ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат
2ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат
КултураПоетот Ко Ун добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2014 Јужнокорејскиот поет Ко Ун е добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2014 година, соопшти Дирекцијата на фестивалот денеска на прес-конференција. Ун (1933) има слава на национален поет и е меѓу најзначајните имиња на светската поезија.Во одлуката на одборот стои дека наградата му се доделува за „…високите уметнички остварувања, особениот поетскиот израз и силината на поетскиот сензибилитет преку кој човекувањето е преточено во поетско творештво“. Во присуство на неколкумина академици, одлуката во МАНУ ја соопштија првите луѓе на фестивалот - директорот Мите Стефоски и претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорго Димоски. Се обрати и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која му ја честиташе наградата на Ко Ун и му посака успешно издание на фестивалот во 2014. - Творештвото на овој автор е исклучително значајно по своите естетски и поетички особености. Критичарите се единствени во рецензиите кои говорат дека неговиот огромен опус од 150 дела не може да се спореди со творештвото на ниту еден жив автор во светот. Завлезен во своите осумдесет години, поетот Ун и денеска изненадува со својата творечка виталност која го држи на самиот врв на светскиот поетски интерес. Иако првенствено „Златниот венец“ се однесува на неговата творечката дарба, симболично преку неа се наградени и сите поетски вредности на азиската книжевност, на кои припаѓа и една голема литература како што е корејската, рече Канческа-Милевска. Признанието на Ко Ун ќе му биде врачено во август, за време на 53. Струшки вечери на поезијата. Во писмо до СВП Ко Ун пишува дека наградата од Струга ќе го охрабри уште повеќе да напредува како поет. - Постоеше едно златно доба на поезијата, кога луѓето првпат почнаа да поставуваат светилници кои гледаа кон полунебјето на океаните од овој свет и ги испраќаа своите зраци-водилки. Оттогаш, светилникот е синоним за поезија. Јас сум убеден дека поезијата ќе продолжи да ја извршува улогата на светилник во иднината на човековата историја, напишал Ко Ун во обраќањето до СВП по повод изборот тој да биде годинашен лауреат на фестивалот. Ко Ун е роден е во 1933 во градот Гунсан, во корејската провинција Чола, во време кога земјата била под окупација на Јапонија. Поетскиот опус му е огромен, напишал повеќе од кој било корејски поет. Издал 140 книги од кои 50 се книги поезија. Комплетното творештво објавено пред неколку години е собрано во 40 томови. Ален Гинзберг го опишал како „грандиозен поет, комбинација на будистичка маестралност, страстен политички либерал и историски натуралист“, а дека пезијата на Ко Ун ја отсликува корејската душа. Во најраниот творечки период, од 1952 до 1962, тој е монах на екстремна зен пракса, од 1962 до 1972 неговиот поглед кон нештата е темен и нихилистички, со очај и себеотфрлање, а помеѓу 1973 и 1983, во годините на социјалните немири и интензивирањето на продемократското движење, поетиката на Ко Ун добива нова трансформација. По годините во затвор, од 1983, станал многу продуктивен и напишал многу поетски збирки, меѓу кои и неколкутомните „Десет илјади животи“ и „Планината Паекту“. Овие дела се последица на случувањата поврзани со Движењето за демократија во мај 1980, кога стотици граѓани биле убиени од корејската војска, како и поетовото апсење, затворање и соочување со смртта. Од тогаш поетот издал над 40 книги. Во неговите песни се манифестира широк диверзитет: епиграми во неколку реда, долги дигресивни стихови, епични, пасторални, па дури и некои жанрови кои самиот тој ги создал, а можат да се наречат поп -историски песни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПоследователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)Анис ал-Асбахи, портпарол на Министерството за здравство под контрола на Хутите, денеска изјави дека седум лица се ранети во напади предводени од Саудиска Арабија врз пристаниште во Црвеното Море и нафтен објект во јеменската провинција Ходеида.Во објава на платформата „X“, тој напиша дека четворица цивили се ранети за време на нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пристаништето Рас Иса, додека тројца други се повредени во напад врз нафтен објект во округот Баџил. „Последователните напади врз нафтени постројки и витални пристаништа претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и придонесуваат кон низа воени злосторства насочени против цивили и критична инфраструктура“, изјави портпаролот. Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен. BREAKING: Saudi-led coalition STRIKES a Houthi fuel site in Yemen's Hodeidah > Coalition spokesman Turki al-Maliki says the "precision operation" hit resources the Houthis use for missile and drone attacks on Saudi Arabia and Red Sea shipping > Houthi media say 2 airstrikes hit an oil facility in Bajil district, injuring 3 civilians > It comes as smoke rose over an industrial site in Saudi Arabia's Dammam. Iranian state media blamed a Houthi strike; Saudi officials have not confirmed The Yemen front is heating up fast. 🎥 footage aired by Saudi-owned Al Arabiya -per Saudi Press Agency, Al Masirah — James Reichert (@_jamesreichert) November 1, 2026 Тагови: напади Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваатСудството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДС и ДУИ.Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци. Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани. Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема. Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче? Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми. Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот? За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИлијана Јотова победи на претседателските избори во БугаријаСпоред излезните анкети Илијана Јотова ќе биде прва жена на претседателската функција во Бугарија, по вчерашниот втор круг на изборите. Илијана Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Валчев победија на претседателските избори во Бугарија со 57,58 отсто од гласовите. Според обработени 99,95 проценти од записниците, за Јотова и Валчев гласале повеќе од 1 милиони избирачи. По објавувањето на резултатите, Јотова им се заблагодари на граѓаните за поддршката. Таа порача дека ќе се залага за соработка и изнаоѓање решенија.јотова оцени дека нејзината кампања била позитивна и без говор на омраза. Валчев најави посебно внимание за младите и нивната иднина. Тој рече дека ќе работи на создавање услови младите да останат во Бугарија, а раселените да се вратат. Премиерот Румен Радев им ја честиташе победата и порача дека граѓаните гласале за мир и стабилност.Тагови: Илијана Јотова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter