Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
СветПолицијата и ФБИ трагаат по напаѓач кој уби двајца студенти во Универзитетот „Браун“ (ВИДЕО)Полицијата и ФБИ трагаат по напаѓачот кој синоќа уби две лица, а повреди девет во Универзитетот „Браун“ во Провиденс, Род Ајленд.Градоначалникот на градот, Брет Смајли, информираше дека девет лица се повредени во нападот, од кои осум се во критична состојба, додека деветтиот е надвор од животна опасност. Заменик-шефот на полицијата во Провиденс, Тимоти О’Хара, изјави дека осомничениот е маж, веројатно на возраст меѓу 30 и 40 години, облечен во црно, кој последен пат бил виден како ја напушта зградата каде што се случи пукањето. Ректорот на универзитетот, Кристина Паксон, соопшти дека е информирана оти сите загинати и повредени во критична состојба се студенти. Градоначалникот Смајли прецизираше дека било приведено лице за кое постоеле сомневања дека е вмешано во инцидентот, но подоцна било утврдено дека тоа нема врска со пукањето. Престижната образовна институција, дел од „Ајви лигата“ (Ivy League), претходно издаде предупредување за лице кое стрела од оружје на нејзината територија и ги повика студентите и персоналот да побараат засолниште. Напаѓачот прво отворил оган во една од училниците. Пукањето се случи во зградата „Барус енд Холи“, седумкатен комплекс во кој се сместени Инженерскиот факултет и Катедрата за физика на универзитетот. Инцидентот се случил за време на вториот ден од испитната сесија, кога во објектот се одржувале испити. Претседателот Доналд Трамп изјави дека е информиран за пукањето. „Бог да ги благослови повредените и семејствата на повредените“, напиша тој на својот профил на социјалните мрежи во објава пред да се дознае дека има загинати. Подоцна, Трамп изјави во Белата куќа дека „сѐ што можеме да направиме сега е да се молиме за жртвите“. Гувернерот на Род Ајленд, Дан Меки, рече: „Нeзамисливото се случи“. ФБИ објави дека дава поддршка на полициските активности. Help find this Person of Interest. If you have any information, please call 1-800-CALL-FBI (225-5324) or https://t.co/iL7sD5efWD. pic.twitter.com/AkFDVtOCmw — FBI (@FBI) December 14, 2025 Универзитетот „Браун“ е приватна образовна институција со околу 7.300 додипломски и над 3.000 постдипломски студенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44