Полиција влезе во Судски совет по налог на Обвинителството

Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје во моментот постапуваат во Судски совет.

Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје во моментот постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело, објавува Курир.мк.

Неофицијално, делото е можеби поврзано со Артан Груби.

Повеќе информации од МВР и ОЈО се најавени во текот на денот.

Утре без струја дел од општина Ѓорче Петров

 Без електрична енергија утре ќе биде дел од општина Ѓорче Петров, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.

Корисниците од улицата „Црногорска“ бр.55, 57, 59, 16 во Ѓорче Петров, без струја ќе бидат утре во периодот од 9.00 до 15.00 часот.

Ердоган: Мора да ги заштитиме нашите деца од перверзни идеологии

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го одбележа почетокот на годината на семејството во Турција со најава на мерки за зголемување на наталитетот.

Цитирајќи ја „историската вистина дека силно семејство го отвора патот за силна држава“, Ердоган претстави низа финансиски мерки за поддршка на младите семејства.

Тој се обиде да го прикаже движењето ЛГБТК+ како дел од странски заговор чија цел е поткопување на Турција. „Наша заедничка одговорност е да ги заштитиме нашите деца и млади од штетните трендови и перверзните идеологии. Неолибералните културни трендови ги преминуваат границите и продираат во сите делови на светот. Тие, исто така, водат кон зајакнување на ЛГБТ и другите движења“, порача Ердоган.

„Критиките кон ЛГБТ луѓето веднаш се премолчуваат, исто како и легитимната критика на ционизмот. Секој што ја брани природата и семејството е подложен на жестоки угнетувања“, истакна тој.

Парадите на гордоста се забранети во Турција од 2015 година, а оние кои сакаат да учествуваат се соочуваат со солзавец и полициски барикади.

Осврнувајќи се на „алармантниот“ пад на стапката на раст на населението, Ердоган потсети на неговото барање од 2007 година семејствата да имаат најмалку три деца.

Тој, исто така, изрази загриженост за зголемените стапки на разводи и фактот дека луѓето подоцна стапуваат во брак. Годишната стапка на раст на населението во Турција падна од 2,53 отсто во 2015 година на 0,23 отсто минатата година.

„Доколку не ги преземеме неопходните мерки, проблемот ќе достигне непоправливи нивоа. Во таква средина, губењето на населението е неизбежно“, изјави Ердоган.

За да се бори против заканата за семејствата, Ердоган претстави политики како што се бескаматни заеми за младенците, подобрени парични бенефиции за родителите на новородените деца, финансиска, советодавна и станбена поддршка за поттикнување на новите семејства и бесплатна или евтина грижа за децата.

Министерката Димитриеска-Кочоска на Форумот „Инвисио“ во Виена

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре учествува на Форумот на Централна и Источна Европа „Инвисио“, кој на едно место обединува клучни чинители од областа на финансиите.

На Форумот, министерката за финансии ќе ги претстави политиките што ги спроведува Владата, кои се темелат на новиот концепт на економски раст заснован на инвестиции, а коишто имаат и позитивно влијание врз одлуките што ги носат инвеститорите. Акцентот ќе биде ставен на реформите и политиките за управување со јавните финансии. Министерката е воведен говорник на Форумот заедно со првиот потпретседател на ЕБОР Јирген Ригтеринк, гувернерот на централната банка на Австрија и член на УО на Европската централна банка, Роберт Холцман , заменик-министерот за финансии на Грузија Екатерина Гунтсатце и регионалниот заменик-претседател за регионот во Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка, Алфонсо Гарсија Мора.

Учеството на Форумот „Инвисио“, претходно познат како „Еуромани“, е можност министерката Димитриеска-Кочоска да оствари и повеќе средби со инвеститори, на кои ќе стане збор за проекти што се реализираат и кои допрва треба да се реализираат, а во кои инвеститорите може да најдат интерес. Особено се значајни големите инфраструктурни проекти и проектите во енергетиката.

Форумот е годишен настан кој на едно место спојува професионалци од различни сегменти на финансискиот и банкарскиот сектор и дава можност за информирање за најновите случувања во финснсискиот свет и отворање дискусии за трендовите и иднината на финансиските пазари. На него учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на меѓународни финансиски институции, банкарски групации, инвестициски фондови, регионални групации и сл.

притисни ентер