МакедонијаПоднесено обвинение за депониите во Вардариште против три лицаПоднесено е обвинение за трите приведени лица за создавање на дива депонија и пожарот на Вардариште. Се товарат за Загрозување на животната средина и природата со отпад, кривично дело со кое им се заканува затворска казна од три месеци до три години. Од 2020 година до септември 2025, без дозвола за управување со отпад, откупувале старо железо, акумулатори и други метални производи. -Тие вршеле оставање, фрлање и непрописно транспортирање на отпадот, со што создале диви депонии, кои биле констатирани при настанат пожар на дел од локацијата. Со ваквите незаконити дејствија обвинетите влијаеле врз квалитетот на почвата и воздухот и предизвикале опасност по животот и здравјето на луѓето, велат од Јавното обвинителство од каде за тројцата побарале и продолжување на притворот. Проблемот со депониите се следи, уверува премиерот Христијан Мицкоски. Вели дека веќе се преговара со компании да интервенираат и на двете депонии, Вардариште и Дрисла но и тврди дека намерно се палат депониите за да се предизвика паника кај граѓаните. министерот за здравство Азир Алиу пак уверува дека во моментов воздухот во Скопје не е до толку загаден за да предизвика здравствени проблеми кај граѓаните. -После успешно завршената сезона со справувањето на пожарите, очигледно на некој тоа му прелеше и периодот на избори го користи да создаде паника. Тоа е проблем кој е создаван со децении и никој досега не го решил. Тоа што треба државата да го направи ќе го направи но и сторителите ќе бидат откриени и санкционирани,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Лидерот на на СДСМ Венко Филипче пак ја обвини власта дека го игнорира проблемот со загадувањето. -Скандалозна е изјавата на премиерот дека „Знаете загадено е, можеби изгледа така е ама нема доволни количини на честички“, кога луѓето знаеја како дишеа, синоќа, вчера, а власта не прави ништо. Сериозно е загрозено здравјето на граѓаните. таквата изјава на премиерот е во најмала рака непочитување на граѓаните,- изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ. Во врска со вчерашната изјава на премиерот Мицкоски околу загаденоста на воздухот, денеска 02 Иницијативата го прашаа - Кои параметри покажуваат дека нема „аларм“ за воздухов кој го дишеме деновиве од запалени депонии и отпад? . Објавија табели со состојбата на воздухот во Скопје барајќи експертска реакција а не како што велат негирање на штетните последици по здравјето на граѓаните. Тагови: Обвинителството Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 80 години ЈУ Детски дом „11 Октомври“, 80 години љубов и грижа за децата без родителиЃорѓиевски денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска со особена чест присуствуваше на свеченоста по повод осум децении постоење на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, што се одржа под покровителство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. - Осум децении во кои генерации воспитувачи и стручни работници со знаење, трпение и љубов им обезбедуваат сигурна и професионална грижа на децата без родители и без родителска грижа. Секое дете заслужува да расте со чувство дека припаѓа. Да има кому да му се довери кога нешто го мачи, кого прво да го израдува со добра вест и кој да му каже „Верувам во тебе“ токму кога му е најпотребно. На сите што низ годините сте биле таа поддршка за децата, од срце ви благодарам. По 80 години, вредноста на вашата работа најдобро се гледа во оние навидум мали, а за едно дете огромни моменти кога знае дека може да смета на вас. Наша одговорност е да им бидеме потпора и додека растат и кога ќе дојде време сами да го изберат својот пат. Нека е честит големиот јубилеј – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека како градоначалник на Скопје, останува посветен, во соработка со надлежните институции, на тоа овие деца да ги имаат истите можности како и нивните врсници - да учат, да спортуваат, да го откријат својот талент и со самодоверба да зачекорат во самостоен живот.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПарното во Скопје повторно поскапува: Од 1 јануари повисоки сметки за 7,5 проценти?Скопјани од 1 јануари 2027 година ги очекува ново поскапување на парното греење.Според пресметките од предлог-одлуките објавени на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика, за најголем дел од домаќинствата цената на греењето ќе се зголеми за околу 7,5 проценти. За фирмите и другите правни лица, пак, предвидено е зголемување за околу 13 проценти. Како главна причина се наведува растот на цената на природниот гас. Ова ќе биде трето поскапување на парното во период од една година, а од регулаторната комисија велат дека конечните проценти ќе се знаат по одржувањето на редовна седница за барањата.Тагови: парно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter