Покажал како изгледа животот на Антарктикот и колку слоеви облека носи на минус 73 (ВИДЕО)

Тиктокерот Џеф Капс веќе некое време престојува на Јужниот пол.

Тој објави неколку видеа на социјалната мрежа и на своите следбеници им покажа како изгледа животот на едно од најстудените места на Земјата.

Во едно од видеата тој се снимал себеси како се обидува да истури пијалок од конзерва на Антарктикот, но она што се случило потоа го изненадило. Додека ја врти конзервата за да го истури пијалокот во чашата, течноста се замрзна и лименката остана во воздухот поврзана со замрзнатиот пијалок. Во описот на објавата напиша дека во тој момент на Јужниот пол бил -64 степени.

@thejeffcapps Trying to enjoy a soda at -64°C back in March #southpole #antarctica #antarctic #frozen #winteriscoming ♬ original sound - thejeffcapps

Многумина во коментарите напишаа како неговиот мобилен телефон воопшто работи со оглед на студот, но тој објасни дека уредот му се исклучува секоја минута. Во едно од претходните видеа, Џеф покажал дека носи неколку слоеви облека на толку ниски температури - мора да стави и капа, качулка, шал и многу дебели ракавици. Во времето кога се снимал, температурата на Антарктикот била минус 73 степени.

@thejeffcapps Here’s how we stay warm in some of the most extreme temperatures on Earth! #southpole #antarctica #antarctic #extremecold #extreme ♬ original sound - thejeffcapps

Неговите следбеници во коментарите пишуваат дека е навистина храбро да се снима на овој студ. Видеата на Џеф на TikTok собраа милиони прегледи.

@thejeffcapps Trying to enjoy a soda at -64°C back in March #southpole #antarctica #antarctic #frozen #winteriscoming ♬ original sound - thejeffcapps
@thejeffcapps How to get a tan at the South Pole #southpole #antarctica #antarctic #suntan ♬ original sound - thejeffcapps
@thejeffcapps The sun only rises once a year at the south pole. The weeks before sunrise are some of the most beautiful. #southpole #antarctica #antarctic #aurora #southernlights #asmr ♬ original sound - thejeffcapps

Имено, пред 13 години на Антарктикот е измерена температура од -93,2 °C, што во моментов е најниската измерена температура на Земјата.

Германскиот Парламент усвои предлог-закон со кој луѓето полесно ќе го менуваат името и полот

Германските пратеници денеска изгласаа закон со кој на трансродовите, интерсексуалните и небинарните лица ќе им биде полесно да го сменат името и полот на нивните официјални документи.

„Законот за самоопределување“ е една од неколкуте социјални реформи што ги вети либералната коалициска влада на канцеларот Олаф Шолц и ќе стапи во сила на 1 ноември. Во Долниот дом на Парламентот „за“ нацрт-законот гласаа 374 пратеници, „против“ беа 251 и 11 „воздржани“.

Усвоената законска регулатива ќе им овозможи на возрасните да го менуваат своето име и пол на документите во писарницата без дополнителни формалности. Тие ќе треба да ја известат канцеларијата три месеци пред промената.

Законот, кој моментално е во сила, бара лицата кои сакаат да го променат регистрираниот пол, прво да добијат оценки од двајца експерти „доволно запознаени со конкретните прашања на транссексуалноста“, а потоа судска одлука. Тој закон беше донесен пред околу 40 години, а германскиот Врховен суд оттогаш укина некои од неговите одредби со кои се бараше луѓето да се разведат, стерилизираат и да се подложат на операција за промена на полот.

Новото законодавство се фокусира на правниот идентитет на физичките лица. Не вклучува никакви промени во германските прописи за операциите за промена на полот.

Новите правила ќе им овозможат на малолетниците на возраст од 14 и повеќе години да го променат своето име и законскиот пол со одобрение на нивните родители или старатели. Доколку не се согласат, тинејџерите ќе можат да побараат од семеен суд да ја дозволи промената.

Во случај на деца помлади од 14 години, нивните родители или старатели ќе треба да поднесат барања до надлежните служби во нивно име.

Откако ќе стапи во сила официјалната промена на името и полот, нема да бидат дозволени други промени една година. /МИА

Извештај: Во регионов, во Србија има најмногу, а во Македонија најмалку жени - војници

Од армиите на земјите од поранешна Југославија и Албанија, најголем број жени меѓу професионалните војници работат во Војската на Србија, и сочинуваат вкупно 18 отсто од активните сили, објави денеска порталот Балканска безбедносна мрежа.

Како што се наведува во извештајот насловен „Жените во безбедносниот систем 2024“, кој го подготви Balkan Defense Monitor, на второ место по бројот на жени професионални војници во регионот е Црна Гора со 16 отсто, додека на трето место е Хрватска со 14 проценти од жените во армијата. Во извештајот се нагласува дека Хрватска е единствената земја која не посочила дали тоа се однесува на бројот на професионални војници или на бројот на жените во вооружените сили воопшто, без разлика на чин или статус.

Во вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ), жените сочинуваат 12 отсто од професионалните војници, додека во Албанија тој удел е 11 отсто. Армијата на Северна Македонија има најмалку жени професионални војници - близу шест проценти.

Иако воената служба во Србија е многу привлечна за жените, тие не се соодветно застапени во сите сегменти на армијата. Така, во Србија 12 отсто од офицерите се жени, додека нивниот број во подофицерскиот кор е само четири отсто.

Од друга страна, Албанија има најголем број жени подофицери и офицери во целиот регион. Жените во таа земја сочинуваат 21 отсто од офицерскиот кор и 13,5 отсто од подофицерскиот кор, а Албанија е единствената во регионот што го постигнала НАТО стандардот од 15 отсто жени во вкупниот број на вооружени сили.

Од 2018 година, највисокиот чин од сите жени во таа армија го има Манушаке Шеха, која како генерал-мајор е и првата жена заменик-началник на Генералштабот на Армијата на Албанија.

Вооружените сили на Босна и Херцеговина имаат осум отсто жени офицери и шест отсто жени подофицери, но позитивно поместување во насока на еманципација на понежниот пол е забележано минатата година кога првата жена пилот го заврши своето образование. Во прашање е поручник Драженка Паниќ, која образованието го завршила во Грција како најдобра во класата на странци и која ќе лета со хеликоптерот Газел.

Како што пренесува Бирн, Хрватска доставила збирни податоци според кои 14 отсто од вооружените сили се жени, без да прецизира колку во кој сегмент се. Но, познато е дека во последната генерација на дипломирани студенти на Воената академија, од 71 питомци, 22 биле жени. Од вкупниот број 417 студенти на Воената академија во Хрватска, 93 во моментов се жени.

Црна Гора има висок број на жени офицери - дури 17 проценти. Од друга страна, само шест отсто од подофицерите се жени во таа земја. Досега во Црна Гора ниту една жена не добила повисок чин од мајор, што не треба да чуди бидејќи се работи за армија со најмалку формациски места во регионот.

И Армијата на Северна Македонија има многу висок број на жени во офицерскиот кор - 20 проценти. Кај подофицерите има 13 проценти жени, а од вкупно 35 питомци примени на Воената академија, 14 од нив се девојки. Меѓутоа, како што се посочува во извештајот, проблемот во македонската војска е несоодветната етничка, а не родова застапеност во вооружените сили. Имено, некои критичари наведуваат дека бројот на Албанки во Армијата на Северна Македонија не ја отсликува целосно структурата на тоа општество, бидејќи само 1,6 отсто од инаку малиот број професионални војници се припаднички на албанската национална заедница.

Одредени етнички и верски проблеми постојат и во вооружените сили на Босна и Херцеговина, каде до неодамна на околу 270 Бошњачки им беше забрането да носат хиџаб кога се во униформа.

Откако професионалниот војник Емела Мујановиќ ги тужеше вооружените сили за дискриминација, министерот за одбрана Зукан Хелез предложи на жените-вернички во армијата да им се дозволи да носат шамии кои ќе бидат „од ист материјал и боја како униформата“.

Фото: АРМ

Во Унгарија отворена најголемата фабрика за зелен водород во регионот

Групацијата МОЛ ја отвори најголемата зелена водородна електрана во Централна и Источна Европа во Сасаломбата, Унгарија, со капацитет од 10 мегавати.

Инвестицијата од 22 милиони евра ќе го направи производството на гориво поодржливо бидејќи фабриката ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид од рафинеријата Дунав за 25.000 тони. Компанија ќе може да произведува 1.600 тони чист, јаглеродно неутрален зелен водород годишно, а со воведувањето на оваа технологија ќе отвори ново поглавје во економијата на водородот.

Производството во новата фабрика ќе почне во втората половина од годинава. И МОЛ првенствено ќе користи зелен водород во сопствената мрежа, при производство на гориво.

Предвидено е изградба на фабрики за зелен водород во Риека и во Братислава.

Новата технологија постепено ќе го замени производствениот процес базиран на природен гас, кој во моментов претставува една шестина од вкупните емисии на јаглерод диоксид на компанијата со седиште во Будимпешта, која е активна во повеќе од 30 земји.

- Групацијата МОЛ достигна уште една пресвртница: сега можеме да произведуваме зелен водород без да испуштаме стакленички гасови. Со оваа технологија, постигнуваме намалување на емисиите што е еквивалентно на отстранување на околу 5.500 возила од патот преку ноќ. Денес нашата нова фабрика за зелен водород ги прави индустриските операции на МОЛ позелени, но утре ќе понуди решенија за целата индустрија и мобилноста на водородот. По Сасаломбата, ќе ја пренесеме технологијата во другите две производствени единици со цел да го направиме процесот на производство на гориво поодржлив во сите рафинерии на Групацијата МОЛ, изјави извршниот директор на компанијата, Јожеф Молнар. /МИА

притисни ентер