Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
БалканПолицијата избрка советници и пратеници кои го блокираа градското собрание во Нови Сад Полициски службеници избркаа 30-на опозициски советници и пратеници од Градското собрание во Нови Сад кои утрово влегоа и ја блокираа институцијата. Полицијата насилно избрка и новинари кои известуваа од Градското собрание, а во еден момент при пресметка со полицијата било скршено стаклото на влезната врата, јави Бета. Опозиционерите скандираа „Србија, Нови Сад, стани сега!“ и „Фрлете ги униформите!“ Пред Градското собрание се уште е присутна полицијата и жандармеријата. Неколку градски советници од Нови Сад и пратеници во Собранието на Војводина рано денеска го блокираа градското собрание во Нови Сад. „Ако повикуваме на генерален штрајк, мора да штрајкуваме и политички“, велат тие и најавија дека ќе ја блокираат работата на Градското собрание кое е седиште на градоначалникот и градската власт. „Ги блокираме институциите како повик за штрајк. Опозицијата се приклучува кон штрајкот, ги блокираме политичките институции. Од денеска градот е блокиран. Остануваме во Градското собрание до дополнително известување. Додека нема одговорни, нема ни да работи. Нема да дозволиме веќе никој да не гази: да го крвари знамето на Нови Сад нашата Војводина, нашата Србија“, порачаа во директен пренос на социјалните мрежи. Тие ги повикаа сите советници и пратеници да го сторат истото и да започнат со масовни блокади на институциите и штрајк. Според српски медиуми полицијата го привела одброникот на опозициското Граѓанско движење „Браво“ Миран Погачар. Во меѓувреме, на повеќе локации во Белград, Нови Сад, Ниш, Краљево и Ужице, граѓаните во Србија денеска им оддадоа почит на загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад. Студентите блокираа улици во Белград и носеа транспаренти „Слушате ли колку гласно молчиме“, и транспарент со цртеж на дворски шут и натписи од медиумите Пинк, Хепи, Информер и РТС. Ширум Србија граѓаните застанаа во 11:52 часот и се вклучија во петнаесетминутната акција за оддавање почит, јави Бета. Претставниците на иницијативата „Проглас“ ги повикаа луѓето да учествуваат денеска во акцијата наречена „Застани Србија - застани за студентите“ во Белград, Нови Сад, Краљево, Смедерево, Сремска Митровица и Ваљево.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПоследното писмо на Меган Маркл до татко ѝ, обвинет за педофилија- знаела што се случува Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца.Британската војвотка од Сасекс Меган Маркл во последното писмо што му го испратила на својот татко Томас Маркл, со кого го прекинала контактот, изјавила дека е свесна за обвинувањата за сексуална злоупотреба на деца што му биле упатени, нагласувајќи дека одлуката да одбие контакт со своите деца ја донела за да ги заштити, пренесува британскиот весник The Sun, повикувајќи се на извори. Според весникот, Меган го испратила писмото до нејзиниот татко во декември 2025 година, додека тој бил на болничко лекување на Филипините, по ампутација на ногата поради компликации предизвикани од згрутчување на крвта. Во писмото, како што се наведува, таа вели дека нема да му дозволи да се сретне со нејзините деца и дека повеќе нема да биде во контакт со него. Весникот наведува дека во писмото Меган упатила сериозни обвинувања против нејзиниот татко, вклучително и наводи за неговото наводно непримерно однесување кон малолетниците и дека била свесна дека случајот се разгледува. Томас Маркл моментално е под истрага поради сомнеж дека поседува материјал кој прикажува сексуална злоупотреба на деца, што тој го негираше, пишува Сан. Според весникот, спорниот материјал наводно бил пронајден во неговиот дом на Филипините, во неколку кутии. Неговиот син Томас Маркл Јуниор, полубрат на војвотката од Сасекс, изјави дека дошол до материјалот и дека случајот го пријавил во надлежните институции во Соединетите Американски Држави. Сан известува дека на 10 јули, Томас Џуниор го пријавил случајот во Федералното истражно биро (ФБИ), Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца и полицијата во државата Пенсилванија, каде што порано живеел неговиот татко. Томас Маркл постариот ги отфрли обвинувањата во изјавата што ја даде за Дејли Меил во петокот. Меган Маркл проговори за случајот во изјава за магазинот People во која изјави дека е длабоко потресена од информациите кои се појавија и дека нејзините мисли се со сите деца кои можеби биле повредени. Таа исто така изјави дека во 2018 година, писмо со вознемирувачки наводи против нејзиниот татко било испратено до лондонската Метрополитен полиција и службата задолжена за заштита на членовите на кралското семејство и другите заштитени лица. Меган и нејзиниот сопруг, принцот Хари, имаат две деца, седумгодишниот син Арчи и петгодишната ќерка Лилибет. Томас Маркл не присуствуваше на нивната венчавка во мај 2018 година, кога беше придружувана по патеката од кралот Чарлс III. Според магазинот People, Меган за писмото со обвинувања дознала по венчавката, а потоа, како што наведува извор запознаен со случајот, и било советувано да не зборува за тоа јавно за да не се загрози евентуалната истрага. Изворот додаде дека таа е загрижена и за правните последици од јавното изнесување непотврдени тврдења.Тагови: Меган Маркл Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Црна хроника15- годишно дете од тетовско било застрелано во стомакот- во полиција сами се пријавиле татко и син На 24.10.2026 во 14:10 часот во СВР Тетово, од Клинички центар Тетово било пријавено дека кај нив со прострелна рана во пределот на стомакот бил донесен 15 - годишен малолетник од с.Боговиње, тетовско. Подоцна, во Полициската станица Тетово се самопријавиле С.М.(42) и неговиот 16-годишен син, двајцата од с.Боговиње, кои предале пиштол со една празна рамка. Според изјавата на С.М., настанот се случил околу 13:45 часот во с.Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетниот син. Извршен е увид во присуство на јавен обвинител од ОЈО Тетово и претставници од Центарот за социјални работи Тетово. Малолетникот е задржан за понатамошна постапка и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНајмалку 12 лица се повредени во пукотница во Флорида Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида.Најмалку 12 лица, меѓу кои шест малолетници, беа повредени во пукотница во Талахаси, Флорида, доцна синоќа во близина на стадионот „Браг Меморијал“ на Универзитетот за земјоделство и машинство во Флорида, соопшти локалната полициска станица и универзитетот. Полицијата соопшти дека 11 од 12-те повредени лица имале прострелни рани, објави Ројтерс. „Во овој момент, најмалку три од жртвите од пукотницата се во критична состојба, додека девет се во стабилна состојба“, соопшти полициската станица во Талахаси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38