Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
1Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
3Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
БалканПогледнете каде навивачите ги криеја пиротехничките средства во Рујевица (ФОТО)Во дербито од 32-то коло од хрватското фудбалско првенство, Риека и Хајдук одиграа нерешено без голови во Рујевица пред 7.665 гледачи, што математички му донесе на Динамо нова шампионска титула.Полицијата соопшти дека вкупно 17 навивачи биле приведени на крајот од натпреварот во Рујевица. Тие открија и каде домашните навивачи се обиделе да ги сокријат пиротехничките средства што полицијата ги открила и конфискувала. ⚽️6🥅Utakmica je počela ⏺️6582 posjetitelja ⏺️6 privedenih ⏺️prije početka utakmice na tribinama pronađena je skrivena pirotehnika ⏺️pozivamo posjetitelje na fer, korektno i sportsko navijanje bez rasističkog i diskriminatornog skandiranja.@NKRijeka & @hajduk #fernavijanje https://t.co/lA0iymj6ty pic.twitter.com/1rkuUhp4mE — MUP-RH (@mup_rh) April 26, 2026 Тагови: пиротехника Рујевица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Денеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаСДСМ: Граѓаните ја плаќаат цената за тоа што Владата на Мицкоски не воведе мерки за поскапувањетоГоривата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Ова е продолжение на кризата, за што СДСМ со месеци зборува, алармира и бара владата да воведе мерки за заштита на стандардот на граѓаните.Владата на Христијан Мицкоски не направи ништо и не воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Без разлика дали тоа е поради неспособност или намерно - граѓаните сепак ја плаќаат цената. За 10 илјади денари е поскапена синдикалната кошничка за последните 2 години и надмина 70.000 денари. Граѓаните со празни џебови и празни фрижидери не можат да врзат крај со крај во месецот а Мицкоски наместо да ја смени политиката и да преземе мерки сака да ја смени пресметката. Само манипулации му се во главата. Сега новото поскапување на горивата ќе донесе нов бран поскапувања на храната, поради тоа што поскап транспорт значи и повисоки трошоци за компаниите. Тоа значи граѓаните ќе продолжат да ја плаќаат цената, затоа што оваа Влада нема ниту план, ниту волја да го сопре економскиот пад. Мицкоски најавуваше проверка на трговските ланци, јавно изјави дека знае но нема да каже. Значи сè кај Мицкоски е фарса. Сè е лага. Економијата е во колапс, буџетот е празен, а наскоро нема да има пари ниту за пензии. Понеспособна влада во историјата на Македонија досега немало. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државатаСДС, ДУИ и Левица со задкулисните игри го блокираат напредокот на државата, тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека опозицијата не е за реформи туку за опструкции.Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните. Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси. Изборниот законик не е прашање на дневна политика, туку важен реформски процес. Неговото донесување е потребно за усогласување со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за исполнување на обврските од Реформската агенда и за обезбедување дополнителен напредок и придобивки за граѓаните. Македонија успешно реализираше 9 од 10 реформи од Реформската агенда. Единствената пречка е блокадата предводена од СДС, Левица и ДУИ. Однесувањето на СДС, ДУИ и Левица покажува дека кога имаат можност, наместо да работат за државните интереси, избираат опструкции и политички калкулации. За нив поважна е партиската стратегија отколку напредокот на Македонија и придобивките за граѓаните. СДС, ДУИ и Левица наместо да преземат одговорност и да придонесат за донесување на закон што е во интерес на сите, тие се обидуваат да создадат политичка драма и да се претставуваат како жртви. Граѓаните треба да знаат кој го кочи развојот и кој работи против реформите. Пропуштената можност за навремено усвојување на Изборниот законик значи и ризик од губење на дополнителни средства и можности од Планот за раст. Политичките игри на СДС, ДУИ и Левица нема да го спречат патот на реформите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за напредокот на државата, а одговорноста за блокадите останува кај оние што ги предизвикуваат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и козиВо Македонија се потврдени 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, со што вкупниот број на регистрирани жаришта од почетокот на годината достигна 17. Според Агенцијата за храна и ветеринарство, новите случаи се регистрирани во Македонска Каменица, Чешиново–Облешево Бигла и Косевица -Делчевско, Малино -Свети Николско, Сопот како и во селото цера. Од институцијата нагласуваат дека болеста не претставува опасност за луѓето, но предизвикува сериозни последици врз сточарството. Досега се усмртени повеќе од 1.400 животни, а постапката продолжува и во новопотврдените жаришта. Во текот на вчерашниот ден беше спроведена депопулација и на заразеното одгледувалиште во селото Сопот, Куманово. АХВ воведе низа заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста. Забрането е движење и транспорт на овци и кози во заштитните зони, освен во строго контролирани случаи за колење во одобрени кланици. Воедно, на целата територија на државата е забранета работа на добиточните пазари за овци и кози, како и организирање изложби и други собири на овие животни. -Сопствениците се должни секој сомнеж за заболување или угинување на животни да го пријават во рок од 24 часа до надлежното ветеринарно друштво или официјалниот ветеринар- апелираат од АХВ.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook