Клековски по посетата на Софија: Случајот Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата
2Клековски по посетата на Софија: Случајот Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдата
КултураПоетскиот караван на ДПМ во чест на Анте ПоповскиПоетскиот караван на Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи во знак на чествување на македонскиот поет, академик, член на ДПМ и во еден мандат, негов претседател, Анте Поповски.Во спомен собата на Поповски, во Центарот за култура на Општина Ѓорче Петров, ќе настапат дваесетина поети, членови на македонската писателска асоцијација, од различни генерации. Љубителите на поетскиот збор на оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Вера Чејковска, Зоран Анчевски, Иван Антоновски, Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Иван Џепароски, Веле Смилевски, Ресул Шабани, Драгица Најческа, Илија Велев, Санде Стојчевски, Кочо Топузоски, Љерка Тот Наумова, Братислав Ташковски, Александар Поповски, Јовица Тасевски Етернијан, Иван Чаповски, Методија Тошевски, Димитар Пандев, Ристо Јачев и Тодор Чаловски. Караванот на Друштвото на писателите на Македонија се организира во рамките на проектот за дисперзија на културните настани во Македонија. Во изминатите три месеци караванот престојуваше во Гевгелија, Куманово, Кавадарци, Велес, Радовиш и Кожле. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во ПрилепПо децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција.Проектот на Министерството за спорт, предвиден во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, има за цел да обезбеди современи услови за спорт, тренинг и рекреација за младите, спортистите и сите љубители на спортот. Спортската сала се наоѓа на улицата „Цане Кузмановски“, во урбано подрачје со добра сообраќајна поврзаност со останатиот дел од градот. Изградена е во 1978 година, а во 1993 година била зафатена од пожар, по што била обновена и реконструирана неколку години подоцна. Денес објектот е во незадоволителна состојба и не се користи во целост за намената за која е изграден, поради што е предвидена негова целосна реконструкција. Салата е наменета за одржување спортски и рекреативни активности во повеќе спортови, меѓу кои ракомет, куглање, одбојка, кик-бокс, борење и мал фудбал. Според проектната документација, просторот за игра е димензиониран според ракометно игралиште со должина од 40 метри и ширина од 20,33 метри, додека висината до највисоката точка изнесува 13,90 метри. Предвиден е заштитен појас од два метра зад головите и по 1,20 метри по должина на страничните линии на салата. По реконструкцијата, спортскиот објект ќе располага со 1.959 седишта за публика, распоредени во 15 реда од двете страни на теренот. Покрај посебните влезови за публика, професионални спортисти и корисници на рекреативните содржини, предвидени се и соодветни пристапи за лицата со попреченост. Проектот не опфаќа само архитектонска реконструкција, туку и зафати во електричните инсталации, водоводот и канализацијата, како и во термотехничките системи. За објектот веќе е изработена техничка документација за основен проект за реконструкција и санација, со намена Б6 – спорт и рекреација. Предвидената вредност на реконструкцијата изнесува 180 милиони денари со вклучен ДДВ. Средствата се планирани да се исплаќаат во три фази: два милиона денари во 2026 година, 89 милиони денари во 2027 година и уште 89 милиони денари во 2028 година. Со обновувањето на салата „Македонија“, Прилеп треба да добие репрезентативен спортски објект што ќе создаде подобри услови за развој на спортот, за тренинзи и натпревари, но и за секојдневна рекреација. Инвестицијата претставува повеќе од обновување на спортската инфраструктура. Таа е вложување во здравјето и правилниот развој на младите генерации, како и во создавањето услови за идните спортски таленти да ги развиваат своите способности и да градат спортски кариери во современ и соодветно опремен објект. Министерство за спортТагови: Министерство за спорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
МакедонијаКлековски по посетата на Софија: Случајот Михаилова не е здраствено прашање, туку прашање од областа на правдатаПостигнавме премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е „здравствен“, туку е „правен“ бидејќи таа е бегалка барана со меѓународна потерница. Вака, Министерот Сашо Клековски го образложи исходот од средбата со неговата колешка, бугарската Министерка Катја Ивкова, во Софија, на која разговарале и за Михаилова, која кога се даде во бегство тврдеше дека морала да го направи тоа бидејќи во Македонија немало услови за нејзино лекување. -Во основа постигнавме премолчена согласност дека прашањето на И.М не е здравствено прашање, туку е прашање од доменот на правдата бидејќи особата е бегалец од правдата барана со меѓународна потерница. Како што е тоа прашање на правдата, а не здравствено, не го разговаравме,- - Сашо Клековски – Министер за здравство. Наводната неопходност од лекување во Бугарија Михаилова го базира на отпусното писмо што го поседува од Клиниката за неврологија со потпис на професорот д-р Иван Барбов кој сега, како што за Канал 5 потврди Директорот на Клиниката Јован Божиновски, се соочува со казна од здравствениот инспекторат, бидејќи е утрдено дека никогаш не била заведена во „мој термин“ па според електронскиот систем е „пациент фантом“. Инспекција деновиве ќе тропне на врата во сите болници во кои Михаилова се лекувала, вклучувајќи и приватна болница и ординации во Кочани и Штип. -Побарано е проширување на надзорот, со вклучување на јавни здравствени установи каде што во 2025 и 2026 се вршени одредени здравствени услуги за особата И.М. и дополнително ќе се формира комисија за стручен надзор за медициснкиот аспект бидејќи знаете дека ДСЗИ врши надзор на административните делови и регулативата, не врши врши контрола на содржината на наодите,- - Сашо Клековски – Министер за здравство. Ива Михаилова избега од Македонија минатиот понеделник и по бројните интервјуа што ги даде за бугарските медуиме, отиде во бугарската болница „Пирогов“ и се уште е ходпитализирана таму. Од болницата за Канал 5 не даваат детали за тоа што покажале испитувањата и дали и каква интервенција ќе и прават..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо тек е исплатата на родителски додаток за детеМинистерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на родителски додаток за дете за месец септември 2026 година.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките. Министерство за социјална политика, демографија и младиТагови: родителски додаток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook