3ЈО: Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на “Пулс” и поврзаните фирми
Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
1Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
ЕвропаПоднесено обвинение против сопругата на шпанскиот премиер- судот одреди строги мерки против Бегоња Санчез Шпанскиот судија Хуан Карлос Пеинадо денеска одлучи да поднесе обвинение против сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегоња Гомез.Шпанскиот судија Хуан Карлос Пеинадо денеска одлучи да поднесе обвинение против сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегоња Гомез, мерка што вклучува одземање на нејзиниот пасош, забрана за напуштање на земјата и обврска за јавување кај надлежниот суд двапати месечно. Мерката е донесена по барање на приватни обвинители предводени од ултракатоличкото здружение Хасте Оир, кое вклучува и крајно десничарски организации, вклучувајќи ја и партијата Вокс, објавува Паис. Судијата ги нареди истите мерки и против Кристина Алварез, советничка на Бегоња Гомез во резиденцијата на премиерот во Монклоа, се наведува, додавајќи дека станува збор за судија која претходно одбила да го ограничи движењето на сопругата на Педро Санчез, но сега направила голем пресврт. Во своето образложение, судијата навел дека постојат „разумни индикации за можно кривично дело“ и дека, со оглед на затворските казни предвидени за делата за кои се товарат, постои ризик двајцата да се обидат да „избегнат од правдата“. Пеинадо дури тврди дека полицајците задолжени за безбедноста на Бегоња Гомез би можеле да ѝ помогнат во евентуално бегство. „Нема сомнение дека овие полицајци, или по сопствена иницијатива или по налог на нивните претпоставени, би можеле да учествуваат во акции што би го олесниле таквото бегство“, рече тој во одлуката. Судијата Пеинадо, според весникот, отиде чекор понатаму, нагласувајќи дека функцијата премиер, која моментално ја држи нејзиниот сопруг, е „привремена и минлива“ и дека заштитата што ја ужива од државните безбедносни служби еден ден би можела да заврши, што „дополнително би го олеснило евентуалното бегство“. Ова не е прв пат приватни обвинители да побараат запленување на пасошот на Бегоња Гомез, а такво барање е поднесено уште во ноември 2024 година, кога таа требаше да патува со својот сопруг на самитот на Г20 во Бразил. Во тоа време, Пеинадо одби да ги ограничи нејзините движења, опишувајќи ја мерката како „непотребна“ и „несразмерна“ и дека истрагата е во почетна фаза, иако веќе траела шест месеци, додавајќи дека е тешко да се замисли дека сопругата на премиерот би сакала да живее во странство долго време, со оглед на тоа што ужива во услови на живот „над просекот на кој било шпански граѓанин“. Сопругата на шпанскиот премиер е постојано под полициска заштита и живее во комплексот Монклоа, кој е под строги безбедносни мерки, според Паис. Бегоња Гомез е обвинета за четири кривични дела: злоупотреба на влијание, деловна корупција, злоупотреба на јавни средства и злоупотреба на средства. Истрагата се базира на две главни обвинувања: дека сопругата на Педро Санчез ја искористила својата врска со лидерот на Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) за да напредува во сопствената професионална кариера и дека ја користела помошта на својот советник за да ги извршува приватните работи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
СветИзраел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 годинаИзраелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори, први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.На изборите ќе се одлучува за политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Анкетите покажуваат неизвесна трка меѓу блокот на Нетанјаху и опозицијата.опозицискиот блок Јашар го предводи поранешниот началник на генералштабот, Гади Ајзенкот. Ниту еден од двата табора, според анкетите, нема сигурно мнозинство од 61 пратеничко место.Тоа би можело да доведе до долги преговори за формирање нова влада. Изборите се одржуваат во услови на меѓународни критики за војната во Газа. Критики има и поради насилството и проширувањето на еврејските населби на западниот брег. Резултатите се следат и во странство, во време на зголемени тензии меѓу Израел и Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДенеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?На 27 октомври, православните верници го одбележуваат празникот посветен на Света Петка Епиватска, позната и како Света Петка Трновска. Во народот празникот е познат како Петковден, а светицата се почитува како заштитничка на жените, децата, болните и сиромашните. Со нејзиното име се поврзуваат бројни народни верувања, обичаи и преданија што се пренесуваат од генерација на генерација. Според народните верувања, Света Петка ги штити луѓето од несреќи и природни непогоди, а жените ѝ се молат за здравје, семејна благосостојба и пород. Во многу места во Македонија празникот се одбележува со посета на црквите, палење свеќи и молитви. Кoja била Света Петка Епиватска? Во христијанската традиција се почитуваат повеќе светици со името Параскева, односно Петка. Меѓу нив се Света Параскева Римјанка, чиј празник се одбележува на 8 август, и Света Параскева од Иконија, која се празнува на 10 ноември. На 27 октомври се чествува Света Петка Епиватска, позната и како Трновска, една од најпочитуваните светителки во православието. Според житието, таа била родена во Епиват, во близина на Цариград, кон крајот на X век, во благочестиво христијанско семејство. Нејзиното име, Параскева, потекнува од грчкиот збор што значи „подготовка“ и се поврзува со петокот, денот пред еврејскиот сабат. Нејзиниот брат Ефтимиј исто така го посветил животот на верата, се замонашил и станал епископ. По смртта на родителите, Петка го напуштила семејниот дом. Прво заминала во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што, според преданието, живеела во молитва, пост и духовно искушение. Кога остарела, ѝ се јавил ангел кој ѝ порачал да се врати во родниот крај. Таа се вратила во Епиват, каде што живеела уште две години, а потоа починала. Бидејќи жителите не знаеле која е, била погребана надвор од градот како непозната туѓинка. Преданието за нејзините мошти Според црковното предание, неколку години по нејзината смрт, во близина на местото каде што била погребана бил закопан и починат човек. При откопувањето на гробот, присутните забележале дека телото на светицата не се распаднало. Во преданието се раскажува дека една ноќ на човек што учествувал во погребот му се јавила светителка во сон и побарала нејзините мошти да бидат извадени и достоинствено положени на друго место. Така, според верувањето, било откриено чие тело почивало во гробот. Моштите на Света Петка првично биле пренесени во црква во Епиват, а подоцна, во текот на историјата, биле преместувани на повеќе места. Биле чувани во Трново, во денешна Бугарија, потоа во Влашко, Белград и Цариград. Денес нејзините мошти се наоѓаат во градот Јаш, во Романија, каде што голем број верници доаѓаат да им се поклонат. Во народното верување и денес постои предание дека Света Петка може да им се јави на луѓето во сон, носејќи им утеха или предупредување. Зошто Света Петка е толку почитувана во Македонија? Култот кон Света Петка е широко распространет и во Македонија. Во нејзина чест се изградени цркви и манастири, а бројни извори и лековити води во народната традиција се поврзуваат со нејзиното име. Во различни делови од земјата се негуваат посебни обичаи за Петковден. Верниците го одбележуваат празникот со молитва, посета на храмовите и палење свеќи, а некаде се носат и леб, пченица и вино. Еден од познатите обичаи е таканареченото „петолебие“, при кое верниците носат пет леба во црквата. Обичајот се поврзува со библискиот настан во кој Исус Христос со пет леба нахранил пет илјади луѓе. По осветувањето, еден од лебовите се враќа кај верникот, додека другите остануваат во храмот. Што велат народните обичаи за Петковден? Петковден во народната традиција се смета за значаен празник, кој треба да се помине во мир, молитва и почит. Верниците често се воздржуваат од тешки физички работи и денот го посветуваат на семејството и духовниот живот. Во некои средини постои обичај во црквата да се носат дарови, како масло за јадење или облека, наменети за оние на кои им е потребна помош. Иако обичаите се разликуваат од регион до регион, заедничка е вербата во заштитничката улога на светицата и молитвата за здравје, мир и благосостојба. Петковден и денес има посебно место во духовниот и народниот живот на многу семејства во Македонија, а преданијата за Света Петка продолжуваат да се пренесуваат од генерација на генерација.Тагови: празник Света Петка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаВо Скопје посебен сообраќаен режим на посета доаѓа претседателката на парламентот на КосовоПретседателката на парламентот на Косово, Албуљена Хаџиу, денеска доаѓа во Скопје. За време на посетата таа ќе престојува во македонското собрание, каде што ќе се сретне со собранискиот спикер.Според информациите на прес-службата на собранието, Хаџиу ќе биде пречекана со високи државни и воени почести, по што ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на парламентот Африм Гаши. Ќе се потпише и во книгата на впечатоци.поради посетата на делегацијата од Косово, денеска во главниот град ќе има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter