Поглед во иднината – Утре почнува најголемиот саем за иновации во Лас Вегас (ФОТО)

Следната недела светот ќе се соочи со новите хоризонти, бидејќи илјадници нови производи се лансираат на гигантското Експо CES 2020 во Лас Вегас.

Вештачката интелигенција, 5G, папки, технологијата за набљудување, 8К и роботиката треба да бидат меѓу главните изуми на годината.

На саемот се очекува да се појави и Трамп. Неговиот судир со претседателот на Кина доведоа до тоа некои од најголемите технолошки фирми од оваа земја да го откажат или намалат учеството на настанот во Лас Вегас.

Иванка Трамп - ќерка на американскиот лидер – ќе го има „главното“ интервју со шефот на ЦЕС, Гери Шапиро.

Тој еднаш ги повикал Американците да се спротивстават на нејзиниот татко заради „неговиот расизам и лудило“.

Сега Шапиро се соочува со критика затоа што ја поканил Иванка да разговара за „иднината на изумите“.Но, нема само Иванка да биде главна , туку ќе учествуваат и некои од најмоќните жени од Силиконската долина.

Шефот за приватност на „Епл“, Џејн Хорват ретко се појавува во јавноста. Ова е првпат нејзината компанија официјално да се вклучи во ЦЕС од 1992 година.

Покрај тоа, поранешниот шеф на Хјулит Пакард, Мег Витман, ќе биде ко-домаќин со поранешниот ко-основач на „Dreamworks“, Џефри Катзенберг, за да го претстави Quibi. Платформата има за цел да ги надмине Нетфликс и Амазон на мобилните телефони со низа од 10-минутни емисии.

Но, причината зошто ЦЕС предизвикува толку голем интерес се неговите гаџети. Така на саемот ќе бидат претставени паметните домашни апарати , како клуч за брава, машина за сушење алишта, шпорет, канта за отпадоци , како и уреди за во автомобил , кои ќе го подобрат и автономното возење.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер