3Во Белорусија се изврши размена на телата на загинатите војници- Русите предале 252, Украинците 25 тела
ЕкономијаПоголема заштита за корисниците и строг филтер за лизинг компаниите со новите законски измениИзмените носат и потранспарентни договори, кои доколку се исполнети законските услови ќе може да се склучуваат и електронски.Предметот земен на лизинг повеќе нема да може да биде заложен без писмена согласност на корисникот заверена на нотар, а обврските ќе може да се исплаќаат и предвреме без дополнителни трошоци – ова се само дел од новините опфатени со измените на Законот за финансиски лизинг, со кои како што објаснуваат од Министерството за финансии се воведува поголема заштита за корисниците, но и засилен надзор врз лизинг компаниите. Измените носат и потранспарентни договори, кои доколку се исполнети законските услови ќе може да се склучуваат и електронски. Воедно, се зајакнува и контролата врз компаниите, кои ќе мора да добијат дозвола за работа од Министерството за финансии и да имаат повисока основна главнина, од досегашните 6 на 30 милиони денари. -Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Претседателот на Асоцијацијата на лизинг друштвата во Македонија Марјан Манчев ги поздравува овие законските измени, но смета дека има простор за дополнително развивање на лизинг-секторот, особено во делот на недвижностите. Иако законската рамка и сега дозволува финансиски лизинг и за недвижности, во пракса овој модел кај нас најчесто се користи за движни предмети како автомобили и опрема. Манчев смета дека за поголема примена и кај недвижностите се потребни дополнителни промени, особено во даночната регулатива, за што најави дека ќе се разговара со Министерството за финансии. -Ќе се направат одредени измени да се отстрани т.н. двојно оданочување при финансирање на недвижности, како и да се укине ДДВ на каматата кај лизинг-трансакциите. Тоа се некои следни чекори што дополнително ќе го направат лизингот подостапен и поконкурентен, не само за финансирање подвижни средства, каде што лизингот де факто веќе е водечки инструмент, особено за возила, туку би го примовирал и во делот на финансирање недвижности.- Марјан Манчев – претседател на Асоцијација на лизинг друштва во Македонија Инаку, за непочитување на новите правила, лизинг-компаниите можат да бидат казнети со глоби од 500 па се до 50 илјади евра, а казни се предвидени и за одговорните лица во компаниите, нотарите, резиворските друштва, но и за корисниците кои нема да ги исполнат законските обврски. Постојните лизинг-комании ќе имаат рокови од три, шест и дванаесет месеци за да се усогласат со новите правила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаКовачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска. На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери. Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации. Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија. Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ФудбалСкандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)Белгиската полиција започна истрага откако навивачите се побунија на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Клуб Бриж и Ленс. За време на натпреварот, кој Бриж го доби со 3:0, гостинските навивачи запалија голем број факели и ги фрлија кон домашните сектори на стадионот „Јан Брејдел“. На францускиот клуб сега му се заканува сериозна казна од УЕФА. Дел од пиротехничките средства беа фрлени и на трибината наменета за лица со посебни потреби, а во инцидентите беше повреден еден полицаец од Ленс, на кого му беше помогнато на стадионот. Поради нередот, натпреварот беше накратко прекинат. Полицијата ги прегледува снимките Полицијата во Бриж спроведува темелна истрага, а нивната специјална фудбалска единица ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери за да ги идентификува одговорните, објавува белгискиот „Хет Ниусблад“. Портпаролката на полицијата потврди дека по анализата ќе биде составен официјален извештај. Никој не е уапсен на стадионот бидејќи полицијата проценила дека обидот за апсење во средината на немирите би можел да предизвика ескалација на конфликтот. Интересно е што немаше инциденти пред натпреварот. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, но пристигнувањето на француските навивачи, кои беа придружувани до стадионот со придружувани автобуси, беше мирно. Steward at the Club Brugge match was injured because RC Lens fans lit flares and was then helped by other fans. 🎥 e.steenkiste https://t.co/MWoDV0crH8 — Football Fans Stuff (@officialffsnews) October 22, 2026 Ленс веќе е на условна казна За Ленс, ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи веќе има условна казна од УЕФА поради претходните навивачки немири. По употребата на пиротехнички средства на патот кон Славија во Прага во септември, клубот беше казнет со 15 илјади евра. Исто така, му беше изречена условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за еден гостувачки европски натпревар. Поради новите инциденти во Бриж, на францускиот клуб му се заканува активирање на таа забрана, како и дополнителни дисциплински мерки. Конечната одлука ќе ја донесе УЕФА по прегледот на извештајот од натпреварот.Тагови: Лигата на шампионите факели Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развојОдржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter