Пол позицијата во Австралија за Хамилтон - Канал 5

Пол позицијата во Австралија за Хамилтон

Возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Австралија со која започнува новата сезона во шампионатот во Формула 1.

Пол позицијата во Австралија за Хамилтон
Хамилтон утрово во квалификациите го извозе најбрзиот круг со време 1:44.231 минута. За него ова е 32.та пол позиција во Ф1 кариерата.
Заедно со Британецот од првиот ред ќе тргне Даниеле Рикардо како дебитант во тимот на „Ред Бул“.

Од третата до десеттата позиција ќе тргнат:

3. Нико Розберг (Мерцедес),
4. Кевин Магнусен (Мекларен),
5. Фернандо Алонсо (Ферари),
6. Жан-Ерик Верњ (Торо Росо),
7. Ник Хулкенберг (Форс Индија),
8. Данил Квајт (Торо Росо),
9. Фелипе Маса (Вилијамс),
10. Валетр Борас (Вилијамс).

Актуелниот светски шампион Себастијан Фетел од тимот на „Ред Бул“ ќе тргне од 13.та стартна позиција.

Главната трка на патека „Алберт Парк“ ќе се вози утре со почеток во 7 часот по средноевропски време

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки.

Судски совет и Здружение на судии по одлуката на Уставен: Потребни се воздржаност и заштита на судската независност

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, но истовремено, значајно е да се почитуваат уставно загарантираната самостојност на судовите и законски уредениот тек на судските постапки – реагираат од Судскиот совет и Здружението на судии за пријавата на Уставниот суд против судија од Основниот граѓански суд Скопје за непочитување на нивна конкретна одлука..Во заедничкото соопштение, се потенцира неправосилноста на решението на судијата, против кое е поднесено и жалба по која сега треба да одлучува Апелација.

-Постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд. Во такви околности, Судскиот совет и Здружението на судиите сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет,- -Заедничко соопштение на Судски совет и Здружение на судии.

Како што додаваат, без оглед на уставната положба, ниту еден орган не може да определува или однапред да прејудицира каква одлука треба да биде донесена од судот.

Канал 5 го контактираше Претседателот на Уставниот суд - Дарко Костадиновски, за став по реакциите кои деновиве ја разбрануваа правната фела отворајќи ги дилемите - дали во овој случај, Уставниот суд ги пречекорил неговите надлежности, дополнително создавајќи потенцијален притисок врз судската независност и автономија.

Костадиновски не одговори конкретно на досегашните дилеми но изјави дека ќе го разгледа заедничкото соопштение на Судскиот совет и Здружението на судии и како што рече, доколку има потреба, Уставниот суд ќе излезе со свој став. Претходно, при активација на механизмот за заштита на сопствените одлуки што се случи прв пат во 63 години уставно судство во државава, Костадиновски за Канал 5 посочи дека со конкретната одлука, се оди кон поголема уставна дисциплина, бидејќи како што рече, доколку не се почитуваат и извршуваат одлуките на Уставниот суд, се губи и смислата на постоењето на уставното судство.

Предметот по кој Уставниот суд одлучуваше се однесува на повреда на слободата на јавно изразување на новинарка во настаните во Собранието од 2017та година, а судијата од Основниот граѓански суд Скопје, повикувајќи се на Законот за парнична постапка, навел дека Одлука на Уставниот суд не може да биде основ за повторување на постапката како нов факт или доказ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел – дискусија за меѓуврсничко насилство – загрижува зголемената бруталност во случаите

Обемот на врсничко насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи, порача министерката за образование Весна Јаневска, на панел-дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“,.

Панел – дискусија за меѓуврсничко насилство – загрижува зголемената бруталност во случаите

Обемот на врсничко насилството не расте, но загрижува фактот што расте бруталноста во дел од пријавените случаи, порача министерката за образование Весна Јаневска, на панел-дискусија на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам“, организирана во Охрид по повод утрешниот Меѓународен ден на младите – 12 Август. Во последните три учебни години, како што кажа, се регистрааат просечно по околу 50 случаи во училиштата.

-Анализите покажуваат дека една од главните причини за врсничкото насилство е семејното насилство, како и недостигот од соодветна грижа за децата во дел од семејствата. Затоа, заедно со МВР, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Комората на психолози, неодамна започнавме иницијатива за надградба на компетенциите на училишните психолози и наставници за препознавање семејно насилство и занемарување преку однесувањето на децата и спречување на нивна понатамошна трансформација во насилство насочено кон врсниците,- - Весна Јаневска- министерка за образование и наука.

Претседателката Сиљановска- Давкова предупреди дека постојаната изложеност на насилство преку медиумите, филмовите и социјалните мрежи го менува начинот на кој тоа се доживува во реалноста.

-Јас понекогаш велам дека можеби ние возрасните, само заради таа фраза „на младите им припаѓа иднината“, ја осиромашуваме сегашноста. Земете ја сегашноста, ако сакате да влијаете врз иднината. Затоа вклучувањето во процесот на одлучување на младите, не само во Собранието, на сите нивоа, во училиштата, е важно,- - Гордана Сиљановска Давкова- Претседател на Македонија.

На средбата во вилата „Билјана“ во која учествуваа младински активисти, ученици, психолози и експерти беше нагласено дека се зајакнуваат и стручните служби преку ангажирање кадар таму каде што недостигал, а се вратени и дежурствата на наставниците за време на одморите во ходниците и училишните дворови, наместо оваа обврска да ја извршуваат ученици.

Во собраниска процедура се и законски измени со кои се предвидуваат парични казни од 250 евра за родителите и старателите на децата за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиштето, но и за родителите кои одбиваат да соработуваат со училишните служби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превозниците од Балканот на координација во Скопје – ако нема решение до 1 септември, повторно на протести

Сакаме решение на проблемот а не протест – превозниците од Западен Балкан едногласни откако и по неколку месеци од воведувањето на новиот ЕЕС систем.

Превозниците од Балканот на координација во Скопје – ако нема решение до 1 септември, повторно на протести

Сакаме решение на проблемот а не протест – превозниците од Западен Балкан едногласни откако и по неколку месеци од воведувањето на новиот ЕЕС систем – професионалните возачи и натаму се соочуваат со проблеми при влез во земјите од Шенген зоната. Преку писмо до ЕУ бараат оние 90 во последните 180 дена да им се бројат во часови. Очекуваат привремено решение да биде донесено на состоанкот во рамки на ЕУ кој би требало да се одржи на 1 септември на кој ќе се разговара за визната стратегија на ЕУ, во спортивно велат иако несакаат ќе бидат проморени на нови протести и евентуални блокади на граничните премини....

„Ние буквално остануваме без работа ако немаме возачи камионите ќе ни стојат, за да не случи вие како потрошувачи, граѓани да останете без продукти во продавниците, ни е еве да речеме вака нај ние ќе се жртвуваме и ќе застанеме на граничните премини или околу амбасадите на ЕУ и на други делови каде има странски инвеститори. Ако една држава нема сопствен превоз не можеме да зборуваме за раст и развој не економијата... “- Билјана Муратовска – МАКАМТРАНС.

„Ако дојде до протести, минатите протести ги прекинавме поради ветување, овој пат ако излеземе на границите нема да се повлечеме се додека нема конкретно решение односно додека да има имплементација на решението...“ - Џорџе Лешњак - Здружение на превозници на Црна Гора.

„Ние сме веќе во протест, во нашите фирми веќе има протести, тие не се видливи, затоа што 50 % од нашите возачи не сакаат да возат тури. Тие доаѓаат во фирмата, не сакаат да одат на товарење или ако отидат велат нека вози кој сака. Јас не сакам на граница бидејќи никој не ми гарантира дека нема да бидам депортиран, вратен, дека нема да добијам забрана, јас не го сакам тоа...“ - Неџо Мандиќ – претседател на Меѓународното транспортно бизнис здружение Белград .

На ниво на Македонија со овој проблем според здружението засегнати се околу 17 илјади, додека на ниво на Западен Блакан над 100 илјади професионални возачи. Претставниците на превозниците велат доколу останат без работа штетата ќе биде огромна не само за самите возачи и компании туку и за економијата на секоја земја...

Во јануари годинава, превозниците од МАкедонија, Србија, БОсна и Херцеговина, Грна Гора, ги паркираа своите камиони и ги блокаираа граничните премини. Македонските превозници протситраа 4 дена, а протестот беше прекинат со ветување дека надлежните во земјава че се вклучат во решеавање на проблемот, но засега како што велат превозниците трајно решение нема...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер