Поетесата Николина Андова Шопова на фестивалот во Братислава

 Познатата македонска поетеса Николина Андова Шопова учествуваше на поетскиот фестивал Ars Poetica во Братислава во Словачка. 

Во рамки на програмата на фестивалот, Шопова на 17 ноември ја претстави својата поезија во мултимедијалниот културен центар V-club.

Исто така, дел од нејзината поезија беше објавен од издавачката куќа „Ars poetica“ во превод на словачки јазик од Звонко Танески, со поддршка од македонското Министерство за култура.

Фестивалот кој е еден од најреномираните европски поетски фестивали, член на платформата „Versopolis“, оваа година се одржува од 15 до 22 ноември под мотото „Cherchez la femme“ - „Барајте ја жената“ и е посветен исклучиво на жени авторки и нивна афирмација.

Во рамките на програмата на Фестивалот, на словачката поетеса Мартина Стракова ѝ беше врачена плакетата со наградата „Мостови на Струга“, меѓународна награда што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО за дебитантска книга од млади автори до 35 години. Стракова беше добитничка на наградата во 2020 година за нејзината дебитантска книга „Разгледници од невидливите места“, но заради ковид пандемијата не беше во можност да учествува на фестивалот со физичко присуство./МИА

Новак Ѓоковиќ случајно го сретнал Рафаел Надал на лет кон САД, селфито го обиколи светот (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ замина за САД каде треба да учествува на турнирот во Индијан Велс, а на пат се сретна со добро познатото лице - Рафаел Надал.

Двајцата долго време не се сретнале на теренот, со оглед на тоа што Рафа Надал ја пропушти цела сезона поради повреда, а оваа година требаше да се врати, но повредата го спречи веќе на почетокот на годината да се обиде во првиот Грен слем турнир.

Таму Ѓоковиќ успеа да стигне до полуфиналето, каде што беше елиминиран од Јаник Синер, додека овојпат треба да се сретнат заедно во Индијан Велс, каде и двајцата се на списокот на учесници.

Се чини дека Надал конечно е подготвен и дека неговото тело нема да го изневери, а случајноста сакаше двајцата да се сретнат во авионот за САД.

– Одлично друштво на пат кон Америка – напиша накратко Новак Ѓоковиќ со заедничко селфи, објави Телеграф.

Над 90.000 работници во Мерцедес ќе добијат по 7.300 евра бонус

Mercedes објави дека, врз основа на прелиминарните резултати за финансиската 2023 година објавени денеска, се очекува вработените кои ги исполнуваат условите да добијат бонус за споделување профит до 7.300 евра.

Како знак на благодарност за нивните перформанси и ангажман во изминатата година, Mercedes-Benz повторно го споделува успехот на компанијата со своите вработени.

Износот на споделување на добивката е независен од степенот на плата, а конечниот износ зависи од утврдувањето на конечните резултати за последната финансиска година во март 2024 година. Шемата за споделување на добивката е доброволна придобивка што ја нуди компанијата, а околу 91.000 квалификувани вработени во Германија ќе го добијат со априлската плата.

„Минатата година, нашите вработени уште еднаш покажаа во предизвикувачко опкружување дека компанијата може да се потпре на нив. Како знак на благодарност за исклучителните перформанси и високата флексибилност што ја покажаа нашите колеги во 2023 година, нивната исклучителна посветеност повторно ќе биде почестена со бонус за споделување профит кој се очекува да биде рекорден износ.

Успешниот бонус за споделување профит не само што ја наградува посветеноста и напорната работа на нашите вработени, туку и нивната лојалност и решителност да ги надминат предизвиците и да ги постигнат целите“, рече Ергун Лумали, претседател на Советот за општи работи на Mercedes-Benz Group AG.

Вработените на тарифната скала во Mercedes-Benz имаат корист од споделувањето на добивката од 1997 година. За финансиската 2022 година, вработените кои ги исполнуваат условите веќе добија бонуси до максимален износ од 7.300 евра.

Осуден е поранешниот австриски премиер, Себастијан Курц

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц (37) е осуден на осум месеци условна казна поради давање лажни изјави.

Во својата денешна одлука, Виенскиот регионален суд утврди дека е докажано дека Курц имал поголемо влијание врз назначувањето на надзорниот одбор на државниот холдинг „Обаг“ отколку што тој признал пред истражниот комитет.

Себастијан Курц се уште не зборувал за оваа пресуда.

притисни ентер