Поднесени над 9.000 нови барања за приватизација на државно земјиште

Во изминатиов период се поднесени преку 9.000 барања за приватизација на државното земјиште

Што укажува дека кај граѓаните постои голем интерес за оваа приватизација, откако минатата година беше дадена нова можност за поднесување барања, беше истакнато на денешната средба на заменик министерката за финансии Ширет Елези и директорката на Управата за имотно-правни работи Шасине Касами.

Како што соопшти Министерството за финансии, на средбата било посочено дека забрзано се работи на решавање на сите поднесени барања, при што има околу 11.400 нови решени предмети.

Заменик министерката Елези изјави дека давањето нов рок за поднесување на барања за приватизација до крајот на 2021 година, било во насока да се излезе во пресрет на граѓаните кои по истекување на рокот во 2014 година не можеле да си го приватизираат земјиштето.

– Кога се правеа законските измени во Министерството за финансии ги земавме предвид барањата на граѓаните. Имено, тогаш пристигаа реакции од граѓани кои не успеале да го запазат рокот за поднесување барање во 2014 година, како граѓани кои живееле во странство, но и граѓани кои живеат во земјава. За таа цел со законското решение го продолживме рокот до крајот на 2021 година. Согласно податоците и новоподнесените барања во Управата за имотно-правни работи се гледа дека има интерес кај граѓаните и дека продолжувањето на рокот е основано, нагласи Елези, додавајќи дека е најважно да има и добра динамика на решавање на поднесените предмети.

Директорката Касами информираше дека забрзано се работи на решавање на предметите, како новоподнесените, така и стари, нагласувајќи дека од вкупно поднесените 232 илјади предмети веќе се решени преку три четвртини.

Во соопштението се посочува дека е изработена веб-платформа privatizacija.gov.mk, преку која граѓаните ќе можат да се информираат во која фаза им се наоѓа предметот и во секој момент до каде е нивното барање. Во моментот во системот се достапни само предметите за приватизација од 2018 и 2019 година, а во тек е и постапка на внесување на старите предмети, со тенденција во текот на наредната година да се внесат и да бидат достапни сите стари предмети кои се во постапка.

– Порталот privatizacija.finance.gov.mk за проверка за статус на предмет се користи многу едноставно. Се што е потребно е архивскиот број на предметот, која година е поднесен, катастарската парцела и општина каде е поднесен или матичен/даночен број. Софтверот на е-маил доставува податоци за статусот на предметот. Пуштањето на порталот е само еден од чекорите кои ги преземаме за Управата за имотно правни работи да биде ефикасна и модерна институција која е ориентирана кон граѓаните и фирмите, а понатаму ќе се стремиме да се усовршуваме, да воведуваме и други новини, да учествуваме и во други проекти, се со цел поефикасно и побрзо решавање на барањата на граѓаните и фирмите, изјави Касами./МИА

Големи антивладини протести во Братислава, Словаците против планот на Фицо (ВИДЕО)

Во словачкиот главен град Братислава се собраа неколку десетици илјади граѓани да протестираат против намерата на владата на премиерот Роберт Фицо да го реформира јавниот радиодифузен сервис РТВС.

Како што пренесува „Еуроњуз“, опозицијата стравува дека властите ќе го напуштат прозападниот курс и ќе тргнат по стапките на автократот Виктор Орбан, премиер на соседна Унгарија.

Демонстрантите во Братислава веруваат дека целта на владата е да преземе целосна контрола врз јавниот медиумски сервис (телевизија и радио). Коалициската влада на популистот Роберт Фицо одлуката за реформа на јавниот медиумски сервис ја донесе на 24 април, а одлуката на парламентот каде владата го има потребното мнозинство, се очекува во јуни.

Овој план беше жестоко критикуван од словачката претседателка Зузана Чапутова, како и од новинарите, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија. Планот предвидува РТВС да биде заменет со нова медиумска организација.

„Демократијата во Словачка мора да има силен и независен јавен радиодифузер, РТВС, а на вработените во овој дом им треба вашата поддршка“, рече Михаел Шимечка, лидер на опозициската партија Прогресивна Словачка, на митингот што се одржа на Плоштадот на слободата во Братислава.

Планот за реформа на јавниот сервис го претстави Мартина Шимиковичова, министерка за култура која ја претставува Националната партија, ултра-националистичка членка на владејачката коалиција. Таа е позната по тоа што работи за интернет ТВ станица која шири дезинформации.

Таа тврди дека јавниот сервис им дава простор само на „мејнстрим вестите“ и ги цензурира останатите. Според планот, новиот радиодифузер Словачка телевизија и радио (СТВР) ќе има директор кој би избирал совет од девет члена назначени од парламентот во Министерството за култура.

Смер, партијата на Роберт Фицо, освои најмногу гласови на изборите во септември минатата година меѓу проруските и антиамериканските ставови.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Полицијата денеска упадна во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растера пропалестинските активисти кои протестираа против израелската офанзива во Газа.

Претходно денеска група од околу 70 студенти ја окупираа зградата на Институтот за политички науки во центарот на Париз, по неуспешните преговори меѓу студентите и администрацијата за врските на Универзитетот со Израел, јави France24.

Од кабинетот на францускиот премиер по тој повод соопштија дека одговорот на владата е силен и ќе биде во целост таков.

„Наредивме систематска реакција и интервенција на органите на прогонот за слободен пристап до универзитетите штом ќе се воспостават блокади или собири“, изјавија од кабинетот на премиерот за ТВ БФМ.

Француските медиуми објавија дека на вработените во Универзитетот денеска им било кажано да работат од дома, бидејќи универзитетските згради биле затворени.

Директорот на Институтот за политички науки вчера ги отфрли барањата на студентите за преиспитување на врските на Универзитетот со Тел Авив.

Студентите на неколку француски универзитети ги блокираа или окупираа нивните факултети по митинзите организирани на кампусите низ САД против конфликтот во Газа.

Околу 100.000 имигранти во САД ќе можат да добијат здравствено осигурување до 2025 година

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега.

Околу 100.000 имигранти кои биле донесени во САД како деца идната година ќе станат корисници на здравствено осигурување според Законот за пристапна здравствена нега, врз основа на директивата објавена денеска од администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Финализацијата на одлуката траеше подолго отколку што се очекуваше и не го вклучува предлогот на Бајден да им се дозволи на тие имигранти да аплицираат за Медикејд (Medicaid), програма за здравствено осигурување која обезбедува речиси бесплатно покритие за најсиромашните луѓе во нацијата.

Од друга страна, одлуката ќе им овозможи на илјадници мигранти да пристапат до даночни олеснувања откако уписот според Законот ќе започне на 1 ноември, само неколку дена пред претседателските избори, пренесува американските медиуми, според кои, овој потег може да му донесе на Бајден клучни гласови од Латинска Америка, но се очекува да биде критикуван од републиканците.

притисни ентер