Подвизите на алпинистот Дејановиќ од најсмртоносните врвови преточени во книга - Канал 5

Подвизите на алпинистот Дејановиќ од најсмртоносните врвови преточени во книга

Искуствата од искачувањето на трите најсмртоносни врвови во светот, познатиот македонски алпинист Здравко Дејановиќ ги преточи во книга.

Подвизите на алпинистот Дејановиќ од најсмртоносните врвови преточени во книга
Не само единствен во Македонија туку и меѓу ретките алпинисти во светот со ваков успех, храбриот Дејановиќ вели среќата искуството , физичката и менталната подготвеност се клучот да се освојат најризичните светски врвови.

Експедициите не хималаите, Монт Еверест, К2 и Анапурна беа пропратени со многу солзи, болка и таргедии. При искачувањето на Анапурна загинаа двајца членови на екипажот, а Дејановиќ остана без два прсти. Несакани настани имало и при искачувањето на Монт Еверест. Некои ослепеле, некои се повредиле а некои и починале. Доживеаните стресови оставаат трага и белег, се паметат вечно.

- На сите овие Хималајски експедиции, еве на Монт Еверест не од мојот тим туку од друг тим имаше луѓе што починаа, еден почина пред нас на К2 2013 починаа двајца, на К2 2014 почина човек од нашиот тим, на Анапурна двајца загинаа од мојот тим. Значи мора да бидете спремни на такво нешто, вели Дејановиќ.

Храбриот Дејановиќ се подготвува за нов подвиг, планира да го искачи врвот К 2 во зимски услови, со што ќе се запише како прв човек во историјата со таков успех.Со температури од минус 60 К2 е еден од најтешките врвови во светот. Досега е искачуван само во јуни и јули Во последните осум години е искачен само два пати. Имало обиди но никогаш никој во зима не успеал да го освои.

- Единствено К2 не е искачен во зимски период имало досега три четири експедиции кои што се обиделе тоа да го направат мегутоа се враќале по неколку трагични настани загинати членови Јас се обидував неколку луге сме во моментов ете пет до шест луге на планетава што сме спремни да одиме на К 2. Минатата година сакавме но сме малку ни требаат десет Оваа година правиме напори да анимираме барам десетина луѓе, вели Дејановиќ.

Планините и врвовите не се освојуваат по секоја цена. Доколку условите не дозволуваат планинарите треба да се откажат, но повторно да се обидат во нова експедиција.

- Планините било која планина ако не ти дозволува да се искачиш не треба да се искачуваш, тоа да се прави непромислено итн. Значи планината останува тука најважно е човек да биде здрав и жив секое искачување е неуспешно ако не се вратите жив, вели Дејановиќ.
Хималајскиот врв К2 се смета за еден од најризичните во светот поради снежните ледени лавини и по Анапурна е втор најмалку искачуван врв во светот. Дејановиќ со неговите фантастични подвизи е единствен од Македонија и на Балканот но и мегу ретките во светот што може да се пофали со овој успех.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија заедно со Словенија и Србија се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет во 2034.

Српската ракометна федерација објави дека, заедно со федерациите на Словенија и Македонија, официјално поднела кандидатура за организација и домаќинство на Европското првенство во ракомет во 2034 година.

Македонија заедно со Словенија и Србија се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет во 2034.

Како што е наведено, кандидатура за домаќин поднеле и Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Шведска и Турција, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе донесе одлука следната година на својот редовен Конгрес.

- Заедничката кандидатура ќе претставува проект кој, покрај спортскиот сегмент, ќе вклучува и институционална поддршка од владите на Србија, Словенија и Македонија, а во текот на следниот период, трите федерации и надлежните институции ќе работат на подготовка на комплетна кандидатура, која ќе ги вклучува сите потребни организациски, инфраструктурни, логистички и други аспекти важни за организацијата на еден од најголемите европски спортски настани - соопшти Српската ракометна федерација.

Се додава дека за Србија, Словенија и Македонија, заедничката кандидатура претставува и потврда за намерата трите земји дополнително да го поврзат својот спортски потенцијал и да настапат заедно на европската спортска сцена.

- Српската ракометна федерација, како и федерациите на Словенија и Македонија, ќе продолжат интензивна соработка во подготовката на кандидатурата во наредниот период, со цел заедничкиот проект да се претстави пред ЕХФ како сериозна и сеопфатна кандидатура за домаќинство на Европското првенство во 2034 година - соопшти Српската ракометна федерација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денес потпиша девет договори за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој. 

Министерот Серафимовски потпиша девет договори за промоција на домашното производство и развој на руралните средини

Вкупната вредност на договорите изнесува 1.283.889 денари.

Поддржаните манифестации се посветени на промоцијата на домашните земјоделски производи, подобрувањето на нивната препознатливост, непосредното поврзување на производителите со потрошувачите, како и афирмацијата на локалната традиција, гастрономијата и руралниот туризам.

„Најкраткиот пат од нивата до пазарот понекогаш започнува на локалниот плоштад, место каде што производителот може лично да застане зад својот производ, да го понуди и да му овозможи на потрошувачот да ја препознае неговата вредност. Со оваа поддршка отвораме простор локалните заедници да го претстават најдоброто што го создаваат, а манифестациите да донесат конкретна придобивка за изложувачите и локалните производители“, истакна министерот Серафимовски.

Поддршка за организирање манифестации добија:

-„Еко кам мед“ од Македонска Каменица за „Денови на медот во Македонска Каменица“;

- „Ума Сто“ од село Умин Дол за „Есенско пазарче“;

- „Слоу фуд Лихнидос“ од Охрид за „Вкусови на ферментацијата – органско производство на храна“;

- Општина Босилово за „Ајверијада во Општина Босилово 2026“;

- Општина Василево за „Ден на празот“;

- Општина Ново Село за „Костенијада“;

- Општина Чучер-Сандево за „Традиција на Скопска Црна Гора“;

- Општина Ресен за „Преспански јаболкобер“;

- Општина Кочани за „Денови на кочанскиот ориз“.

Избраните манифестации ќе се реализираат во периодот од 10 септември до 31 декември 2026 година. Преку нив ќе се промовираат производство на мед и органска храна, локални земјоделски производи и традиционална гастрономија.

Со реализацијата на оваа мерка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја продолжува поддршката за здруженија и единици на локалната самоуправа во организирањето манифестации што ја зголемуваат видливоста на домашните производители, ја поттикнуваат локалната економска активност и придонесуваат за развој на руралните средини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици

Ниските утрински температури, а поладневните летни повисоки ги зголемија настинките кај педијатрите и семејните доктори.

Температурните шокови ги наполнија детските амбуланти: Педијатрите советуваат слојно облекување и без антибиотици

Чести се вирусните инфекции со зголемена температура до 38. Најмногу на удар се децата во градинка и децата од помалите одделенија. Докторите со совет за слојно облекување, потопло наутро, а веќе од попладне во летна облека.

„Многу е важно веќе да се почне со витамин Д, децата да се рехидрираат и да не се посегнува по антибиотици“, вели д-р Мира Атанасова педијатар.

И во детската клиника Козле во амбулантите се зголемени ангините и респираторните инфекции кај малите деца. Промената на температурата е голема главоболка и за метереопатите, промена во притисокот, слаба концентрација и проблеми со спиењето, објаснува Атансова.

„Редовно земање на терапија, да се оди на прошетки кога е стабилно времето. Промените на времето многу предизвикуваат промена и со крвниот притисок, истиот редовно да се контролира“, вели д-р Мира Атанасова педијатар.

Од УХМР за утре најавуваат топло и стабилно време од недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Од вторник ќе има пад на температурите максималните температури ќе бидат 25 степени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер