Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски ќе биде презентирана пред српската публика - Канал 5

Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски ќе биде презентирана пред српската публика

Збирката поезија „Блиска врска“ на охридскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски со избор на неговата поезија преведена на српски јазик утре во Белград ќе биде презентирана пред Друштвото на писателите на Србија.

Поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски ќе биде презентирана пред српската публика
Станува збор за второ претставување на изданието на Димоски пред српската поетска јавност. Книгата „Блиска врска“ е третата стихозбирка со поезија на Димоски препеана на српски јазик, премиерно објавена на Саемот на книгата во Белград одржан во октомври минатата година.

За книгата и творечкиот опус на Димоски пред Друштвото на писателите на Србија ќе зборуваат поетите Радомир Андриќ, Душко Новаковиќ и Адам Пуслиќ.

Следниот ден, во петок во Нови Сад, во рамки на меѓународната манифестација „Салон на книгата“ Димоски и српскиот поет, критичар и есеист Јован Зивлах ќе дебатираат за меѓународните културни манифестации што ја негуваат поезијата како литературен израз, на која ќе се зборува и за манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ и нивното значење на меѓународна сцена.

Славе Ѓорѓо Димоски е основач е и долгогодишен раководител на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, а сега е претседател на Управниот одбор на Националната установа „Струшки вечери на поезијата“.

Во досегашното богато творештво Димоски зад себе има десет стихозбирки, четири книги за деца, три книги есеи, осум изданија со избор негови стихови, две антологии, а негови поединечни песни и поетски циклуси се преведени на англиски, француски, руски, малезиски, српски, романски, турски, албански, шведски, шпански, чешки, хрватски, словенечки, полски, азерски, украински, бугарски, германски, хебрејски, арапски, италијански, грузиски, ерменски, монголски јазик. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. 

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит.

Трамп ја опиша Куба како пропадната држава.

„Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој.

Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида.

„Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“

На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“.

Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“.

„Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот.

Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“.

За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите.

На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Франција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0.

Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот.

Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот.

Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1.

На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник ќе работи и експозитурата во Прилеп.

НБРМ: Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од понеделник, 16 ноември, ќе започне со работа и експозитурата на Банката во Прилеп. Во неа, на клиентите кои имаат платежна сметка, а не располагаат со платежна картичка, ќе им биде овозможено подигнување готовина до 20.000 денари во период од две недели, согласно утврдениот лимит.

Продолжуваат со работа и филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица и Тетово, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“. Во овие експозитури клиентите можат да подигнуваат готовина на шалтер во рамките на утврдените ограничувања, како и да вршат уплати за намирување на комуналните услуги, отплата на кредити и други потреби.

Потсетуваме дека во рамките на активностите за олеснување на пристапот до средствата и овозможување непречено извршување на секојдневните финансиски обврски, од 10 ноември клиентите на Банката можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство. Притоа, важат утврдените лимити: до 15.000 денари неделно за клиентите што поседуваат платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите што не поседуваат платежни картички.

Лимитите се применуваат збирно за сите сметки на клиентот во Банката и ги опфаќаат сите канали на плаќање и повлекување средства: плаќања со картички во трговијата и преку интернет, повлекување готовина од банкомати и на шалтерите во експозитурите, како и плаќања преку електронското и мобилното банкарство.

Исто така, физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа без ограничување на износот.

Во однос на олеснувањата за компаниите, се овозможи исплата на платите, заедно со уплатата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите коишто во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер