ЖивотПоларна светлина на ноќното небо над Украина и РусијаПодрачја на Украина и Русија синоќа беа осветлени од поларната светлина - од доста силни зелени, црвени, портокалови и виолетови бои - можеби највпечатливи последниве години, поради поголемата активност и емисии на честици од Сонцето. Снимки од тој феномен беа објавени на интернет и во руските медиуми. „Аурора бореалис“ во текот на ноќта осветли делови од Сибир, Урал, југозападна Русија и Украина. Ренесансниот астроном Галилео Галилеј го смислил називот „Аурора бореалис“ во 1619 година, именувајќи го феноменот по римската божица на зората, Аурора и хеленскиот бог на северниот ветер, Вореус. Оваа појава се случува за време на геомагнетни бури, кога нарушувањата во магнетното поле на Земјата доведуваат до познатиот светлосен спектакл. Тој обично е највидлив во областите близу магнетните Северен и Јужен Пол на Земјата, поради што и се нарекува поларна светлина. При оваа појава, светлоста се создава кога наелектризираните честички од Сонцето продираат во атмосферата на Земјата и се судираат со молекули на гас што предизвикува фотони на светлина. Кислородот произведува зелено светло, а азотот - црвено. Списанието „Њу сајентист“ (New Scientist) во септември објави дека се очекува поларната светлина да биде посилна оваа година отколку најмалку едно десетлетие претходно, поради зголемената Сончева активност. сКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
АвтомобилизамКако настанала „коњската сила“?Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина. За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак. Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута. Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута. Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери. Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе. И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962. Извор: Б92Тагови: коњски сили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдбележани 82 години од ослободувањето на Ѓорче Петров - почит за хероите и сеќавање на историјатаСо свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември.Со свечена церемонија и положување цвеќе, денеска беше одбележана 82-годишнината од ослободувањето на Општина Ѓорче Петров -14 Ноември, ден кој претставува траен симбол на слободата, храброста и пожртвуваноста на генерациите кои се бореле за подобра иднина. На одбележувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателката на Советот Бранкица Дуковски, членовите на Советот, претставници на делегации, вработени во општината и бројни сограѓани, кои со положување цвеќе и минута молчење им оддадоа почит на борците и хероите кои ги положиле своите животи за слободата. Особена чест на настанот му даде присуството на 97-годишниот Јован Манчевски, единствениот жив борец од тој период и драгоцено живо сведоштво за историските настани. Со своето обраќање, тој сподели спомени и сведоштва за времето на борбата и ослободувањето, потсетувајќи на храброста, жртвата и решителноста на генерациите кои ја извојувале слободата. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во своето обраќање истакна дека 14 Ноември не е само историски датум, туку и потсетник за одговорноста што секоја генерација ја има кон својата заедница и иднината. -Денес, кога се поклонуваме пред споменот на борците и хероите, ја изразуваме нашата длабока почит кон нивната храброст и жртва. Тие ни ја оставија слободата како највредно наследство, а наша должност е тоа наследство да го чуваме и да го надградуваме. Денес, нашата борба е поинаква - таа е борба за подобри услови за живот, современа инфраструктура, квалитетно образование, безбедни населби и еднакви можности за сите граѓани. Наша заедничка цел е да ја градиме Општина Ѓорче Петров во општина во која младите ќе ја гледаат својата иднина, семејствата ќе се чувствуваат сигурно, а секој граѓанин ќе биде почитуван - истакна Стојкоски. Тој посочи дека вистинската вредност на локалната самоуправа не се мери само преку реализираните проекти, туку и преку довербата, одговорноста и грижата за граѓаните. Одбележувањето на 14 Ноември е потсетник дека слободата не се подразбира, дека историското наследство треба да се чува, а иднината да се гради со работа, единство и одговорност.Тагови: Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во валандовско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лицеНа 12.11.2026 во село Казандол, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ш.Е.(43) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Blow“ калибар 9 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00