Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
1Расте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарци
МакедонијаПоевтинуваат гориватаМаксималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Максималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени во просек за 2,13 отсто. Новата максимална малопроджна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС - 98 ќе се продава за 82,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 94 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,5 денари за литар и ќе изнесува 97 денари, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,939 денари за килограм и ќе биде 46,288 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,806 отсто, кај дизелот за 9,605, кај екстра лесното масло за 8,205 и кај мазутот за 6,515 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,1582 отсто. Нагласуваат дека во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10 отсто (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 и од 2 денари за литар за бензинските фракции и посочуваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. Во најголем дел од бенинските пумпи во земјава дизелот се продава за три денари пониско од максималната цена утврденаод РКЕ, а бензините за два денара.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеРасте бројот на заболени од западнонилска треска, апел до граѓаните редовно да користат средства за заштита од комарциРасте бројот на заболени со западнонилска треска.Вчера беа потрдени три нови случаи, Светската здравствена организација предупредува дека јули и август се најризичните месеци за ширење на вирусот. Во Македонија досега се регистрирани осум случаи, а најголемиот дел од заразените воопшто немаат симптоми. Од СЗО препорачуваат: покривање на телото со облека, користење средство против комарци и отстранување на застојаната вода околу домот. Здравствените власти смируваат дека заразата не се пренесува од човек на човекТагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55
ЕвропаВидео: Руска ракета паднала во Полска? Одекнала експлозија, кратер од 10 метри Во полскиот округ Билгорај, во близина на градот Лублин, жителите слушнале силен тресок во текот на ноќта, а по пристигнувањето на местото на настанот пронашле кратер и расфрлани делови од неидентификуван објект, соопшти денеска полицијата од ЛублинКратер со дијаметар од десет метри е пронајден на поле во Тарнава Колонија, која се наоѓа околу 50 километри јужно од Лублин, а на местото на настанот пристигнале полицијата, пожарникарите и воен хеликоптер, јавува Вјадемошќи. „Утрово добивме дојава од регионалниот центар за итни повици дека се слушнала силна експлозија во округот Билгорај помеѓу градовите Тарнава Колонија и Бискупица. Дежурниот полицаец испратил полициски патроли на местото на настанот. Air raid sirens, then an explosion in Lublin! Poland scrambled F-16s after tracking an unidentified airborne object. It crashed near Tarnawa Kolonia, leaving a crater and scattered debris. Emergency services are on the scene. Wake up, Poland! War is on your doorstep. pic.twitter.com/nHw8lP9fP8 — Silent Witness (@SilentWitn1ss) July 30, 2026 По 5 часа, полицајците откриле кратер и расфрлани делови од неидентификуван предмет на поле помеѓу Тарнава Колонија и Токари, приближно на два километри од зградите“, се вели во полициското соопштение. Во соопштението се наведува дека за инцидентот биле известени воената полиција, Агенцијата за внатрешна безбедност, Службата за воена контраразузнавачка дејност и Окружното обвинителство во Лублин, како и дека на местото на настанот биле испратени полициски службеници за борба против тероризмот. Во Лублин, кој се наоѓа на околу 80 километри од границата со Украина, сирените се огласија и во текот на ноќта, непосредно пред 4 часот наутро.Тагови: Полска русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Собранието последна седница за пратенички прашањаВо Собранието денеска ќе се одржи 113. пленарна седница, последна за пратенички прашања пред заминувањето на пратениците на годишен одмор.Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter