Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда” - Канал 5

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по итна постапка до ОЈО ГОКК против 39-годишен полициски службеник, поради сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. 

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”

-Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга. Р.Р. е лишен од слобода и изведен пред судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од осум дена.

Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните од западен, кој наместа повремено ќе засилува, а долж Повардарието и во источните делови од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува топло време. Во вторник ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од четврток ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес му го честиташе 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп со пораката дека „мирот доаѓа преку силата“.

Нетанјаху му го честита 80-тиот роденден на Трамп: „Мирот доаѓа преку силата“

„Среќен роденден, Доналд“, напиша Нетанјаху на мрежата „X“, истакнувајќи дека роденденот на Трамп оваа година доаѓа во „соодветно време“, кога „Америка, голема нација изградена врз слободата и верата слави 250 години слобода“.

Нетанјаху рече дека мирот доаѓа преку силата, што е можен коментар за новиот Меморандум за разбирање со Иран.

„Ви посакувам континуирана сила и енергија додека ја водите Америка кон светла иднина на мир постигнат преку силата и додека продолжуваме да го воздигнуваме сојузот САД-Израел на сè поголеми височини“, напиша Нетанјаху.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

КОВЗРГ ќе ја одбележи 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј

Настанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје.

КОВЗРГ ќе ја одбележи 40-годишнината од упокојувањето на Архиепископот Ангелариј

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 15 јуни 2026 година ќе организира одбележување на 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот Архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј.

Настанот ќе се одржи во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје, каде што се наоѓа вечното почивалиште на Архиепископот Ангелариј, со почеток во 10:00 часот.

Во рамките на одбележувањето ќе биде отслужен помен со кој ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на архиереи и свештенство. По поменот е предвидено кратко обраќање на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по што ќе следи полагање свежо цвеќе пред гробот на Архиепископот Ангелариј.

Одбележувањето претставува израз на почит кон животот, духовното дело и историското наследство на Архиепископот Ангелариј, кој со своето архипастирско служење остави значаен белег во современата историја на Македонската Православна Црква.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер