Полицијата казни 396 лица кои не носеле маски

МВР санкционира 396 лица во последното деноноќие поради неносење заштитни маски.

Во текот на изминатото деноноќие (01/02.08.2020 година) на територијата на Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 396 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Шилегов објави видеа од диносаурусите во Зоолошка

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на својот фејсбук профил објави видеа од неколку диносауруси кои денеска имале проверка пред монтажата на големите праисториски животни во Дино паркот во Зоолошката градина.

Во овој парк ќе има 41 диносаурус во природна големина. „ Диносаурусите ќе имаат синхронизирани движења, дишење, трепкање и ќе испуштаат звуци, со што ќе ги доловиме на посетителите овие праисториски животни.

Ова ќе биде прв Дино парк на Балканот каде ќе има толкав број на диносауруси, како и едукативна содржина за секој од нив. Паркот ќе зафаќа површина од 2.000 метри квадратни.

Ќе има два влеза, еден од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. За Дино паркот ќе се плаќа посебен билет од 50 денари.

За уредување на просторот и набавка на диносаурусите од буџетот на Град Скопје обезбедени се 20 милиони денари (околу 325.000 евра).

ВМРО –ДПМНЕ : Индустријата тоне, а Македонија со СДСМ извезува корона

Преку соопштение, ВМРО-ДПМНЕ објави факти на денот.

Факти кои го одбележаа денот:

СДСМ го уништи стопанството. Падот на индустриското производство 1 јануари до 30 јуни оваа година бележи пад од 14.6% во однос на лани.

Граѓаните остануваат без своите работни места поради неспособноста на власта. Бројот на работници во индустријата од 1 јануари до 30 јуни оваа година во споредба со лани е помал за 4.4%.

Македонија станува извозник на корона поради грешки во протоколите на власта. Транзитот на болни од корона низ Македонија е грешка на власта на СДСМ.

Туристичките работници бараат субвенции за плати, власта молчи и остава секторот да тоне.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Најмалку 13 загинати во сообраќајна несреќа во Мексико (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица денеска загинаа кога автобус се преврте на автопат недалеку од Мексико Сити, соопштија властите.

Федералниот координатор за цивилна заштита Луис Фелипе Пуенте на својот профил на Твитер напиша дека 27 лица биле однесени во околните болници, пренесе Ројтерс.

Несреќата се случила на пат кон местото Толука , а автобусот превезувал патници од туристичкото место Акапулко кон главниот град Мексико Сити.

Истрагата за несреќата е во тек.

притисни ентер