Поднесено обвинение за адвокатот Фехми Стафа за поткупот од 50.000 евра - Канал 5

Поднесено обвинение за адвокатот Фехми Стафа за поткупот од 50.000 евра

Стафа му беше адвокат на Љупчо Пецов-Ѓаволот кој беше во бегство. 

Поднесено обвинение за адвокатот Фехми Стафа за поткупот од 50.000 евра

Адвокатот и поранешен државен правобранител, Фехми Стафа, кој беше уапсен во декември под сомнеж дека примил 50.000 евра кои требало да му ги даде на судија од скопска Апелација за да издејствува поблага мерка на обезбедување на свој клиент, ќе одговара за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, информираа од Обвинителството, кое соопшти дека е поднесен обвинителен акт.

„Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши“

Стафа му беше адвокат на Љупчо Пецов-Ѓаволот кој беше во бегство. Сомнежите се дека парите биле побарани за да се „среди“ замена на мерката притвор со домашен притвор. Од Обвинителството информираат дека обвинетиот побарал поголема сума, а дел од парите биле исплатени во два наврати – прво 30.000 евра во октомври, а потоа уште 20.000 евра во декември 2025 година. Во моментот на приведувањето кај Стафа биле пронајдени 20.000 евра, дел од договорениот износ. Овие пари наводно требало да му ги исплати на судијата од СКОПСКА Апелација Ѓоко Ристов кој во јануари беше уапсен кога истражителите открија 350.000 евра скриени во ѕид од кујната во куќата на неговите родители. Тој беше испратен во куќен притвор, додека за Стафа, како што соопшти денеска ОЈО ГОКК, обвинителите предложиле да му се продолжи ефективниот притвор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Компаниите за вештачка интелигенција масовно купуваат користени книги за да избегнат информации „загадени“ од вештачка интелигенција

Продавачите на половни книги во Британија и Ирска забележуваат нагло зголемување на нарачките на големо од мистериозни купувачи, што поттикнува сомнежи дека технолошките компании собираат податоци за развој на вештачка интелигенција.

Компаниите за вештачка интелигенција масовно купуваат користени книги за да избегнат информации „загадени“ од вештачка интелигенција

Продавачите на книги со кои разговараше „Гардијан“ потврдуваат дека нарачките доаѓаат од САД, Канада, Европа и Велика Британија, а колеги од Австралија известуваат за сличен тренд.

Сето ова се случува кратко по откритието дека компанијата за вештачка интелигенција „Антропик“ (Anthropic) потрошила милиони долари на книги што ги скенирала исклучиво за да собере податоци, пишува „Гардијан“.

Стјуарт Менли, косопственик на книжарницата „Бартер букс“ (Barter Books) од Алнвик, вели дека нарачките почнале да пристигнуваат пред три месеци. Тој објаснува дека тие се необични бидејќи не следат вообичаени тематски целини, како што се спортот или автомобилизмот. „Дефинитивно станува збор за чудна комбинација на книги“, рече Менли. „Нарачките обично се тематски, а овие се сосема случајни“, додаде тој.

Една неодамнешна нарачка вклучуваше естонски превод на романот *The Mission Song* од Џон ле Каре, примерок од *Agnes Grey* на Ен Бронте од одреден издавач, како и изданието од октомври 1983 година на месечното списание *Warship*. Менли додава дека продал стотици случајно избрани книги на тројца купувачи, во вкупна вредност од околу 4.000 фунти.

Џим Шонеси, сопственик на книжарницата „MW Books“ во Клерголвеј, Ирска, потврдува дека неговата компанија добива големи и разновидни нарачки уште од мај.

„Нарачките се спорадични и изгледаат како да се генерирани од машина. Немаат заедничка тема: опфаќаат сè – од книги за африкански земјоделски алатки од 18-тиот век до биографии на возачи на тркачки автомобили од 1950-тите“, изјави тој. „Лично, не сметам дека е наша работа да одлучуваме што купувачите ќе прават со книгите, но многу е интересно да се набљудува што точно избираат тие“, додаде тој.

Дејвид Гауер-Спенс, сопственик на „BookLovers of Bath“, вели дека во периодот од мај до јули добил бројни нарачки кои вкупно опфаќале околу 200 книги.

Купувачите беа истите оние што ги спомнуваа и други продавачи. Еден од нив е канадската компанија „Zoom Books“, која себеси се опишува како „водечка компанија за рециклирање книги во Северна Америка“. „Гардијан“ стапи во контакт со „Zoom“ за коментар. „Во еден момент, обемот на работа беше преголем, а јас вообичаено сум прилично добро организирана“, изјави Гауер-Спенс.

Еден британски продавач, кој сакаше да остане анонимен, објаснува дека повремено пристигнуваат нарачки од различни купувачи, но сите се испраќаат на иста адреса.

„Идентитетите зад овие нарачки се многу нејасни, дури и за искусните продавачи“, рече тој. Поштенскиот код за испорака што го користат повеќе купувачи – а кој го виделе новинарите на „Гардијан“ – води до комплекс од магацини за товар во близина на лондонскиот аеродром „Хитроу“. Истиот продавач, кој од јануари наваму примил нарачки за 6.000 книги во вредност од илјадници фунти од такви купувачи, забележува дека тие ја плаќаат целосната цена и не бараат попусти за големи количини.

Технолошките компании постојано бараат нови извори на материјал за развој на понапредни модели. Користените книги – од кои многу се објавени со децении пред појавата на ChatGPT и не се дигитализирани – претставуваат потенцијален извор на свежи, неискористени податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почувствуван земјотрес во Гостивар и околината

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Почувствуван земјотрес во  Гостивар и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 16 часот и 10 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 47 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Гостивар и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Епидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата..

Д-р: Даниловски: Сега не може да се каже дека ова е врвот на епидемијата на Западен Нил

Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски..

Целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со епидемиологот доктор Драган Даниловски погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер