Полицајците во Скопје им делеа летоци на мотоциклистите

Превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај.

Денеска (02.07.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивна активност наменета за возачи на мотоцикли.

Превентивната активност беше спроведена на подрачјето на општина Чаир во Скопје, со цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, особено за почитување на законската обврска за возачите на мотори да носат заштитен шлем (кацига), со што се зголемува, пред се, личната безбедност.

На возачите им беше поделен и едукативен материјал односно летоци, соопштуваат од МВР.

Полицијата запрела „летечка чинија“: Да не вози со брзина на светлината (ВИДЕО)

Патрола на сообраќајната полиција во Оклахома неодамна на автопат запрела необично возило, кое личело на НЛО.

Полицаецот Рајан ВанВлек забележал дека „летечката чинија“ не застанала на задолжителниот знак, па решил да дејствува.

Во возилото нашол две весели патнички кои се упатиле - сосема неочекувано - на годишниот фестивал на НЛО во Розвел.

„Не секој ден запирате НЛО во сообраќајот. Патниците се пуштени без казна, со предупредување“, соопштија од полицијата.

Се додава дека возачот бил предупреден да го почитува ограничувањето на брзината на меѓудржавен пат, пренесува UPI.com.

„Да не се користи брзина на светлината“, се вели со шеговит тон.

Хезболах почна со одмазнички напад: Истрелавме над 200 ракети кон Израел

Милитантната група Хезболах објави дека истрелала 200 ракети врз Израел во еден од најголемите напади до сега.

Група поддржана од Иран објави дека извршила напад врз 10 израелски воени локации користејќи „ескадрила беспилотни летала“, пишува Sky News.

Израелската војска соопшти дека „многубројни проектили и сомнителни воздушни цели“ влегле на нејзина територија, од кои многу биле пресретнати. Израелската служба за итни случаи соопшти дека нема пријавени жртви. Се верува дека денешниот напад е одмазда за убиството на еден од високите команданти на Хезболах.

Израелската армија вчера соопшти дека во вторникот го убила Мохамад Нааме Насер, кој бил шеф на една од трите регионални дивизии на Хезболах во јужен Либан. Насер беше убиен во воздушен напад во близина на крајбрежниот град Тир во јужен Либан.

Тензиите на границата меѓу Израел и Либан ескалираа во последните денови. Соединетите Американски Држави и Франција вложуваат огромни напори да спречат конфликтот да ескалира во сеопфатна војна што може да се прелее на целиот регион.

Тензиите меѓу Израел и Либан избувнаа веднаш по избувнувањето на војната во Газа. Хезболах вели дека го напаѓа Израел во знак на солидарност со Хамас, друг сојузник на Иран. Десетици илјади луѓе од двете страни на границата се раселени поради борбите.

Во северен Израел загинаа 16 војници и 11 цивили. Во Либан загинаа повеќе од 450 луѓе, главно борци, но и некои цивили. Денешниот напад доаѓа додека израелската влада разговара за договор за фазен прекин на огнот во Газа.

САД стојат зад планот кој бара Хамас да ги ослободи сите заложници во замена за траен прекин на огнот и повлекување на израелските сили од Газа. Сепак, досега се чини дека ниту една од страните не го прифати целосно планот.

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Канада, јавува EMSC.

Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на 242 километри југозападно од езерото Вернон, на длабочина од 10 километри.

Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или жртви.

притисни ентер