Погорелиќ: Прекрасно е повторно да се биде на „Охридско лето“ - Канал 5

Погорелиќ: Прекрасно е повторно да се биде на „Охридско лето“

Катедралната црква Света Софија во Охрид вечерва ќе биде исполнета до последно место, фестивалската публика во рамки на „Охридско лето“ ќе има можност и привилегија да ужива во музицирањето на Иво Погорелиќ, еден од најголемите и најкотраверзните пијанисти на своето време.

Погорелиќ: Прекрасно е повторно да се биде на „Охридско лето“
Големиот Погорелиќ пред вечерашниот концерт даде кусо интервју за МИА, во кое вели дека прекрасно е чувството што повторно е дел од Фестивалот „Охридско лето“, што повторно ќе настапува во прекрасната акустика на Света Софија.

- Чуството е прекрасно, како впрочем што беше и во далечната 1981 година. Амбиентот е инспиративен. Тука ми е многу пријатно, прекрасна е црквата, ми се допаѓа акустика, менталитетот на луѓето кои имаат внатрешен мир во себе. Се чуствувам многу пријатно, изјави за МИА големиот уметник.

Инаку, големиот интерес за неговиот настап и фактот што веднаш после објавувањето на фестивалската програмата билетите за концертот беа распродадени за два дена, ги натера луѓето од „Охридско лето“ во контакт со великиот маестро да закажат уште еден концерт, веќе за утре 26 јули.

Погорелиќ рече дека пресудно за закажувањето на вториот концерт била токму желбата да им излезе во пресрет на сите оние вљубеници во класичната музика кои поради вакви или онакви причини не успеале да обезбедат билет навреме.

- Пресудно за вториот концерт беше бројот на местата за публиката. Света Софија е премала да ги прими сите оние кои сакаа да дојдат на концертот. Од друга страна токму овој материјал го подготвувам за еден друг проект и ете решив да го слушнете по втор пат. Тоа е од мои посебни уметнички причини, нагласи хрватскиот пијанист.

За неговите активности во овој период тој истакна дека многу работи, се подготвува за следните настапи.

- Многу други нешта и обврски следуваат после концертите во Охрид. Во меѓувреме работам на некои композиции, како нови така и обновувањето на некои постари, сето тоа во рамки на еден творечки процес кој би можело да го наречам креативен, но истовремено и многу освежувачки за мене, појасни маестро Погорелиќ.

За успех и кариера на секој уметник, Погорелиќ тој вели дека, неизоставно е да се верува во своите принципи и под никоја цена тие да не се занемарат или заменат со некои минорни вредности.

- Секој има свои вредности и најважно е да не се дозволи нивно компромитирање, порача Погорелиќ.

Иво Погорелиќ вниманието на светската јавност врз себе го привлече во текот на осумдесеттите години од минатиот век, преку своите виртуозни и поразлични интерпретации на Шопеновата музика, но и на онаа од другите светски композитори. Роден е во Белград, каде што на 7-годишна возраст започнува да го изучува пијаното. На 12 години заминува за Москва, каде што продолжува неговото школување. За неговиот талент тогаш, говорат големиот број награди и признанија што ги добива на интернационалните натпревари, како и „контроверзното“ учество на еден од најзначајните – Интернационалниот натпревар „Шопен“ во Варшава. Имено, во 1980 година, одлуката на жирито на овој натпревар да не го пушти овој млад пијанист да свири во финалниот концерт, поради неговата „изразито слободна интерпретација на авторскиот текст“, предизвикала бурна реакција кај публиката. Контроверзноста се зголемила со тоа што еден од членовите на жирито – реномираната аргентинска пијанистка Марта Аргерич, своето несогласување со одлуката го демонстрирала на тој начин што го напуштила натамошниот тек на натпреварувањето. Овој настан, тогаш го свртел вниманието на целата музичка јавност кон овој млад пијанист. Оттогаш тој непрестајно ја воодушевува публиката и критиката низ целиот свет. Покрај изведувачката, значајна е и неговата општествена дејност. Во 1986 година, Погорелиќ основал фондација во Хрватска со цел да им помогне во понатамошното школување на младите музичари. Во Германија, пак, создава фестивал чија цел е промоција на млади музички уметници кои се на самиот почеток од својата кариера. Значајна е и неговата хуманитарна работа поврзана со донации на организацијата „Црвен крст“ и други невладини организации. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Публиката на еден рагби меч изрази негодување кога британскиот принц Хари се појави на големиот екран на стадионот. 

Видео: Принцот Хари исвиркан на натпревар во рагби

Принцот Хари е исвиркан за време на рагби-натпреварот меѓу Лестер и Глостер во Обединетото Кралство.

Некои навивачи го изразија своето негодување кога неговиот лик се појави на големиот екран на стадионот, поради што телевизиските камери го пренасочија кадарот.

Во петокот, Војводата од Сасекс го следеше натпреварот од трибините во друштво на Андреа Пинчен, извршната директорка на клубот Лестер. Според медиумските извештаи, Хари уживал во пиво и во натпреварот без неговата сопруга, Меган Маркл.

Дел од публиката реагираше кога Хари се појави на големиот екран на стадионот. Телевизиската мрежа TNT брзо го префрли кадарот, а коментаторот Ник Малинс забележа дека се слушаат свирежи, пренесува AFP.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Светското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија се соочува со предизвици поради високите температури. 

Дали се одлужува Светското првенство ? Се појави голем проблем, а ФИФА сè уште нема решение

Бидејќи датумот на натпреварувањето сè уште не е потврден, останува прашањето дали Светското првенство ќе се одржи во предвидениот период?

Светското првенство во фудбал во 2034 година треба да се одржи во Саудиска Арабија, но датумот на натпреварувањето сè уште не е официјално одреден.

Поради високите температури што владеат во таа земја во текот на летото, речиси е сигурно дека организаторите ќе мора да разгледаат некои од постудените периоди во годината.

Сепак, изборот на датум носи дополнителни предизвици.

Еден од клучните фактори е муслиманскиот празник Рамазан, кој според календарот се очекува во ноември и декември 2034 година. Затоа, една од можностите е Светското првенство да се одржи во јануари 2035 година. Таквото сценарио би значело дека најголемиот фудбалски турнир за првпат би се одржал една година подоцна од планираниот циклус.

Сличен проблем со екстремните горештини ФИФА веќе реши пред Светското првенство во Катар во 2022 година, кога турнирот се одигра во ноември и декември наместо во вообичаениот летен термин. Сепак, во случајот со Саудиска Арабија, календарот на верски настани дополнително ја усложнува организацијата.

Засега нема официјална потврда дека Светското првенство ќе биде преместено во 2035 година. ФИФА сè уште не ги објавила точните датуми за натпреварувањето, па останува да се види кое решение ќе биде избрано и како тоа ќе се вклопи во меѓународниот фудбалски календар.

Саудиска Арабија ги суспендираше плановите за изградба на еден од најамбициозните стадиони во светот, чија вредност се проценува на дури 2,5 милијарди долари. Објектот требаше да биде еден од клучните стадиони за Светското првенство на ФИФА во 2034 година, но иднината на проектот сега е под сериозен знак прашалник.

Во декември 2024 година, ФИФА официјално ѝ ја додели улогата на домаќин на Саудиска Арабија, која на тој начин ќе стане првата земја што самостојно ќе го организира Светското првенство со 48 национални репрезентации.

Сепак, запирањето на изградбата го отвора прашањето дали сите првично најавени проекти ќе бидат реализирани во планираната форма. „Неом“, еден од најважните мегапроекти на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, претставува централен дел од стратегијата „Визија 2030“, чија цел е трансформација на економијата и намалување на зависноста на земјата од нафта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца и бремена жена, се убиени синоќа во пукање во семеен дом во Пенсилванија. 

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“.

„Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките и најстрашните сцени со кои нашите полицајци и истражители се соочиле во своите кариери“, изјави началникот на полицијата во Ири, Рик Лора.

„Секоја загуба на живот е ужасна, а околностите што ги истражуваме се крајно вознемирувачки.“

Според извештајот на локалниот медиум „Erie News Now“, полицијата интервенирала околу 17 часот по пријава за пукање на улицата Пери. По пристигнувањето, полицајците ги пронашле телата на две жени пред куќата.

Осомничениот, вооружен со пиштол, се забарикадирал во куќата, што довело до ситуација на опсада во која биле вклучени специјални полициски единици. За време на операцијата се слушнале уште неколку истрели од куќата, што е потврдено и со снимки објавени од „Erie News Now“.

Напаѓачот, чиј идентитет сè уште не е објавен, бил пронајден мртов; се верува дека си го одзел животот. Девет загинати, вклучително и бремена жена Началник Лора ја потврди смртта на напаѓачот, но одби официјално да го соопшти вкупниот број на жртви. Медиумските извештаи наведуваат дека загинале девет лица.

Полицијата ги пронашла останатите жртви при претресот на куќата, а било потврдено дека една од убиените жени била бремена. Лора изјави дека, од почит кон жртвите, нема да открива детали во врска со самото место на злосторството. Мотивот за нападот останува непознат, како и врската помеѓу напаѓачот и жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер