3НЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона
ЖивотПоларните мечки користат „гени за брзо препишување на својата ДНК“ за да го преживеат топењето на глечерите Температурниот стрес предизвикан од климатските промени предизвикува генетски мутации кај поларните мечки на југот на Гренланд. Ова е еден од начините на кои овие животни се справуваат со променливата клима.Светските нивоа на морскиот мраз паднаа на рекордно ниско ниво, а загревањето на планетата го подигна нивото на морето. Овие промени ги загрозуваат поларните мечки, кои живеат и ловат на сè помали ледени површини. Но и покрај таквите услови за живот, група поларни мечки на југот на Гренланд се обидува да се прилагоди на тешките услови за живот. Според истражувачите, таквите климатски промени се тесно поврзани со промените во ДНК на мечките. Научен труд објавен во списанието „Мобајл ДНА“ (Mobile DNA) покажува дека уникатна група поларни мечки во најтоплиот дел на Гренланд користи „скокачки гени“ за брзо „препишување“ на својата ДНК, што може да се покаже како начин за преживување пред топењето на морскиот мраз, изјави одговорната истражувачка Алис Годен, постара научна соработничка на Универзитетот Англија во Велика Британија. Авторите на студијата тврдат дека ваквите гени веројатно им помагаат на поларните мечки да се прилагодат на климатските промени. Студија ја истражува изолираната популација поларни мечки на југот на Гренланд, која била помалку зависна од морскиот мраз. Групата се одвоила од заедницата мечки на северот пред околу 200 години, па нивната ДНК се разликува од северните мечки. Истражувачите анализирале ДНК од 17 возрасни поларни мечки на Гренланд – 12 од постудениот североисток и пет од групата на потоплиот југоисток. Тие ја споредиле активноста на гените во двете популации и ја поврзале со климатските промени Така, кај мечките од југоисток се забележани промени на гените поврзани со топлотен стрес, стареење, метаболизам и обработка на масти, што е важно кога храната е ограничена. Тоа навестува дека мечките „можеби се прилагодуваат на потоплите услови“, според студијата. - Споредувајќи ги активните гени на овие мечки со локалните климатски податоци, откривме дека растечките температури доведуваат до драматично зголемување на активноста на „скокачките гени“ во ДНК на мечките од југосточен Гренланд. Различните групи мечки го менуваат различните делови од својата ДНК со различна брзина, и дека оваа активност е поврзана со нивната специфична околина и клима, вели Годен. И покрај потенцијалната способност на мечките да се прилагодат на потопла клима и помалку мраз, Годен предупредува дека климатските промени остануваат реална закана.Тагови: гените поларни мечки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетворица пингопонгари ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенствоГрупната фаза на програмата на 15-ти Јуни, четворица наши ќе ги бранат боите на Македонија на Европското младинско првенство.Мартин Ристески и Бојана Јовевска во категоријата до 15 години и Александар Јакимовски и Софија Хасану до 19 години ги играат првите натпревари на 15-ти Јули од 10 часот. Во категоријата до 15 години Мартин Ристески се сретнува со Матејус Адамонис од Литванија. Бојана Јовевска ќе игра против Солек Натиа од Полска Во категоријата до 19 години настапуваат Софија Хасану против Ковалова Дариа од Украина, а Александар Јакимовски ќе ги одмери силите со Дусине Нејтан од Франција. Европското пинг-понг првенство се одржува во Гондомар, Португалија, од 10 до 19 Јули. Пинг-понгарска федерација на МакедонијаТагови: пинг понг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево Кривична пријава против поранешен директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево поради „злоупотреба на службената положба и овластување“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице - директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и овластување со пречекорување на границите на своите службени овластувања, при што во периодот од 2023 до 2025 година, на вкупно 112 вработени во ЈКП „Брегалница“-Делчево им издал вкупно 92 решенија за зголемување на основната плата поради работна успешност, при тоа без да има предлози од непосреден раководител на работникот и без согласност на непосреден раководител на работникот, со што постапил спротивно на член 51 ст.1 од Колективниот договор за комуналните дејности и спротивно на член 81 ст.2 од Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите од работниот однос на работниците од ЈКП „Брегалница“- Делчево и предизвикал вкупна материјална штета на јавното претпријатие од 267.873 денари.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезонаНЛБ Банка и „Прагма Продукција“ денеска го официјализираа партнерството за претстојната летна концертна сезона.На заедничка прес-конференција ги најавија музичките настани што ќе ја одбележат летната програма, како и ексклузивните поволности што ќе бидат достапни за клиентите на НЛБ Банка, со посебен акцент на пакетот **nlb next**, наменет за младите. На прес-конференцијата присуствуваа и членовите на дуото „Дупер“ и Слаткаристика, кои ги најавија претстојните настапи и ја поздравија иницијативата за поддршка на домашната музичка сцена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook