2СДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
КултураПоетско читање во „КО -РА“ по повод 8 МартСо Поетско читање во големиот салон на Галерија „КО -РА“ денеска во Јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје е одбележан 8 Март, Меѓународниот ден на жените.На Поетското читање учествуваа преку триесеттина поети, писатели, преведувачи и други учесници, како дел од мултимедијалниот проект кој ги обединува уметностите, насловен „ Жените од светот низ историјата“ -“Жената симбол и инспирација“. -Проектот е и мултимедијален и мултикултурен, со учество на бројни поети, ликовни уметници - сликари, скулптори, графичари, фотографи, модни дизајнери... Свеченото отворање на овој традиционален мултимедијален проект, се одржа вчера на 7 март со настап на хорот ХМД „Кочо Рацин“- Скопје и со отворање на групната мултимедијална изложба „ Жените од светот низ историјата“ -“Жената симбол и инспирација“ со учество на четириесетина учесници, меѓу кои и истакнати ликовни уметници и други наградувани автори. Куратор на проектот е Виолета Калиќ, а модератор на Поетското читање е Елеонора Николовска, велат од „КО -РА“. Со интерпретација на свои поетски стихови, како и со перформанси меѓу другите настапија и Лилјана Стоилковска, проф. д-р Виолета Ачковска, Лидија Лучко Јеремиќ, д-р Игор Поп Трајков, Соња Манасиевска Конеска, Андрија Дојчиноски, Александар Таневски,... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
БалканСтрашен пожар на Халкидики, стигна до куќите (ВИДЕО)Страшниот пожар што избувна на Халкидики, на првиот крак, стигна до Сивири.Големиот пожар што беснее на Касандра од пладне, стигна до куќите во Сивири, а сцените од ова подрачје се драматични. View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr) Пожарот, кој започнал во ниска вегетација, а потоа се проширил на шумска површина, сега стигнал до населбата Сивири, каде што според информациите, горат куќи. Во исто време, ситуацијата на терен останува многу тешка, а силните ветрови го отежнуваат гаснењето, додека пожарникарите се борат да ја контролираат противпожарната линија. Ситуацијата најдобро ја опишува изјавата на поранешниот градоначалник на Касандра, Костас Папајанис, кој е на терен. „Пожарот стигна до Сивири. Голема катастрофа“, рече Папајанис, опишувајќи ја ситуацијата.Тагови: Халкидики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаСДСМ ја повикува власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатитеСДСМ ја повикува Владата веднаш да направи целосни анализи на водата во целата држава и јавно да ги објави резултатите, откако секојдневно излегуваат нови информации за небезбедна и загадена вода во различни населени места. Маја Борозан од СДСМ, на денешната прес-конференција, посочи дека случајот со Гостивар е показател за нефункционалноста на системот и за задоцнетото постапување на институциите во секој чекор од кризата. „Гостивар е показател за целосниот распад и нефункционалноста на системот. Се покажа Мицкоски и ВМРО не знаат и не се способни да менаџираат криза, не можат да го заштитат здравјето на граѓаните. Задоцнија во секој чекор. Од прогласување на епидемија, до преземање на превентивни мерки“, рече Борозан. Таа додаде дека Гостивар не е изолиран случај. Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна, а секојдневно излегуваат нови информации за општини каде што водата е загадена и повика власта да направи анализа на водата во цела држава. „Во над 50 населени места водата за пиење не е безбедна. Секојдневно излегуваат нови информации за општини кад е што водата е затруена.Цела држава е отруена.Во вакви услови, кога секојдневно излегуваат нови информации за загадена вода, власта на Мицкоски не прифаќа да се направи анализа на водата во цела држава и јавно да се објават резултатите. Зошто? Граѓаните од цела Македонија имаат право да знаат каква е водата што ја пијат“, рече Борозан. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаФилипче за 25 години од Охридскиот договор: Соживот, а не поделби и омразаПо повод 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека договорот е темел на мирот, соживотот и демократската иднина на државата. Филипче нагласи дека Македонија е заеднички дом на сите граѓани и дека различностите треба да бидат наша сила, а не алатка за политички поделби и ширење омраза, но денес, наместо да се негуваат вредностите на мирот, дијалогот и меѓусебното почитување, власта на Мицкоски повторно ги разгорува поделбите и создава атмосфера на страв и омраза. „Денеска одбележуваме 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на вооружениот конфликт во 2001 година и се потврди територијалниот интегритет и демократската иднина на Македонија. Токму најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вредност, а не да ги користиме за политички поделби. Охридскиот рамковен договор е потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот се секогаш посилни од конфликтот, поделбите и омразата. По 25 години, сите имаме должност да ја градиме иднината на Македонија низ соживот, еднаквост и меѓусебно почитување – а не со поделби, навреди и омраза. Но токму во овие денови го гледаме спротивното. Криминалната група ВМРО и Мицкоски ја водат класичната кампања на Ванчо Михајлов - кампања за ширење омраза и поделби. Народот го нарекуваат „талог“. Ги делат граѓаните. Создаваат непријател. Сеат страв. Додека зборуваат за мир и соживот, во пракса прават сè за да го уништат. Македонија заслужува да биде просперитетна, интегрирана држава - дел од Европа, каде секој граѓанин ќе се чувствува сигурен во сопствената земја. Не со поделби. Не со омраза. Не со етикети како „талог“. Со вистина, со правда и со достоинство“, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00