот претседател Џо Бајден ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд со која се поддржува забраната за поседување оружје на лица на кои им е наложена забрана за семејно насилство.

Во исто време, Бајден рече дека ќе продолжи да врши притисок врз Конгресот да ја зајакне заштитата на жртвите на семејно насилство.

„Никој што бил малтретиран не треба да се грижи дали неговиот насилник ќе добие пиштол. Како резултат на денешната одлука, преживеаните на семејно насилство и нивните семејства ќе можат да продолжат да се потпираат на заштита, исто како што тоа го правеа во изминатите три децении“, додаде Бајден. /МИА

притисни ентер