3Манасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интереси
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ЖивотПоларна мечка се нафрли врз жена, мажот скокна да ја одбрани – драма во КанадаЧовек кој скокна на поларна мечка за да ја заштити својата сопруга од напад во Канада, се опоравува од сериозните повреди, соопштија локалните власти оваа недела.Полицајците реагирале во станбен комплекс во Онтарио по пријава за пукање и на местото на настанот пронашле мртва поларна мечка. Пред пристигнувањето, соопшти полицијата во официјалниот извештај, добиени се и извештаи за можни видени мечки во истата област, пренесува USA Today. Пристигнувајќи на местото на настанот, полицајците дознале дека сопружниците излегле од куќата во 5 часот наутро за да ги бараат своите кучиња. Додека биле на патеката пред куќата, поларната мечка ја нападнала сопругата, се вели во соопштението. „Жената паднала на земја додека нејзиниот сопруг скокнал врз животното за да го спречи нападот“, напишале полициските службеници во извештајот. Мечката потоа го нападнала сопругот, соопшти полицијата, нанесувајќи му сериозни, но не опасни по живот повреди на рацете и нозете. За време на нападот, сосед притрчал со огнено оружје и неколкупати пукал во мечката. Мечката се повлекла во блиската шума, каде што починала од повредите. Мажот бил пренесен на лекување во локалниот медицински центар. Според полицискиот извештај се очекува тој да закрепне. По нападот, полицијата патролирала во областа за да се увери дека во близина нема други поларни мечки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаМОН-УНИЦЕФ: Модернизирано средното стручно образование со СТЕМ вештини за професиите на иднинатаСо почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва година средно стручно образование ќе станат првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми.Со почетокот на новата учебна година, околу 10.800 ученици запишани во прва година средно стручно образование ќе станат првата генерација што ќе учи според модернизирани наставни програми кои интегрираат СТЕМ-компетенции вклучувајќи зелени и дигитални аспекти во сите струки. Со обука на 569 наставници, изготвени нови ресурси за учење и зајакната соработка со приватниот сектор, оваа реформа ќе им помогне на учениците да применуваат одржливи практики на идните работни места и да одговорат на предизвиците поврзани со климатските промени, кои сè повеќе влијаат врз секој сектор од економијата. „Реформата доаѓа во време кога стручното образование станува сè попривлечно за младите луѓе. Денешните ученици ќе влезат на пазар на труд којшто се менува под влијание на технолошките промени, зелената транзиција и новите начини на работа. Со модернизирањето на стручното образование, им помагаме на младите да ги стекнат вештините неопходни за успех, а истовремено на компаниите им овозможуваме пристап до кадар подготвен да придонесе за раст, иновации и одржување на конкурентноста“, изјави Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Иако овие вештини се особено важни во сектори како што се обновливите извори на енергија, одржливото градење и зелените технологии, транзицијата кон зелена економија ги менува работните места во речиси сите сектори. Учениците од економските струки ќе учат за моделите на зелени бизниси и одржливи иновации, додека пак учениците од угостителско - туристичките струки ќе учат како да го намалат отпадот од храна и да применуваат одржливи практики. Реформата е насочена кон надминување на јазот којшто постои меѓу еколошките амбиции на младите и нивното знаење и вештини во областа на животната средина. Предводена од Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование, реформата ги вградува СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните аспект во стручното образование. УНИЦЕФ обезбеди техничка поддршка со финансиски средства од Владата на Шведска и компанијата „Нелт“. „Подготовката на децата и младите за иднината бара преиспитување на тоа кои вештини се важни во целиот образовен систем. Со вклучувањето на СТЕМ вештините кои вклучуваат зелените и дигиталните компетенциит во стручното образование, Македонија помага да се обезбеди секој ученик да биде подготвен за успех во економијата и климата што се менуваат“, изјави Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ. Новите наставни програми им помагаат на учениците да развијат не само техничко знаење, туку и вештини за решавање проблеми, иновации и прилагодливост, со што ќе дадат значителен придонес во исполнувањето на целите од Стратегијата за образование 2026–2032 година и на Реформската агенда на Северна Македонија 2024–2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаЈанчев: Средба со делегација од ИзраелСредба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел.Градоначалникот Митко Јанчев, денес оствари официјална средба со делегација од Министерството за регионална соработка на Државата Израел, која престојува во Македонија предводена од г-дин Гилат Шадмон генерален директор на Министерството за регионална соработка на Израел. На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на институционалната и регионалната соработка, со посебен фокус на иновациите, претприемништвото, технолошкиот развој и размената на искуства и добри практики. Посетата има за цел да отвори можности за идни партнерства и конкретна соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, стартапите и другите релевантни чинители од двете земји. Кавадарци останува отворен за нови меѓународни партнерства и иницијативи кои создаваат можности за развој, инвестиции и размена на знаења и искуства, објави на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, денес нивните кадри ги штитат нивните интересиСДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството, a денес нивните кадри ги штитат нивните блиски и нивните интереси.Дозволете да потсетам на дел од нив, лица кои се блиски до структурите на СДС. Весна Дамева, која беше претседател на Судскиот совет, била член на партиската комисија на СДС. Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда стана Уставен судија, а денес продолжува да работи во интерес на СДС, односно грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување на пензиите од 7000 денари. Наќе Георгиев, токму во периодот на власта на СДС, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет. И секако, да не ја заборавиме, Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април и стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ. Почитувани граѓани, Ова се луѓето кои СДС и ДУИ со години ги поставуваа, унапредуваа и носеа на највисоките позиции во правосудството. Токму ова е доказот дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ, имаат име и презиме. Македонија мора да стави крај на правосудство предводено од СДС и ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook