Погребан е Лане Гутовиќ покрај своите родители, не сакал во Алејата на заслужните - Канал 5

Погребан е Лане Гутовиќ покрај своите родители, не сакал во Алејата на заслужните

Милан Лане Гутовиќ денеска бил погребан во портата на црквата Света Троица во белградски Кумодраж, каде што се погребани и неговите родители.

Погребан е Лане Гутовиќ покрај своите родители, не сакал во Алејата на заслужните

Актерот бил погребан со збуци од црковниот хор. Курир пишува дека актерот за време на неговиот живот им потенцирал на своите роднини дека не сака да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани во Белград, па затоа неговото семејство ја исполнило неговата желба. Бројни колеги од светот на театарот и филмот дојдоа на погребот на актерската легенда.

Лане Гутовиќ почина пред три дена на 75 -годишна возраст на Воено -медицинската академија по тешко боледување.

Гутовиќ минатиот петок беше примен во болница поради проблеми со дишењето и лекарите го ставиле на кислород. Состојбата на актерот одеднаш се влошила и тој бил префрлен на одделот за интензивна нега, каде и почина. Гутовиќ бил болен од Ковид-19 пред два месеци, но наводно не се опоравил целосно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави примирје. Зеленски изненаден, но се согласува

Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно објави дека „енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина „стапува на сила веднаш“. 

Трамп објави примирје. Зеленски  изненаден, но се согласува

„Двете страни се согласија. Не го прекршувајте! Ви благодарам на вниманието. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша Трамп.

Зеленски е изненаден, но го прифаќа примирјето , Путин молчи.

Најавата очигледно го затекна Киев неподготвен; Володимир Зеленски изјави дека објавата на Трамп за него претставува новина, но рече дека Украина би се согласила на договорот доколку и Русија го прифати. Москва сè уште нема дадено коментар за најавата на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси новинарка со пет милиони фанови заведува во провокативен фустан

Од скромна спортска новинарка до 5 милиони следбеници. Сите фудбалски ѕвезди подлегнуваат на нејзиниот шарм.

Фото: Секси новинарка со пет милиони фанови заведува во провокативен фустан

Марија Луиза Јакобели повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи, а најновите фотографии од Милано ја оставија машката публика без здив.

Италијанската спортска новинарка се појави во елегантен син фустан од сатен, а нејзиниот изглед набрзо стана тема на бројни коментари на Инстаграм.

Јакобели е едно од попознатите лица на италијанското спортско новинарство, но нејзината популарност одамна ги надмина границите на телевизијата.

На Инстаграм ја следат речиси 5 милиони луѓе, па секоја нејзина објава привлекува огромно внимание.

Таа влезе во светот на телевизијата во 2017 година; работеше за „Rai Sport“, беше дел од „DAZN“, а на крајот стигна до „Sport Mediaset“, каде што стана едно од препознатливите лица на фудбалската програма.

Јакобели е ќерка на познатиот италијански спортски новинар Хавиер Јакобели, па така таа израснала со фудбалот и новинарството. Во последниве години, нејзиното име често се појавува во рубриките за познати личности, особено откако италијанските медиуми ја поврзаа со фудбалски ѕвезди.

Меѓу најпознатите приказни беше поврзувањето со Килијан Мбапе, иако таа врска никогаш не беше официјално потврдена.

Таа привлече уште поголемо внимание во 2024 година, кога нејзиното име се најде во центарот на медиумските написи за наводна романса со Франческо Тоти, што дополнително го зголеми интересот на јавноста за оваа италијанска новинарка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Емили Ратајковски со нова провокација, го оставила градникот дома ..

Го оставила градникот дома и ги ослободи градите а ги покажа и гаќичките. 

Фото: Емили Ратајковски со нова провокација, го оставила градникот дома ..

Нова провокација од една од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски.

Сексапилната Емили не се срамеше уште еднаш, по којзнае кој пат, да ги покаже своите бујни гради во проѕирен фустан.

Синоќа во Лондон се одржаа наградите „Albies“, а на гала-настанот присуствуваа бројни славни личности. Покрај прекрасната Амал Клуни, вниманието на јавноста го привлече и популарната манекенка Емили Ратајковски.

Позната по своите атрактивни и донекаде провокативни модни изданија, славната убавица ни овој пат не се воздржуваше да ги истакне своите најдобри атрибути.

Таа се појави во структуриран фустан што ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Станува збор за специфична креација украсена со вешто поставени цветни детали, кои ги покриваат интимните делови од телото.

Како што веќе можете да претпоставите, Емили избра проѕирен фустан под кој носеше само црни гаќички. Таа го заборави градникот дома и гордо ги покажа своите гради.

Ги поздрави собраните фотографи со студен, но впечатлив поглед и никој не остана рамнодушен на нејзиниот изглед.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер