Поевтинува дизелот, цената на бензините останува иста

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). 

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) 70,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,734 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 42,475 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,374 отсто, кај дизелот за 3,697, кај екстра лесното масло за 4,097 и кај мазутот за околу 2,312 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е за околу 0,087 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Мазда тешко настрада, поради намерно нагло кочење на возилото напред (ВИДЕО)

На автопат во Квинсленд, Австралија, евидентирана е исклучително опасна сообраќајна ситуација која резултирала со незгодна несреќа.

До несреќата дошло кога возачот на Subaru Outback намерно закочил пред Mazda3 на десната лента. Инцидентот го снимила камера поставена на камионот, што овозможило детален увид во динамиката на настанот.

Овој опасен маневар предизвика хаос на патот, а мазда3 удри во камион кој возел по левата лента, во камион кој бил на средната лента, а потоа во заштитна ограда. Возачот на Субару само продолжи да вози понатаму.

И покрај потенцијалните катастрофални последици, за среќа, ниту еден од учесниците не е тешко повреден. Но затоа многу настрада - Mazda-та.

На видеото се гледа дека возачот на Субаруто намерно кочел, веројатно иритиран што маздата возела блиску зад него. Тој изврши уште посилно намерно сопирање, таканаречена проверка на прекин, кога маздата почна да го престигнува.

Овој инцидент уште еднаш ги потврдува ризиците од непредвидливо и агресивно однесување на патиштата, нагласувајќи ја важноста од почитување на сообраќајните правила, грижа за безбедноста во сообраќајот и пред сѐ здрав разум.

Масовна тепачка меѓу туристи на Монт Еверест- летаат тупаници, а причината е смешна (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е снимена на 25 јуни на Монт Еверест кога туристите се судриле на видиковецот 8848, па морала да реагира граничната полиција.

Масовната тепачка ја снимиле присутните планинари, а кога ќе слушнете што го предизвикало инцидентот, нема да поверувате.

Сè започнало кога два пара решиле да се фотографираат на точка со поглед, но не можеле да се договорат каде да застанат!

Работата да биде уште полоша, туристички водич им побарал фотографија, пишува Њујорк пост.

Расправијата брзо прераснала во физичка пресметка, а се вмешале и две жени.

На крајот интервенирале локалните власти, а учесниците во инцидентот биле приведени.

За потсетување, на туристите од април им е дозволено да се искачуваат на највисокиот врв на планетата, но гужвите станаа вистински проблем.

Израелската амбасадорка Франкел, гостин во Вестите на Канал 5

Израел никогаш повеќе нема да дозволи напад или повторно владеење на Хамас во Појасот Газа, вели израелската амбасадорка Симона Франкел во ексклузивно интервју за Канал 5, во кое отворено говори за случувањата на Блискиот исток.

„Ситуацијата во Израел е многу комплицирана по 7 октомври 2023 година. Ние бевме изненадно нападнати. Тоа беше доста брутален напад. Хамас нападна градови из аедници по границата со Газа каде живеат цивили. Исто така нападнаа и некои воени бази. Но, злосторствата кои ги направија во градовите и во заедниците, се многу тешки да се замислат за човеково суштество. Убиваа деца пред своите родители, убиваа родители пред своите деца. Сексуално злоупотребуваа мажи, жени. Киднапираа над 240 заложници. Убија луѓе кои прославуваа на мировен фестивал, музички фестивал на кој се повикуваше на мир.“, изјави амбасадорката на Израел.

„Израел, владата на Израел и државата Израел има право на самоодбрана и да гарантира дека тоа што се случи на 7 октомври нема да се повтори. И поради таа причина продолжуваме да се бориме против Хамас бидејќи нема да дозволиме Хамас повторно да владее во Газа. Не смееме да дозволиме, било кој да го повтори истото нешто повторно. И сигурни сме дека доколку повторно дојдат на власт во Појасот Газа ќе се обидат да ги повторат овие злосторства и нема да имаме никаков мир и стабилност во регионот.“, рече Франкел во интервјуто.

„Истото се однесува и за северот на државата. Таму Хезболах продолжува да напаѓа села, заедници. Не извршија инвазија врз територијата, но во исто време ги уништуваат тие села и заедници и имаме над 60 илјади бегалци.“, додаде амбасадорката Франкел во ексклузивното интервју за Канал 5. Со неа разговараше Јован Ѓорговски.

притисни ентер