КултураПоетски читања, Поетско кафе и средби со издавачи на СВП Портрет на Иван Џепароски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2016 година, Поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“, симпозиум на тема „Изгубено/најдено во преводот“ и Портрет на Горан Чолакхоџиќ, лауреатот на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО, се само дел од содржините што ќе ги понуди денеска фестивалот Струшки вечери на поезијата.Предвидено е и Поетско кафе - средби со издавачи, агенти и професионални посетители, а ќе се одржат и Поезија на пат - Ресен и Охрид, Меѓународно поетско читање - „Кругови“ 1, како и Вечер на македонската поезија - 55 години од наградата „Браќа Миладиновци“. Во рамки на Европската поетска платформа „Версополис“ презентации и дискусии ќе одржат Канцеларијата на Креативна Европа - Култура и МЕДИА при Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија (Канцеларија на Креативна Европа – Култура) и Канцеларијата на Креативна Европа - МЕДИА на Република Чешка. Полноќта е резервирана за музичко - поетскиот перформанс „Ноќ без интерпункција“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата. Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж. Идентитетот е непознат Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата. Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата. Историското значење на летот CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23. Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.Тагови: вселенска станица астронаут Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заеднициПоследните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година. Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место. Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПетмина руски функционери се во делегацијата за преговори за Украина во Абу Даби Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин.Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија на претстојните трилатерални разговори со САД и Украина во Абу Даби ќе биде претставена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-министрите за надворешни работи Сергеј Рјабков и Михаил Галузин, како и претставници на Генералштабот Игор Костјуков и Јуриј Жигарловски. Тие присуствуваа на состанокот на рускиот претседател Владимир Путин со постојаните членови на Советот за безбедност во петокот, на кој разговараа за претстојните разговори закажани за вторник, објави Интерфакс. Песков потврди дека споменатите функционери ќе учествуваат во разговорите, додека помошникот на претседателот Јуриј Ушаков, кој исто така присуствуваше на состанокот, ќе ги надгледува преговорите во својство на помошник на Путин за меѓународни работи. Путин претходно изјави дека ги поканил на состанокот функционерите кои ќе учествуваат во претстојните трилатерални разговори, кои вчера објави дека ќе се одржат на 10 ноември во Абу Даби.Тагови: Абу Даби украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter