КултураПоетски портрет на Чарлс Симиќ во „Св. Софија“Во Црквата „Св. Софија“ во Охрид вечер ќе се одржи Поетски портрет на годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата Чарлс Симиќ.Претпладнево во Струга е организиран симпозиум на тема „Изгубено/најдено во преводот“, додека во 10 часот утрово имаше и Поетско кафе со добитникот на Златниот венец Чарлс Симиќ. Струшките вечери на поезијата ќе траат до 28 август. Фестивалот во Струга ќе заврши утре со поетската манифестација „Мостови на Струга“ и врачување на фестивалските награди на годинашните добитници. Во понеделник, 28 август, ќе се пресели во Скопје каде ќе има Поетско матине на Матка, а вечерта - Меѓународен поетски митинг на плоштадот „Македонија“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаБританец лани платил 330 милиони фунти данок, сега ја напушта земјата Крис Рокос, милијардерот и основач на хеџ фондот Рокос Капитал Менаџмент, треба да ја напушти Велика Британија, станувајќи последен во низата британски супербогаташи што ја напуштаат земјата. Рокос планира да го пренесе својот даночен престој во Грција, а како дел од овој потег, ќе отвори канцеларија во Атина, објави Блумберг. Тој ќе им се придружи на голем број милијардери кои ја напуштија Велика Британија, од кои многумина ја поврзаа одлуката со крајот на статусот на не-домник, како и со повисоките даноци за инвестиции во приватен капитал, наследство и капитална добивка. Рокос, кој ја основал својата компанија во 2015 година, беше рангиран на третото место на годишната листа на „Сандеј Тајмс“ на најголемите даночни обврзници во Велика Британија. Се проценува дека во 2025 година платил околу 330 милиони фунти даноци. Според индексот на милијардери на Блумберг, неговото богатство е околу четири милијарди долари, или 2,96 милијарди фунти. Тој најчесто ја избегнува јавноста Оваа година тој донираше рекордни 190 милиони фунти на Универзитетот во Кембриџ за да се основа Училиштето за влада Рокос. Рокос, кој одел во државно основно училиште пред да добие стипендија за колеџот Итон, а потоа да студира математика на Оксфорд, во тоа време изјавил дека „сакал да ѝ врати нешто на Британија“. Милијардерот, кој во голема мера го избегнува јавното внимание и некогаш бил донатор на Конзервативната партија, поголемиот дел од изминатата деценија го поминал надгледувајќи едно од најскапите реновирања на приватна куќа во англиската историја. Станува збор за реновирање на куќата Тотенхем со 200 соби во близина на Марлборо во Вилтшир, вредно 175 милиони фунти, кое вклучувало додавање на тениски павилјон и приватно кино. Грција нуди 15-годишен даночен режим за богатите инвеститори. Тој бара од поединците да инвестираат најмалку 500.000 евра во недвижнини, компании или акции со седиште во Грција во рок од три години од аплицирањето за таков даночен статус. За возврат, тие можат да платат фиксен годишен данок од 100.000 евра за приход остварен во странство. Неколку познати богати луѓе ја напуштија Британија Неговото заминување доаѓа откако министерот за финансии Џон Хили, кој ќе го претстави својот прв буџет во октомври, во својот прв голем говор изјави дека сака Велика Британија да биде „земја што создава богатство“. Британскиот премиер Енди Бернам претходно поддржуваше повисоки даноци на богатство, иако во јули изјави дека нема веднаш да ги зголеми даноците по преземањето на функцијата. Откако конзервативниот министер за финансии Џереми Хант ги претстави плановите за реформа на системот „non-dom“ (преференцијален даночен режим за нерезиденти) во 2024 година, неколку познати богати луѓе ја напуштија Велика Британија. Меѓу нив се Шравин Барти Митал, наследник на едно од најбогатите индиски семејства, египетскиот инвеститор Насеф Савирис, и Ричард Гноде, долгогодишен банкар на Голдман Сакс. Гноде замина во Милано, додека се вели дека Савирис живее во Италија и Абу Даби. Митал ги наведе Обединетите Арапски Емирати како свое живеалиште, откако претходно ја наведе Велика Британија како свое живеалиште во официјалниот регистар. Минатата година, лабуристичката влада воведе нов систем според кој приходите и профитот остварен во странство се оданочуваат во Велика Британија по четири години, наместо претходните 15 години. Новиот систем, базиран на живеалиште, исто така значи дека сите нивни средства во светот се вклучени во даночната основа за наследство по 10 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
МакедонијаСтрав од пожари во Ѓорче Петров: Соседи сами косат туѓа нива за да си ги спасат куќитеДвајца жители од Ѓорче Петров со години сами ја косат и одржуваат соседната запуштена нива од два хектари за да ги заштитат своите домови од честите пожари.. Соседите Златко Обрадовиќ и Лазар Коцев со години сами се организираат и ја одржуваат нивата на соседите со цел да не им се запалат куќите од пожар. Нивата е голема два хектари и на само неколку метри од куќите. Нема лето да нема пожар на ова место. Се наоѓа блиску до обиколницата и патот каде се фрла шут што се гори, а ветерот предизвикува поголем страв дека пожарот ќе се прошири. Нивата некогаш била место каде се садело храна. Денеска е место каде ја покажува сликата дека традицијата завршила, а тревата висока и еден метар ја покрива родната земја. Лазар Коцев раскажува дека секој мирис на чад, ги враќа спомените кога пламенот стигнал до куќите и сами го гаселе сите соседи, во близина има и фабрика која преработува пласитка и може да има поголема катастрофа раскажува Лазар Коцев. Она што дополнително е проблем е што тука нема водовод, вода имаат од пумпите. Кога има пожар струјата се исклучува, и пумпите не работат. Вода нема за гаснење. Соседите за маката официјлано реагирале и до општина Ѓорче Петров каде бараат да се регира во овој дел од општината со запуштените ниви да се одржуваат, бидејќи пред месец дена куќа изгоре во пожар предизвикан од напуштена место каде имало пожар. Од општина Ѓорче Петров за канал 5 објаснуваат дека се запознаени со овој проблем и дека мора да има измени во законот. „Бараме законски измени немаме начин да делуваме, тоа дополнително е рурален дел и нема планска документација во голем дел“. Иако во законот за сопственот во член стои дека, правото на сопственот не смее да врши со цел на друг. Со тоа може да се огранички или да се одземе кога се работи за јавен интерес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗа некои професии нема одмор – како го поминуваат празничниот ден пожарникарите и лекарите?За некои професии нема празници. Додека Македонија празнува, има професии кои секогаш се на терен, меѓу нив се докторите, полицијата но и пожарникарите кои секогаш се на готовс без разлика на тоа што станува збор за празник. Нема празник ниту за вработените во дирекцијата за заштита и спасување – иако денеска информациите оттаму се дека алармантни пожари нема, сепак мобилни екипи на дирекцијата и пожарникари се на терен во месноста Рамно на скопска Црна Гора, каде се уште има активен пожар кој не претставува закана за околните села и објекти. Првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека работата за големи државни празници не е ништо ново за него и вработените – вели дека тие се секогаш подгототвени, но алармира и дека граѓаните треба да бидат одговорни, посебно доколку се одлучат да го поминат празникот на отворено. – Во суштина сите коишто се наоѓаме во вакви безбедносни области повеќе сме ангажирани во неработни денови – без разлика дали е викенд, празник или неработен ден бидејќи тогаш постои поголема раздвиженост на луѓето. Исто како денес на овој голем ден кога многумина со своите автомобили, се обидуваат да ги посетат своите блиски. Некои можеби ќе заминат во природа кршејќи притоа неколку основни закони, особено значајни за нас како на пример правење на скара. Затоа и ние сме посебно внимателни во текот на неработните денови и ја немаме таа привилегија како другите граѓани за време на неработен ден викенд или празник да бидеме слободни. Во првите редови кога народот празнува или слави секогаш се и докторите – па така итната медицинска помош во Скопје и денеска ќе има свои дежурни екипи активни во текот на целото деноноќие. – Секако дека е предизвик, иако е ден за одмор, меѓутоа, сепак, за тимовите и за службата за итна медицинска помош ова не важи, така да, ние сме секогаш спремни за одговор на сите овие вакви предизвици. Денеска располагаме со шест екипи во редовните тимови меѓутоа секако она што остава одбележје на денот е вечерашниот настан, а претходно секако дека имаме и медицински обезбедувања и пред платото на Владата.. За вечерашниот концерт на националната арена Тодор Проески по повод прославата на независноста предвиден е и посебен сообраќаен режим, што значи дека екипи на МВР ќе бидат активни во централното подрачје на главниот град во текот на целата вечер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook