КултураПоетскиот филм „Летна соната за мојот град“ е избран за учество на фестивалот „Зебра“Поетскиот филм „Летна соната за мојот град“ е избран во официјалната селекција на најважниот и најреномираниот светски фестивал за поетски филмови „Зебра“ од Берлин, Германија, во конкуренција од 1200 филмови од целиот свет. Фестивалот ќе се одржи од 12 до 15 октомври во „Хаус фур поези“ (Haus für Poesie) и во „Кино ин дер културбрауерај“ (Kino in der Kulturbrauerei), Берлин. „Летна соната за мојот град“ ќе биде прикажан на 14 октомври во 17:00 часот во рамки на програмата „Призма: Урбанисти – град и општество“. Филмот е во режија на Марија Шаклева. Снимен е според истоимената песна на македонскиот поет Андреј Ал-Асади. Музиката е на Јован Јовановски, а снимател е Илија Жоговски. Уметничката слика што како мотив се појавува во филмот е дело на сликарот Владимир Илиевски. Продуцент на филмот е Јулијана Величковска, а режисерката Сандра Ѓоргиева беше стручен консултант. Во септември годинава „Летна соната за мојот град“ беше прикажан и на интернационалниот филмски фестивал „Сербест“ во Молдавија. Претходно на интернационалниот „Поетски филмски фестивал ‒ Лос Анџелес“ (International Poetry Film Festival ‒ Los Angeles) во САД ја доби наградата за најдобра режија и беше номиниран во најтесниот избор од седум наративни филмови. Исто така, беше издвоен и помеѓу десетте филмови со оригинална музика за филм. Беше избран и во специјалната селекција „Светско огледало на поезијата“ на интернационалниот турингиски филмски фестивал „Поетри филм таге“ (Poetry Film Tage) во Вајмар, Германија што се одржа во мај. Поетскиот филм е дел од „Стиховно мапирање на Скопје“, проект на „ПНВ Публикации“, поддржан од Град Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаПредраг Самарџиски дел од стручниот штаб на младинската репрезентација на МакедонијаПредраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација.Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули во Братислава Од репрезентативен дрес до тренерска улога. Предраг Самарџиски, поранешниот македонски репрезентативец и еден од носителите на играта на генерацијата која го оствари најголемиот успех во историјата на македонската кошарка, се приклучи на стручниот штаб на младинската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години. Самарџиски од вчера е дел од подготовките на селекцијата која ова лето ја очекува настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 10. до 19. јули ќе се одржи во Братислава, главниот град на Словачка. Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води. Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства, а сега се враќа во македонската кошарка како дел од стручниот тим на младинската репрезентација. Неговото знаење стекнато низ долгогодишната играчка кариера, но и новите тренерски предизвици, ќе бидат дополнителна вредност за младите кошаркари кои се подготвуваат за европскиот предизвик во Братислава. Самарџиски, кој беше дел од една од најуспешните генерации во македонската репрезентативна историја, сега има нова задача – да им помогне на младите таленти да го направат следниот чекор во своите кариери.Тагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев на увид на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’.Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет на Општина Кавадарци д-р Стојанчо Рамов и служби од Локалната самоуправа, беа во посета на новопробиената улица ,,Вељко Влаховиќ’’ каде беше извршено тампонирање на булеварот и во следна фаза ќе се постават водоводна, канализациона и атмосферска мрежа, целосно асфалтирање на булеварот со осветлување и тротоари во должина од 180 метри. Овој проект е комплетна инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 6 милиони денари и површина од 4900 метри квадратни, објави на својот профил на фејсбук, градоначалникот Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
ФудбалИсториски меч за фудбалската селекција на БиХ на СП2026Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва во Санта Клара ќе го одигра најзначајниот натпревар во својата историја. Во осминафиналето на Светското првенство, популарните „змејови“ ќе се сретнат со еден од кодомаќините на Мундијалот, Соединетите Американски Држави. Победникот од овој натпревар ќе обезбеди место меѓу 16-те најдобри репрезентации во светот. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Левис“, со почеток во 17:00 часот по локално време, односно ноќта меѓу 1 и 2 јули во 2-00 часот по наше време. БиХ стигна до нокаут фазата како една од најдобрите третопласирани селекции, со четири освоени бода, по нерешениот резултат против Канада и големата победа над Катар во Сиетл.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter