БалканПоднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови СадВишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ.Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека поднело обвинение против тие лица во врска со трагичниот настан од 1 ноември годинава . Наведено е дека - меѓу обвинетите е и Ј.Т. (Јелена Танасковиќ) поранешен в.д генерален директор на „ Инфраструктура на железница на Србија “ , Г.В. (Горан Весиќ) поранешен министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, А.Д. (Анита Димовски) поранешен помошник министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура и Н.Ш. (Небојша Шурлан) поранешен генерален директор на „Инфраструктура на железница на Србија“. Тие се товарат за сторено кривично дело Тешко дело против јавната безбедност од член 288 ст.2 од Кривичниот законик. Обвинението, е поднесено по завршување на истражната фаза од кривичната постапка со издавање на Наредба за завршување на истрагата. Обвинението е поднесено до Вишиот суд во Нови Сад, придружено со целата документација собрана во текот на предистражната и истражната постапка, како и сите други докази кои го поткрепуваат постоењето на основано сомнение за поднесување обвинение. Обвинителството побара продолжување на притворот за оние кои веќе се во притвор, како и враќање во притвор на оние кои моментално се на слобода, вклучително и поранешниот министер Весиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
СудбинаУжас на грчки остров: Жена задавила мачка со јаже, добила казна од 30.000 евраШеесет и тригодишна жена е уапсена откако убила мачка на Закинтос и е казнета со 30.000 евра, соопшти локалната полиција.Жената од Ромири на Закинтос била пријавена од сопственикот на мачката, објавува „Катимерини“. Според Здружението за заштита на животните на Закинтос (ЗОМЗ), жената задавила возрасна мачка со јаже. Телото на животното, според упатствата на властите, е во замрзнувачот на сопственикот и таму ќе остане до вторник, 25 август, поради локалниот празник Свети Дионисиј, кој се слави на 24 август и е слободен ден за жителите на островот.Тагови: мачката остров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОд идната недела целосно се забрануваат мобилните во средните училишта во Франција Од почетокот на новата учебна година, која започнува следната недела во Франција, во сите средни училишта ќе стапи на сила целосна забрана за употреба на мобилни телефони. Одлуката денеска ја потврди портпаролката на владата Мод Брежеон, која објави дека францускиот претседател Емануел Макрон одлучил да го прогласи законот со кој се воведува мерката, пишува Euronews. „Уставниот совет ја потврди забраната за мобилни телефони во средните училишта. Претседателот на Републиката затоа одлучи да го прогласи законот, се разбира без членовите што се сметаат за неуставни. Целта е веќе потврдените правила да почнат да се применуваат во стабилна правна рамка. Едноставно кажано, забраната за мобилни телефони во средните училишта може да стапи на сила од почетокот на новата учебна година, врз основа на закон заснован на закон“, рече Брежеон. Исклучоци за часови и посебни програми Законот предвидува можност за исклучоци за употреба на мобилни телефони за образовни цели за време на часовите или за одредени административни потреби. Исклучоци би можеле да важат и за ученици што посетуваат посебни програми, како што се подготвителни часови за прием на елитни француски универзитети, таканаречените grandes écoles. Сепак, оваа мерка се воведува без претходно планираната забрана за пристап до социјалните мрежи за лица под 15 години. Тој дел од законот беше отфрлен од Уставниот совет претходно овој месец. Премиерот Себастијан Лекорну објави дека владата веќе подготвува нова верзија на законот што ќе биде усогласена со одлуката на највисокото правно тело во земјата.Тагови: мобилните средните училишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15
ЕвропаНова анкета во Франција: Води Ле Пен, главе ривал ѝ е радикален левичар Лидерот на француската радикална левица, Жан-Лук Меланшон, е најверојатниот противник на кандидатката на десницата Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори следната година. Ова го покажа анкета објавена денес, која исто така ја потврдува длабоката поделба на францускиот електорат на крајот од мандатот на Емануел Макрон, пишува Ројтерс. Спој на левицата и десницата во анкетите Според резултатите, Меланшон, кандидатот на партијата Неосвоена Франција (LFI), влегува во вториот круг во три од петте испитувани сценарија, додека во четвртиот е изедначен на второто место. Сепак, истата анкета предвидува дека Ле Пен би го победила убедливо во конечната пресметка. Проекциите покажуваат дека Меланшон би можел да добие помеѓу 16 и 17 проценти од гласовите во првиот круг, а Ле Пен помеѓу 35 и 38 проценти. Во вториот круг, Ле Пен би победила против Меланшон со 64 проценти од гласовите. Ослабениот центар отвора простор Резултатите се неповолни за кандидатите на политичкиот центар, на кои им е тешко да се позиционираат во атмосфера на растечка поларизација. Како што вториот и последен мандат на Макрон се ближи кон крајот, неговото заминување остава ослабен центар и кревка економија. Ова отвора простор за радикални опции, како што се LFI на Меланшон и Националното собирање на Марин Ле Пен. „Ризикот дека г-ѓа Ле Пен и г-дин Меланшон ќе се соочат еден со друг во вториот круг е реален и сериозен“, изјави кандидатот на центарот Едуар Филип за новинарите. Жан-Лук Меланшон досега се кандидираше за претседател три пати, во 2012, 2017 и 2022 година, но никогаш не успеа да влезе во вториот круг.Тагови: Марин Ле Пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter