Покренато е обвинение против родителите на Коста К.- го обучувале вешто да ракува со оружје

Вишиот јавен обвинител Ненад Стефановиќ денеска на вонредно обраќање во белградската Палата на правдата соопшти дека е покренато обвинение против Владимир и Миљана Кецмановиќ.

Вишиот јавен обвинител Ненад Стефановиќ денеска на вонредно обраќање во белградската Палата на правдата соопшти дека е покренато обвинение против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Владимир Кецмановиќ е во притвор од 3 мај, кога неговиот син уби девет соученици и еден чувар. Мајката на момчето е на слобода. „Сакам да им се заблагодарам на сите државни органи кои беа вклучени во истрагата, како и на мојот тим кој посветено работеше деноноќно на овој случај за да имаме обвинение од 267 страници“, рече Стефановиќ.

„Сакам јавноста да знае како спроведовме опсежна истрага за околностите во кои 13-годишно дете го изврши најтешкото кривично дело во историјата на оваа земја. Истрагата ја водеа двајца јавни обвинители. Би сакал да ја искористам оваа можност да ја пофалам нивната посветеност“, додаде тој.

„Тој (таткото) е обвинет за тешко кривично дело против општата безбедност. Постои основано сомнение дека во периодот од една година пред трагедијата го обучувал својот син да ракува со огнено оружје и слична муниција, пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, со полна рамка и како да се стои и да се дише при користење на оружје“, нагласи Стефановиќ.

Тој изјавил дека Владимир Кецмановиќ наместо во метален сеф со клуч, чувал оружје со шест рамки и муниција во два пластични куфери за транспорт на оружје, пишува Телеграф.

„Оружјето и рамката биле со катанец и шифра, а другиот бил без катанец и во него имало муниција. Тој му дозволил на детето да добие два пиштоли со кои претходно го обучувал да пука во стрелачкиот клуб. Синот на обвинетиот го поседувал оружјето на 01.05.2023 година кога наполнил шест рамки со вкупно 92 куршуми. Тој на 3 мај го префрлил во чантата и го однел на училиште“, посочи тој.

Против мајката на момчето е поднесена кривична пријава за кривично дело недозволено изработување, тргување, држење и чување оружје и распрскувачки материи. Обвинителството тврди дека мајката неовластено ја поседувала муницијата, бидејќи на еден од куршумите во текот на истрагата била пронајдена нејзината ДНК.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер