Пол позиција за Хамилтон во Монца - Канал 5

Пол позиција за Хамилтон во Монца

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Италија.

Пол позиција за Хамилтон во Монца
Хамилтон на денешните квалификации имаше најдобро време 1:21.135 минута. Втор резултат имаше неговиот клупски колега Нико Розберг, кој заостана околу половина секунда.

Хамилтон се избори за својата 56-та пол позиција во кариерата, а по петти пат ќе стартува од првата позиција во Монца, со што се изедначи со Хуан Мануел Фанџо и Аиртон Сена.

Зад двата болида на Мерцедес, беа двата болида на Ферари со Себастијан Фетел и Кими Раиконен, додека во третиот ред се најдоа Валтери Ботас и Даиел Рикардо.

Трката за Големата награда на Италија се вози утре со почеток во 14 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ

Ирска го презеде шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар.

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ

Во оваа пола година еден од главните приоритети на Унијата ќе биде буџетот за следниот седумгодишен период.

Ирска, членка на ЕУ од 1973 година, го презема претседателството со Советот по осми пат. Нејзината програма ги истакна економската конкурентност, безбедноста, проширувањето и континуираната поддршка за Украина како свои главни приоритети.

Европската комисија, предводена од претседателката Урсула фон дер Лајен, ќе биде во Корк, Ирска, во четврток и петок, како што е вообичаено на почетокот на секое ротирачко претседателство, кога членовите на Комисијата се среќаваат со членовите на владата на земјата што претседава.

Денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе присуствува на церемонија во Даблин по повод почетокот на претседателството и ќе разговара со ирскиот премиер Мајкл Мартин.

Ирска, како претседател, ќе игра клучна улога во преговорите за следната повеќегодишна финансиска рамка (MFF), што ќе биде клучно прашање во втората половина од годината.

Пред една недела на Самитот, лидерите на ЕУ ја задолжија Ирска да подготви нова рамка за преговори за износите на МФП и предлог за нови сопствени извори на финансирање за европскиот буџет до октомври.

Договор за структурата на идниот седумгодишен буџет веќе е постигнат, а сега останува најтешкиот дел - за големината на буџетот и износите за секоја категорија расходи.

Целта е да се постигне договор до крајот на годината, што, со оглед на различните позиции на земјите-членки, ќе биде многу тешко да се постигне.

Германија бара буџет за 400 милијарди евра помал.

Фактот дека Германија, најголемиот нето придонесувач во европскиот буџет, бара буџет за 400 милијарди евра помал од предлогот на Комисијата, кој предложи износ од два трилиони евра за програмскиот период од 2028 до 2034 година, исто така покажува колку се оддалечени позициите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски и Дачиќ на Табановце ќе ја промовираат кампањата „Вози одморен“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска  ќе го посети граничниот премин Табановце, каде заедно со министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ќе ја промовираат летната превентивна кампања „Вози одморен“.

Тошковски и Дачиќ на Табановце ќе ја промовираат кампањата „Вози одморен“

Настанот ќе започне во 11 часот и 30 минути и е дел од активностите насочени кон подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот за време на летната сезона, кога се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на граничните премини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Шефот на организираната криминална група- Христијан Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји.

СДСМ: Мицкоски го претстави стариот кабинет со нови фотелји

Нема резултати – има театар со реконструкција. Ова не е реформа на владата туку козметичка промена на истата криминална структура.

Некои министри се преместуваат, некои нови имиња доаѓаат на сцена, а клучните луѓе и клучните ресори остануваат исти“, велат од опозициската СДСМ.

Според нив „внатрешни работи, одбрана, финансии, надворешни работи, образование – сè во исти раце. Само се вртат столчиња за да се создаде впечаток дека нешто се менува. Ова е тактиката на Мицкоски: кога економијата е во колапс, кога буџетот е празен, кога нема пари ни за пензии, кога европскиот пат е блокиран – тогаш се прави „реконструкција“ за да се одвлече вниманието велат од опозициската партија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер