Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци - Канал 5

Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднело Обвинителен акт против едно лице за кривично дело убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Поднесено обвинение за убиство при семејно насилство во Кавадарци

Од Јавното обвинителство на Република Македонија денеска соопштија дека обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.01.2025 и 22.01.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

- Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци. Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување, се појаснува во соопштението.

Јавниот обвинител до Судот доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

ЦУК: Активни два пожара – кај дојранското село Николич и ресенското Перово

Само два пожари се активни во моментов, според извештајот на Центарот за управување со кризи до 13 часот.

ЦУК: Активни два пожара – кај дојранското село Николич и ресенското Перово

Евидентирани биле вкупно шест, од кои четири жаришта се под контрола.

YouTube video

Се одбележа еден век од осветувањето на тетовската соборна црква „Свети Кирил и Методиј“

 Во тетовската соборна црква „Свети Кирил и Методиј“ се одбележа 100-годишнината од осветувањето кое било извршено на истиот овој ден, празникот Петровден во 1925 година.

Се одбележа еден век од осветувањето на тетовската соборна црква „Свети Кирил и Методиј“

Беше отслужена света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во сослужение на надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, епископот Стобиски г. Јаков, архимандритот Георгиј-новоизбран митрополит Дебарско-кичевски, архимандритот Агатон, како и повеќе свештеници од тетовската и други епархии.

По литургијата во пригодниот говор пред верниците поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан посочи дека тетовци на почетокот на минатиот век биле апостоли на оваа Црква, кога го изградиле овој велелепен храм.

-Иницијатор за градбата бил прота Михаил Мартиновски, угледен тогашен свештенослужител, кој како архиерејски намесник успеал во 1902 година да добие одобрение за градба од султанот. Храмот се градел долго и бил завршен во 1918 година, а бил осветен пред 100 години во 1925 година од тогашниот скопски митрополит Варнава, истакна архиепископот.

Низ годините по осветувањето, љубовта на тетовци кон храмот била покажувана многукратно, посочи г.г Стефан.

-Така во 30-тите години е украсуван дворот на храмот. Во 60-70 години се вршеле бројни санации, а во 1991 е извршена изградбата на камбанаријата. Во наши дни под водство на неговото високопреосвештентсво митрополит Јосиф храмот беше украсен и со овие нови убави фрески. Сите тие генерации на добротворци на овој храм се сведоци дека во нашиот народ живее рамноапостолскиот дух, односно дека Апостол треба да биде секој од нас, затоа што сите сме повикани да учествуваме во спасоносното дело на црквата Христова, истакна поглаварот.

Во обраќањето архиепископот се осврна и на значењето на денешниот датум - 12 јули, кога Црквата го прославува празникот Собор на светите славни и сефални 12 апостоли - Петровден. На литургијата верниот народ се причести со светите тајни.

Шест, а не три обиди за ин витро оплодувања на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели

На шест наместо досегашните три ин витро оплодувања, ќе имаат право семејствата кои се обидуваат да имаат деца. Барањата за нив ќе се одобруваат за две недели, а не како како што беше досега за три месеци.

Шест, а не три обиди за ин витро оплодувања на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели

Ова го соопшти првиот човек на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој потенцира дека вештачкото оплодување станува дел од основниот пакет здравствени услуги.

Лани имало 1.495 барања за ин витро, а во осумте центри во земјава каде е тоа достапно реализирани биле 1.108 интервенции, во најголем дел за прво дете.

Освен подобрувањето на биомедицинското поддржано оплодување, на 10 јули на иницијатива на група пратеници во соработка со Министерството за здравство и Фондот, усвоени бил уште неколку новини.

Ќе се олесни и лекувањето во странство затоа што рокот на одлучување за тоа дали пациентот ќе се прати вон земјава се крати од 45 на 30 дена. Дополнително целосниот процес ќе биде поделен помеѓу првостепената и второстепената комисија и нема да има одолговлекување на процесот.

Уште една од важните измени во Фондот е тоа дека институцијата ќе ја раководи еден директор, и се враќа на концептот на директор и заменик директор кој постоеше до пред 15 години.

Исто така согласно барањата на ЕУ, почнат бил процест на изедначување на правата на странските државјани со регулиран престој во земјава и тие да имаат државно здравствено осигурување.

YouTube video

притисни ентер