Пол Руд е најголем инфлуенсер за нега на кожата- сите ги интересира тајната на неговиот изглед - Канал 5

Пол Руд е најголем инфлуенсер за нега на кожата- сите ги интересира тајната на неговиот изглед

Актерот Пол Руд, кој го глумеше Мајк во серијата „Пријатели“, многумина често го прашуваат која е тајната на неговиот младешки изглед.

Пол Руд е најголем инфлуенсер за нега на кожата- сите ги интересира тајната на неговиот изглед

Оние кои го паметат од серијата може да забележат дека актерот речиси не се променил во последните 20 години што се однесува до изгледот. Неодамна изјави дека изгледа добро бидејќи спие минимум осум часа дневно.

„Луѓето ќе постават аларм, ќе спијат четири часа и ќе станат да тренираат. Тие си прават лоша услуга. Ако успеете да спиете осум часа, тогаш сте направиле сè. “, изјави 53-годишникот, кого People го прогласи за најзгоден маж во 2021 година.

Сега доаѓа уште една потврда дека Пол посветува многу внимание на својот изглед и здравјето на кожата. Според Premium Beauty News, е-продавницата за нега на кожа за мажи Humanery истражувала кој врвен инфлуенсер за кожа користи анализа на податоците на Google. Погодувате, титулата најдобар скин инфлуенсер му припаднала на Пол Руд, кој следниот месец ќе наполни 54 години.

Покрај него е Хари Стајлс, 29-годишен пејач. Руд, кој е речиси 25 години постар од Хари, ги следи трендовите за нега на кожата. Истражувањето се заснова на медиумските написи во кои се спомнуваат познатите мажи кои ѝ „пркосат на возраста“ и најжешките познати личности.

Имињата потоа се анализирани во Планер за клучни зборови на Google за да се утврди чие име најчесто се барало за „нега на кожата“. Во изминатата година, завршувајќи со февруари 2023 година, имало 8.400 пребарувања за нега на кожата на Пол. Хари Стајлс имал речиси ист број на пребарувања.

На листата се најдоа и Идрис Елба, Дејвид Бекам, Кристијано Роналдо, Џон Леџенд и Бред Пит, со голема разлика во однос на првите двајца мажи. Заклучокот од ова истражување е дека возраста не е пресудна бидејќи на листата има мажи од различни генерации.

„Излегува дека не постои ниту еден претпочитан тип на влијание на кожата. Ако толку многу различни познати личности им помагаат на повеќе мажи подобро да се грижат за својата кожа - ние сме на вистинскиот пат“, пишува Humanery. Исто така, „нега на машка кожа“ забележал огромен пораст на пребарувањата во последните три месеци, при што пребарувањето на Google за терминот скокнало за 124 проценти.

За потсетување, Пол Руд беше прогласен за најсекси маж во 2021 година од магазинот People. И самиот бил изненаден од таа титула. „Знам дека луѓето ќе се изненадат кога ќе слушнат дека ќе бидам прогласен за најсекси маж на светот“, изјави Руд за People. „Ова не е лажна скромност. Има толку многу луѓе кои треба да го добијат ова пред мене“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Големи изненадувања во Монтреал!

Шок по шок во Монтреал! Големи изненадувања го одбележаа второто коло на АТП Мастерс 1000 турнирот во Монтреал.

Големи изненадувања во Монтреал!

Мастерсот во Монтреал уште во второто кола остана без првиот и четвртиот ностле.

Првиот и четвртиот носител, Александар Зверев и Данил Медведев, се елиминирани од холандски тенисери, а натпреварувањето го заврши и Тејлор Фриц.

Третиот тенисер во светот, Александар Зверев, го одигра својот прв меч по поразот од Јаник Синер во финалето на Вимблдон, но веднаш го заврши своето учество во Канада. Германецот беше поразен од Талон Грикспор со резултат 6:7 (3:7), 6:2, 6:4.

Холанѓанецот, кој моментално е 69-ти на АТП-листата, пристигна во Канада со само една победа од претходните осум меча на АТП-турнејата, но успеа да ја забележи својата трета победа во кариерата против Зверев.

Престојот во Канада заврши и за четвртиот носител, Данил Медведев.

Рускиот тенисер во 2 коло загуби од Ботик ван де Зандшулп со 6:3, 7:6 (7:5), со што Холанѓанецот ја оствари својата прва победа во нивните меѓусебни дуели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачи

Мицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите.

СДСМ: Мицкоски повеќе не може да се брани со лаги - сега праќа тепачи

Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС.

Народот ги прочита.

Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда.

Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ - Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други).

Се увезува лиценца за Еуроњуз што треба да ја води Ивона Талевска.

Целата мрежа под команда на „Началникот“ Латас - човек поврзан со српските служби. Треба да почнат во септември.

Целта е јасна: медиумски мрак по модел на Вучиќ.

А додека мрежата уште не е целосно активирана, веќе ја презеде и техниката на Вучиќ на напад и тепање на неистомисленици кои сакаат да се слушне нивниот глас.

Во Србија удираат по неистомисленици, повеќе од една година.

Кај нас почна од вчера вечерта.

Синоќа во Ново Село беа нападнати млади активисти на СДСМ.

Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.

Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе.

Еден од нив е возачот градоначалникот на Струмица, извесен Наско Димитриев.

Ова не смее да остане неказнето.

Мицкоски ја премина секоја граница.

Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат.

Уште денеска да ги идентификуваат напаѓачите и да ги лишат од слобода.

Сите до еден.

Нема да дозволиме и ова да помине неказнето.

Фашистички методи нема да дозволиме. Доволно е што Латас спроведува Гебелсови техники во медиумите, нема да дозволиме тоа да се случува и на улица.

Младите не се плашат.

Народот е буден.

А стравот веќе не им е сојузник!

Скопје, 06.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пациенти од онкологија ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија

Пациенти од Клиниката за онкологија и радиотерапија денеска ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија. 

Пациенти од онкологија ќе протестираат пред Министерството за здравство поради недостиг на терапија

Од Клиниката велат дека станува збор за краткотрајно доцнење и дека најголем дел од лековите веќе се испорачани.

Неколку пациентки денеска симболично ќе излезат пред Министерството за повторно да предупредат на честите прекини во снабдувањето со потребните лекови. Од клиниката, пак, соопштија дека кај мал дел од препаратите од позитивната листа на Фондот за здравствено осигурување било евидентирано „краткотрајно доцнење во испораката“, кое го поврзуваат со повеќе фактори – зголемена потрошувачка, поголем број пациенти, периодот меѓу две јавни набавки и делумен недостиг кај дистрибутерите.Најголемиот дел од потребните препарати веќе се обезбедени и доставени на клиниката, додека преостанатите количини се очекува да бидат достапни во текот на оваа недела“, соопштија од установата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер