3Јакимовски три недели бил на лекување во приватна болница, по третманот повторно е во затворот Скопје
АвтомобилизамPolestar Precept- електронската иднина на Шведска (ВИДЕО)Полестар е концепт од кој ќе се раѓаат идните модели на електрични автомобили .Швеѓаните претставија уште една новина што требаше да ја запознаеме на откажаниот Саем за автомобили во Женева и сега има виртуелна премиера. И додека Polestar 2 штотуку започна со производство, Precept е само најавување на идните модели, но и демонстрација на современите технологии кои им се достапни на кинеско-шведскиот конзорциум. „Концептот ја покажува нашата иднина. Тоа не е некој ексклузивен сон или нешто од научно-фантастичен филм. Реалност е што доаѓа“, рече првиот човек на компанијата Томас Ингенлат. И тука Полестар претставува достигнувања во три области: одржливост, дигитална технологија и, се разбира, дизајн. И приказната за одржливост најдобро ја опишува ентериерот, изработен скоро целосно од рециклирани материјали. Така, тапацирот е создаден со рециклирање на пластични шишиња, додека плута-стоперите беа користени и за елементите на седиштата. Севкупно, учеството на пластика е намалено за 80%, а отпадот е зголемен за дури 50%. А, она што возачот го чека е рафиниран систем за инфозабава на Android од производниот модел. Комбинацијата на двата екрани, со дијагонала од 15 и 9 инчи, се грижи за целокупната комуникација со системите во автомобилите. Исто така, специјалните сензори го следат однесувањето на сите патници, прилагодувајќи го целокупниот ентериер на возилото, вклучително и контрастот на гореспоменатите екрани. Авангардниот Прецепт е монтиран на 22-инчни тркала и единствената врска со Volvo се фаровите. Системот за отворање на влезната врата го олеснува влегувањето и излегувањето од кабината, а LED маркерите на држачот го сигнализираат полнењето на батеријата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјаниКобен ден за семејство од Македонија- во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и камионна автопат во Словенија загинаа тројца, од кои две деца и нивната баба, а нивните родители се тешко повредени.Неофицијално, според информациите на Канал 5 се работи за четиригодишно и 11 годишно дете, а жената имала 74 години, родум од Центар Жупа, а живееле во Равена, Италија. Тие починале на самото место, а за 33-годишната мајка која имала тешки повреди бил ангажиран хеликоптер за транспорт до клиника. Таткото, пак,кој го возел автомобилот, бил пренесен со амбулатно возило. Дека се работи за македонски државјани потврдија од македонското МНР, од каде соопштија дека амбасадата во Љубљана е во комуникација со тамошните институции за понатамошниот тек на постапката. За несреќата има детали и во билтенот на словенечката полиција. - На 27 август околу 16:30 полицијата била известена за сериозна сообраќајна несреќа на автопатот, помеѓу Унец и Равбаркоманда. Учествувале камион и патничко возило. На местото на настанот веднаш биле испратени неколку полициски патроли и пожарникари. Товарното возило поради дефект останало за прено на лента за застанување. Возачот на патничкиот автомобил удрил во задниот дел од приколката. Во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекар на местото на несреќата констатирал смрт на три лица.-МВР на Р. Словенија Словенечките медиуми споделуваат и детали како настанала трагедијата. Наводно камионџијата бил 64 годишен маж од Босна и Херцеговина и бил надвор од возилото па затоа не е меѓу повредените. Семејството се возело со Ауди А4 управувано од 39 годишниот маж, кој прво удрил во заштитната ограда, а потоа во камионот. Причината на судирот засега е непозната. Километарските колони создале проблеми и за екипата на итната помош, која едвај пристигнала до местото на настанот. Според медумите имало и такви возачи кои не создале услови за коридор на брз проток на албулантното возило, а не ги почитувале ниту насоките од полицијата да не излегуваат од возилата. Од моментот на судирот од попладне до полноќ автопатската делница накај Копер била затворена поради увидот на истражните органи и возилата биле пренасочувани кон Логатец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаФилипче: Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваатЛидерот на СДСМ, Венко Филипче беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.На сите православни верници им го честитам овој голем празник и им посакувам добро здравје, мир, спокој и благосостојба. Со почит кон нашата традиција, да се потсетиме на вредностите што нè обединуваат – љубовта, добрината, солидарноста и грижата еден за друг. , напиша Филипче на Фејсбук.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЈакимовски три недели бил на лекување во приватна болница, по третманот повторно е во затворот СкопјеЛидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, кој на 15-ти јули почна со отслужување на затворската казна, три недели бил на лекување во приватна болница.Информацијата за Канал 5 ја потврди директорот на затворот, Бобан Утковски, без да открие детали за дијагнозата или конкретната здравствена состојба на Јакимовски, поради доверливост на медицинските податоци. Утковски појаснува дека Јакимовски на петти август се пожалил на здравствени тегоби, по што му бил овозможен медицински третман и здравствена грижа во приватна болница. Јакимовски таму останал три недели и пред два дена бил вратен во затворот во Скопје. Екс градоначалникот на Карпош беше правосилно осуден на една година затвор за незаконска изградба на општинската зграда во Карпош, а во затворската казна му се пресметани и петте месеци што ги помина во куќен притвор.Тагови: Стевче Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40