БалканПогребани се жртвите од страшните поплави во Јабланица – БиХ и целиот регион во солзи (ФОТО)Балканот и денеска е обвиен со тага, бидејќи 19 лица кои загинаа на подрачјето на Јабланица како последица од поплавите и одроните што ја погодија Босна и Херцеговина на почетокот на овој месец се испратени во вечното почивалиште.Настраданите од невидените поплави се погребани на гробиштата во Доња Јабланица и населбите Џевор и Злате, пренесе Телеграф. Погребот е извршен за Ајла Бегиќ, Ернад Беговиќ, Хума Беговиќ, Рахима Беговиќ, Зејна Беговиќ, Јасмин Чилиќ, Ирмела Чилиќ, Фикрет Имамовиќ, Амира Имамовиќ, Арман Имамовиќ, Ибрахим Хиндик, Масло Масло, Режа Масло, Незир, Хивзија Туфек, Ведад Туфек и Адела Туфек. Илјадници луѓе дојдоа да ги испратат жртвите, меѓу кои премиерот на Федерацијата Нермин Никшиќ, потпретседателот на Федерацијата Рефик Лендо, министерката за раселени лица и бегалци на Федерацијата на Босна и Херцеговина Нерин Диздар и многу други. Претходно, општинскиот штаб за цивилна заштита на општина Јабланица донесе одлука со која 15 октомври го прогласи за Ден на жалост на подрачјето на општина Јабланица поради настраданите од поплавите и одроните. Колективниот погреб за 19-те жртви го водеше реисул-ул-улема на Исламската заедница во Босна и Херцеговина, Хусеин Ефендија Кавазовиќ. „Почитувани браќа и сестри, почитувани семејства. Секој говор е излишен. Се собравме да ги испратиме нашите браќа и сестри во подобар свет, ахирет. Иако тагата е длабока и разорна. Свесни сме и дека Бог одлучува за нашите животи. Ние сме смртни луѓе, се разликуваме само по начинот на кој го напуштаме овој свет“, рече Кавазовиќ. За потсетување, во поплавите и свлечиштата низ Босна и Херцеговина загинаа вкупно 26 лица. Покрај 19 во областа Јабланица, четири лица ги загубија животите во Коњиц и три во Фојница. Форензичарите од Требиње и Фоча, д-р Дражен Дамјањук и д-р Борис Пејиќ, идентификуваа и извршија обдукција на 20 лица кои загинаа во катастрофалните поплави. „Никој од нив немаше класично давење, туку сите починаа од затнување на гркланот и душникот со земја и кал или се здобија со механички повреди, при што се здобија со тешки скршеници од камења и друг материјал кој паднал врз нив“, рече Дамјањук, потврдувајќи дека ниту тој ниту неговиот колега не нашле класично давење. Да потсетиме дека во поплавите беа уништени бројни куќи, локални и магистрални патишта, како и добиток и други материјални добра. Бројни семејства мораа да ги напуштат родните огништа, а дел од нив беа префрлени во спортски сали и хотели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter