Подољак: Договорот меѓу Русија и Северна Кореја ги поништува санкциите против Пјонгјанг - Канал 5

Подољак: Договорот меѓу Русија и Северна Кореја ги поништува санкциите против Пјонгјанг

Помошникот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска изјави дека договорот за партнерство меѓу Русија и Северна Кореја ги поништува сите ограничувања кои меѓународната заедница му ги наметна на Пјонгјанг.

Подољак: Договорот меѓу Русија и Северна Кореја ги поништува санкциите против Пјонгјанг

„Потпишувањето на „стратешкото воено партнерство“ е еднострано и најдрско поништување на целиот пакет меѓународни одлуки, резолуции и ограничувања наметнати на (КДРК) Северна Кореја“, објави Подољак на Икс.

Претходно денеска Русија и Северна Кореја го потпишаа Сеопфатниот договор за стратешко партнерство по разговорите меѓу делегациите на двете земји со учество на рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун.

Ким истакна дека со склучувањето на нов договор, Русија и Северна Кореја ги подигнаа своите сојузнички односи на ново високо ниво.

Рускиот лидер претходно тој документ го нарече фундаментален и истакна дека тој ќе ја претставува основата на односите меѓу Русија и Северна Кореја многу години.

Путин вчера пристигна во дводневна посета на Северна Кореја, која последен пат ја посети во 2000 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем штрајк предизвика немири во Италија: Демонстранти запалија картонски тенк

Во неколку италијански градови избија инциденти за време на генералниот штрајк.

Голем штрајк предизвика немири во Италија: Демонстранти запалија картонски тенк

Во Милано беше запален тенк од картон, во Џенова беа фрлани димни бомби и јајца, а во Рим беа прекриени таблите со цените на горивата.

Генералниот штрајк, на кој денеска повика синдикатот „CGIL“, се одвива низ цела Италија, а во него учествуваат работници од јавниот и приватниот сектор, пренесува „Adnkronos“. Во акцијата се вклучија и синдикатите „COBAS“ и „USB“, како и други работнички организации, при што се организирани протести на околу 100 јавни плоштади низ целата земја.

Штрајкот опфаќа различни сектори, од транспорт и образование до јавни услуги. Во Милано, за време на студентски марш, демонстрантите запалија картонска реплика на американски тенк во близина на Конзулатот на САД.

На чело на поворката беа носени фигури на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, прикажани како држат пушки. Демонстрантите го изразија своето противење кон милитаризацијата и војната, извикувајќи: „Влада што поттикнува војни – не ги сакаме вашите војни“.

Во Џенова, студенти кои учествуваа во марш против милитаризацијата фрлаа јајца кон седиштето на „Конфиндустрија“ (Генерална конфедерација на италијанската индустрија) на улицата „Виа Фјуме“. Пред влезот беше поставен картонски ковчег со натпис „тројца работници дневно“, а беа фрлени и димни бомби. Во Рим, двајца млади мажи со качулки се приближија до бензинска пумпа за време на студентскиот марш и ги прекрија таблите со цените на горивата со налепници на кои беше испишана бројката нула. Маршот започна на плоштадот „Пјацале Остиенсе“, при што учесниците протестираа против државниот буџет, војните, повторното вооружување и високите трошоци за живот. Протестот продолжи со пароли како: „Ние нема да ја плаќаме војната“.

За време на маршот, пред Колосеумот, студентите им оддадоа почит на работниците кои загинале на своите работни места, оставајќи жолт заштитен шлем испрскан со црвена боја – што ја симболизира крвта на жртвите. Во Рим се појавија и графити насочени против премиерката Џорџа Мелони и настанот „Атреју“, организиран од политичките сили од десниот центар.

Главниот протестен марш, организиран од синдикатот „CGIL“ во Рим, започна во 9:30 часот на плоштадот „Виторио Емануеле II“. По завршувањето на собирот на улицата „Деи Фори Империјали“, синдикатот соопшти дека на маршот учествувале 50.000 луѓе.

На протестот учествуваа генералниот секретар на „CGIL“, Маурицио Ландини, заедно со лидерката на Демократската партија, Ели Шлајн, и лидерот на Движењето „Пет ѕвезди“, Џузепе Конте.

Во Торино беа организирани два одделни протестни марша. Едниот, организиран од „CGIL“, собра илјадници работници и пензионери кои пристигнаа од различни делови на покраината. Вториот марш обедини стотици студенти од колективите „Оса“ и „Камбиаре Рота“, како и членови на синдикатот „USB“. Учесниците протестираа против повторното вооружување, високите трошоци за живот, кратењето на средствата за јавниот сектор и несигурните форми на вработување.

Според медиумските извештаи, штрајкот може да предизвика нарушувања во јавниот превоз – вклучувајќи ги автобуските, трамвајските и метро линиите – при што конкретните услови и времетраењето на прекинот на работа се разликуваат од град до град. Штрајкот влијаеше и врз училиштата, каде што синдикатите, исто така, организираа протестни активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и врнежливо време за викендов со температура до 22 степена, од понеделник снег

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР.

Променливо облачно и врнежливо време за викендов со температура до 22 степена, од понеделник снег

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

9 Попова Шапка, 11 Крушево, Лазарополе, 12 Маврови Анови, 15 Претор, 16 Охрид, 18 Крива Паланка, Прилеп, Берово, 20 Тетово, Битола, Виница, 22 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 23 Велес, Кавадарци, Демир Капија, 24 Скопје-Петровец, Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Во утринските часови времето беше променливо облачно со слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста се намали и преовладуваше сончево време со мала до умерена облачност. Дуваше слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен до силен ветер од западен правец, кој на повисоките места надминуваше брзина од 60 km/h.

Попладнево облачноста повторно ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Претежно во западните и североисточните делови ќе има повремен дожд. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за џебни кражби и имотни деликти

Превентивни активности за џебни кражби и имотни деликти, безбеден сообраќај, заштита од телефонски измами, семејно, меѓуврсничко и сајбер насилство

Превентивни активности за џебни кражби и имотни деликти

На 20.11.2026 на градскиот пазар во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од џебни кражби“, којa се реализираше со лична средба на граѓаните на кои им беа давани совети за самозаштита од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби и други кривични дела), каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски броеви 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.

На 20.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип спроведоа превентивна активност „Одговорно пред пешачки премин“ наменета за пешаците и „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. За време на превентивна активност во непосредна комуникација со пешаците и возачите им беше укажувано дека треба да бидат одговорни како учесници во сообраќајот. На пешаците им беа делени летоци со едукативна содржина.

На 20.11.2026 на повеќе места во централното градско подрачје во Штип, полициски службеници од полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа едукативна кампања под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, којa се реализираше со лична средба на граѓаните (возачите), на кои им беа поделени летоци со едукативна содржина, а им беше и укажано за важноста на поседување и носење задолжителна зимска опрема во возилата.

На 20.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани во OУ „Никола Карев“ во с. Тркање, кочанско на учениците од прво одделение им одржаа едукативно предавање со цел запознавање со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

На 20.11.2026 полициски службеници од ОВР Делчево, РЦ за ГР Исток и Полициско одделение Македонска Каменица реализираа превентивна активност „Заштита од телефонски измами“. Превентивната активност беше реалзизирана во Пензионерскиот дом во Делечво која имаше за цел подигање на свеста за препознавање и спречување на телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивносто семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Апел беше упатен да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат информациите преку директен контак со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112. На истите им беа поделени едукативни летоци.

На 20.11.2026 полициски службеници од полициска станица Делчево присуствуваа на состанок на Општински совет за превенција од детско престапништво, каде беше појаснето дека во текот на една учебна година се реализираат и спроведуваат превентивни активности во сите средни и основни училишта во град Делчево каде се одржуваат едукативни предавања на повеќе теми и тоа: Стоп за меѓуврсничко насилство-стоп за булинг и сајбербулинг, безбедно користење на интернет и социјални мрежи, стоп за алкохолот, никотинот и игрите на среќа, каде и како да се пријави насилство или закана, безбедно во сообраќајот, не користи пиротехнички средства и други теми.

На (19.11) Полициските службеници од Полициска станица за граничен надзор и гранични проверки Деве Баир, заедно со Полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, на подрачјето на општина Крива Паланка, реализираа превентивна активност за „Безбеден сообраќај“ преку едукативни совети, информации и делење на летоци на возачите и граѓаните на повеќе теми: „Вози одговорно“-користи зимска опрема, прилагоди ја брзината кон условите на патот, чувај го животот-стави сигурносен појас, не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите исто така им беше укажано за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината кон временските услови и условите на патот и последиците од нивно непочитувањето.

Денеска (20.11) и вчера (19.11) полициските службеници од ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Демир Хисар, ОВР Македонски Брод, ОВР Демир Хисар и полициското одделение Ропотово во централните градски подрачја и излезите од градовите на возачите на моторни возила им поделија едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Полициски службеници при Отсекот за превенција СВР Битола, во текот на вчерашниот ден во основното училиште „Крсте П. Мисирков“ во с.Бистрица, битолско реализираа работилница со совет на родители на тема врсничко и семејно насилство.

На 19/20.11.2026 Одделението за превенција при СВР Скопје, реализираше три едукативни работилници и две трибина. Во ООУ „Петар Поп Арсов“ на подрачје на ПСОН Карпош, со учесници од деветто одделение реализирани се три едукативни работилници на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство–Булинг и Сајбер булинг (насилство на социјалните мрежи)“ и превенција од зависности. Исто така со учениците од прва и втора година од СУГС „Ѓорги Димитров“ и СУГС „Орце Николов“ на подрачје на ПСОН Карпош реализирани се две трибини на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“. Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко, психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините на препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби согласно позитивната законска регулатива прилагодена и соодветна за возраста на учениците.

На подрачјето на ПСОН Центар во соработка со РСБСП реализирана е сообраќајно превентивна активност по кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“ и „ Носи појас“ која се реализираше преку средби со граѓаните (возачите) , на кои им беа поделени летоци со едукативна содржина, а им беше укажано за важноста на поседување и носење задолжителна зимска опрема, како и задолжително носење на безбедносен појас, со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот.

На подрачје на ПСОН Аеродром реализирана е превентивна активност во делот на имотни деликти – „Внимавај, Телефонски измами“ со цел подигнување на свеста кај граѓаните за препознавање и спречување на телефонски измами.

Денеска (20.11.2026) во Приватното училиште ,,Мариф“ и Средно економско училиште ,,8-ми септември" во Тетово, Отсекот за превенција при СВР Тетово продолжи со превентивно-едукативниот проект под мотото ,,Учам-Полагам-Возам" во која се предвидени предавања за учениците од трета година од средните училишта, со цел подобрување на безбедноста и подигнување на сообраќајната култура кај младите. Сообраќајната едукација и градењето правилни навики уште од најрана возраст се основниот пат кон долгорочна безбедност на патиштата. За време на предавањето, учениците беа запознаени со позначајните сообраќајни правила и прописи, законските обврски за носење заштитна опрема, но и со предвидените казнени одредби за прекршоците. Главната цел на овие активности е градење взаемна доверба помеѓу полицијата и младите, подигнување на нивната свест како идни возачи, како и директно намалување на бројот на сообраќајни незгоди и последиците од нив на подрачјето на СВР Тетово

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер