Полицијата го пронајде човекот, кој му ја „откина“ главата на Тито (ФОТО) - Канал 5

Полицијата го пронајде човекот, кој му ја „откина“ главата на Тито (ФОТО)

Словенечката полиција пронајде маж кој ја „откинал“ главата од споменикот на Јосип Броз Тито во Велење, потоа ја натоварил во багажникот на автомобил и се одвезол.

Полицијата го пронајде човекот, кој му ја „откина“ главата на Тито (ФОТО)

Од Полициската станица во Целје за хрватскиот портал 24sata изјавија дека виновникот е 49-годишен Словенец кој имал две различни хрватски регистарски таблички на својот автомобил, пренесе Телеграф.

„Синоќа, граѓанин на Велење се јавил во Полициската станица и пријавил дека забележал маж во близина на музичко училиште како товари голем метален предмет во автомобил „Шкода Кодијак“ со темна боја, а потоа се одвезол во правец на раскрсницата... Полицијата брзо го запрела 49-годишниот возач на патничко возило кое одговарало на описот на граѓанинот на патот Симон Блатник откако ја примила пријавата“, изјави за порталот Милена Трбулин, портпаролка на Полициската станица во Целје, и му се заблагодарила на граѓанинот за дојавата.

Беше наведено дека возилото имало две различни хрватски регистарски таблички.

„Граѓанин од подрачјето на Полициската станица Велење во багажникот ја пронашол главата од бронзена скулптура на Јосип Броз Тито од Титовиот плоштад во Велење. Станува збор за бронзена скулптура висока повеќе од шест метри. Во овој случај, станува збор за осудлив чин на сквернавење на културното и историското наследство“, беше информиран хрватскиот портал.

Се наведува дека се собираат информации во врска со сомневањето за сторено кривично дело оштетување или уништување на предмети што имаат посебно културно значење или природна вредност согласно член 219 од Кривичниот законик - 1, како и утврдување на сите други околности на горенаведениот настан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер