Пол-позицијата во Абу Даби за Розберг - Канал 5

Пол-позицијата во Абу Даби за Розберг

Возачот на Мерцедес, Нико Розберг, ќе стартува од пол позицијата на последната трка во Формула 1 шампионатот за оваа година, што утре ќе се вози во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.

Пол-позицијата во Абу Даби за Розберг
Германецот извозе најбрз круг во денешните квалификации со време 1:40.237 минути.

За Розберг ова е шеста пол позиција по ред и вкупно седма оваа сезона.

Од првиот стартен ред, до Розберг ќе тргне неговиот клупски колега Луис Хамилтон, кој зад клупскиот колега доцнеше повеќе од три десетинки.

Вториот ред на главната трка ќе го сочинуваат Кими Раиконен од Ферари и Серхио Перез од Форс Индија.

Од петтата до десеттата стартна позиција се пласираа: Даниел Рикардо (Ред Бул), Валтери Ботас (Вилијамс), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Фелипе Маса (Вилијамс), Данил Квјат (Ред Бул) и Карлос Саинц (Торо Росо).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Кралот Џејмс“ се збогуваше со Лејкерси

Еден од најдобрите светски кошаркари во историјата, 42 годишниот Леброн Џејмс одлучи да го напушти тимот на ЛА Лејкерс по осум години. 

„Кралот Џејмс“ се збогуваше со Лејкерси

Четирикратниот НБА-шампион и најдобар стрелец во историјата на лигата, Леброн Џејмс, го заврши своето поглавје во Лос Анџелес Лејкерс по осум сезони поминати во дресот на славниот клуб.

Џејмс остави длабока трага во Лејкерс, а врвот беше достигнат во 2020 година, кога го предводеше тимот до шампионската титула во специфичните услови на „балон“ за време на пандемијата на коронавирусот.

Пред да дојде во Лос Анџелес, тој го носеше дресот на Кливленд Кавалирс два мандата, додека играше и за Мајами Хит четири сезони, каде што освои и титули во НБА и изгради статус на една од најголемите ѕвезди во историјата на кошарката.

Клубот од Лос Анџелес набрзо излезе и му се заблагодари на својот долгогодишен лидер, истакнувајќи го неговиот огромен придонес, шампионската титула и влијанието врз генерации навивачи, со порака дека неговото име засекогаш ќе остане дел од историјата на франшизата.

Откако беше објавено дека неговата ера со Лејкерси завршува, Леброн се огласи на социјалните мрежи со емотивна порака:

„Не, благодарам! Беше вистинска чест да го носам виолетово-златниот дрес и да се обидам да ја продолжам традицијата на величина и наследство на сите оние што дојдоа пред мене. Се надевам дека во текот на мојот мандат направив барем некои од навивачите горди.“

Заминувањето на Леброн означува крај на една од највлијателните епохи во модерната НБА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп пријавил приход од повеќе од 1,4 милијарди долари од вложувања во крипто-проекти

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година пријавил повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто-инвестиции на неговото семејство.

Трамп пријавил приход од повеќе од 1,4 милијарди долари од вложувања во крипто-проекти

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година пријавил повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто-инвестиции на неговото семејство, што покажува дека поголемиот дел од својот приход тој го остварува од дигитални валути кои имале корист од неговите политики.

Финансиските извештаи за минатата година поднесени до Канцеларијата за владина етика откриле дека неговите компании добиле речиси 800 милиони долари само од „Ворлд либерти фајненшл“, крипто-проект што американскиот претседател го започнал со своите синови.

Според американските медиуми, приходите од криптовалути биле убедливо најголемиот извор на заработка на претседателот.

Тие значително ги надминуваат 77-те милиони долари приходи од неговото одморалиште Мар-А-Лаго, како и 25-те милиони од неговиот голф-клуб во Северна Вирџинија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истата

Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери.

 Бојковска: Дигиталната трансформација продолжува со засилено темпо, секој еден граѓанин ќе има конкретна придобивка од истата

Надлежните во Владата, преку Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk им овозможиja на граѓаните да имаат услуги без шалтери, и да можат потребните документи да ги добијат на брз начин без чекање по институции, а развојот на порталот се гледа преку бројот на поднесени барања и бројот на услуги побарани од страна на граѓаните.

Владата работи на усогласување на домашната законодавна рамка со европските регулативи и директиви па така ,,Роаминг како дома“, ќе биде достапен за македонските граѓани кои ќе патуваат во земјите од ЕУ, по цени како дома, и така ќе можат да користат интернет, повици и СМС.

Приоритет е Реформската агенда, а во рамки на истата донесен е најголем пакет на закони во 2025 година, а истата тенденција продолжува и годинава.

Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот по спроведување на реформите, а ќе се донесат и останатите законски решенија кои се дел од Реформската агенда. Досега Македонија има добиено 31,7 милиони евра од Планот за раст во делот на дигиталната трансформација.

Оттука, бројот на центрите за услуги е зголемен од 5 од 2024 година до 16 годинава, за да државата биде поблиску до граѓаните на кои им е потребна поддршка.

Дополнително, со Националниот центар за вештачка интелигенција ,,Везилка“, најзначајниот приоритет е јазикот и културата, системски развој на македонските јазични модели и дигитална заштита на културното наследство.

Владата, универзитетите и индустријата пак градат систем за вештачка интелегенција, а Македонија станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелегенција, со што се работи на национален екосистем за одговорна и доверлива примена на вештачката интелегенција, применувајќи го нашиот јазик.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ како за време на овие две години, така и во наредниот период ќе работи да им овозможи на граѓаните полесен пристап, што значи брзо добивање на лични документи, а воедно со тоа ќе им се намалуваат и трошоците, а во иднина доследно ќе работиме на развивање на дигитализацијата, и нејзино вклучување во сите области.

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер