Поднесена тужба против Брижит Макрон поради јавна навреда - Канал 5

Поднесена тужба против Брижит Макрон поради јавна навреда

Брижит Макрон се соочува со тужба од неколку организации, вклучувајќи и групи за женски права, откако беше снимена како упатува навредливи зборови кон феминистки кои протестираа на театарска претстава во Париз.

Поднесена тужба против Брижит Макрон поради јавна навреда

Повеќе од 300 жени, поточно 343 – што е историски симболичен број во францускиот феминизам, оваа недела поднесоа тужба против првата дама на Франција за јавна навреда.

Видеоснимката, направена минатата недела, ја прикажува Брижит Макрон како зад сцената во театарот „Фоли Бержер“ во Париз разговара со Ари Абитан, француски актер и комичар кој претходно беше обвинет за силување. Таа присуствуваше на неговата претстава со својата ќерка и пријателите. Вечерта пред тоа, феминистички активистки ја прекинаа претставата извикувајќи „Абитан, силувачу!“.

Брижит Макрон го праша Абитан како се чувствува, а кога тој рече дека се плаши, првата дама упати погрдни зборови за активистките, нарекувајќи ги „глупави кучки“ и рече дека ако повторно се појават, „ќе ги исфрлиме“.

- Таа е првата дама на Франција, нејзините зборови се важни, порача Жилиет Шапел, адвокатка на феминистичките групи кои го покренаа случајот. Шапел додаде дека Макрон делувала како „многу ангажирана за интересите на жените, но во реалноста постои јаз меѓу нејзините јавни говори и она што таа навистина го мисли“.

- Жал ми е ако ги повредив жените жртви, порача Брижит Макрон, нарекувајќи ги коментарите на снимката „приватни коментари“. Сепак, како што вели, таа не жали за нив.

- Не можам да жалам. Вистина е, јас сум сопруга на претседателот на републиката, но јас сум пред сè јас. И затоа, кога сум насамо, можам да си дозволам да се опуштам на начин кој не е сосема соодветен, изјави Макрон.

Судиите во 2024 година ја прекинаа истрагата за обвинението за силување од 2021 година против актерот Ари Абитан поради недостиг на докази. Таа одлука беше потврдена во жалбена постапка во јануари оваа година.

Феминистичка група што учествуваше во протестот соопшти дека нејзините активисти го прекинале настапот на Абитант во знак на протест против она што го нарекоа „култура на неказнивост“ во врска со сексуалното насилство во Франција.

Бројот 343 се однесува на познатиот „Манифест на 343-те“ од 1971 година за легализација на абортусот, во кој 343 жени признаа дека ја прекинале бременоста во време кога тоа беше илегално.

Многу познати личности изразија поддршка за активистките, прифаќајќи ја навредата како своја со хаштагот #salesconnes.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битола денес беше град на трчањето

Над 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.

Битола денес беше град на трчањето

Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката.

ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата.

Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката.

Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола.

Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Пожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.

Пожарот на Брач ​​сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓе

Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад.

Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач ​​утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс.

Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух.

Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач ​​на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер