Погба за можноста да се пресели во Лига 1: Никогаш не се знае што ќе донесе утре - Канал 5

Погба за можноста да се пресели во Лига 1: Никогаш не се знае што ќе донесе утре

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, одговори на зборовите на поранешниот дефанзивец на Марсеј, Патрис Евра, кој рече дека ќе го олесни трансферот на фудбалерот во францускиот клуб.

Погба за можноста да се пресели во Лига 1: Никогаш не се знае што ќе донесе утре

- Се насмеав затоа што тоа е чичко Пат, тоа го рече како шега. Сè уште сум под договор. Дали е можно да се преселам во Лига 1? Имам клуб, размислувам само да се вратам и да излезам од оваа ситуација. Но, никогаш не знаеш што ќе донесе утре, затоа никогаш не кажувај никогаш, изјави Погба за „L’Equipe“.

Претходно се дозна дека на Погба, кој беше дисквалификуван поради допинг, му е намалена казната од четири години на 18 месеци, а во професионалниот фудбал ќе може да се врати во март 2025 година. Сепак, според пишувањата на медиумите, Јувентус има намера предвреме да го раскине договорот со играчот.

Како што објави „Le10sport“, раководството на Марсеј ќе ја разгледа можноста за трансфер на 31-годишниот Французин во зимскиот преоден рок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новинар известувал за поплава, кога зад себе видел човек како тоне во џипот- тогаш почна драмата (ВИДЕО)

Австралискиот телевизиски репортер Вил Мареј и случаен минувач спасија маж од потопен џип во поплавните води во Квинсленд, северно од Бризбејн, објави Ројтерс.

Новинар известувал за поплава, кога зад себе видел човек како тоне во џипот- тогаш почна драмата (ВИДЕО)

Мареј, новинар за јавниот радиодифузен сервис АБЦ, известуваше за поплавите кога возилото на мажот падна во водата, застана и почна да тоне.

Репортерот и друг маж допливаа до возилото и го извлекоа возачот, неколку моменти пред автомобилот целосно да исчезне под водата.

„Тие дефинитивно му го спасија животот на човекот. Нема сомнение за тоа“, рече снимателката на АБЦ, Лиз Пикеринг, која беше сведок на инцидентот.

Околу 170 милиметри дожд паднаа во австралискиот град Морајфилд во среда, според АБЦ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ заплени рекордно количество фалсификувана стока- над 40% доаѓа од Кина

Во ЕУ во текот на 2025 година беа запленети повеќе од 196 милиони парчиња фалсификувана стока, што е најголемата количина досега. 

ЕУ заплени рекордно количество фалсификувана стока- над 40% доаѓа од Кина

Ова е дури за 67 проценти повеќе од претходната година, според извештајот на Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост (EUIPO), со седиште во Аликанте, Шпанија.

Проценетата вредност на конфискуваната стока е исто така рекордна, изнесувајќи 6,3 милијарди евра. За споредба, во 2024 година, која дотогаш го држеше рекордот, беа запленети стоки во вредност од 3,9 милијарди евра. Поголемиот дел од запленетата стока се ЦД-а и ДВД-а, компјутерски програми, играчки, етикети и налепници. Цигарите и облеката исто така сочинуваат голем дел.

Поголемиот дел од фалсификуваната стока доаѓа од Кина, повеќе од 40 проценти, додека Турција е на второ место со 18 проценти. Големото зголемување на заплените се припишува на засилената борба против шверцерските групи и почестите и поуспешни контроли.

Онлајн купувањето ја отежнува борбата против фалсификувањето

EUIPO предупредува дека борбата против фалсификувањето е отежната од зголемениот број на различни правци по кои се транспортираат стоките, како и од ограничените капацитети на надлежните служби.

Дополнителен проблем е растот на онлајн трговијата, бидејќи стоките сè повеќе се доставуваат по пошта и преку бројни компании за достава, што ја отежнува контролата.

Во извештајот се заклучува дека подобрата заштита на интелектуалната сопственост и европската економија бараат нови мерки, подобра соработка меѓу надлежните служби и посовремени алатки и технологии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тргнала кон болница, но бебето не чекало- жена за две минути се породила во воз во Холандија

Бремена жена се породила во воз во холандскиот град Гронинген откако ѝ пукнале водењакот додека патувала кон болница на преглед.

Тргнала кон болница, но бебето не чекало- жена за две минути се породила во воз во Холандија

Локалните медиуми објавија дека мајката и новороденото бебе се добро.

Жената се качила на воз „Арива“ на станицата „Еуропапарк“ и добила породилни болки кратко по поаѓањето, објави „NL Times“.

Според еден патник, целиот инцидент се случил за околу две минути. Патниците повикале брза помош и прашале дали има лекар во возот.

Медицинските сестри се качиле на возот на станицата „Гронинген“ за да им помогнат на мајката и бебето.

Железничката компанија „Арива“ потврди дека породувањето се случило во возот, но одби да даде дополнителни детали поради загриженост за приватноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер