Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје - Канал 5

Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје

Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје, подната фонтана на плоштадот, повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност.

Подната фонтана повторно ќе блесне – Градот започна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје

Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и автоматизиран систем кој бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста.

Паралелно со сервисирањето на опремата, се изведуваат и значајни конструктивни подобрувања. Постојната носечка подконструкција, изработена од пластични носачи кои поддржуваа бетонски плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција од иноксни профили, проектирана да издржи значително поголеми механички оптоварувања. Со ова трајно се подобруваат стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем.

Со обновата, фонтаната повторно ќе стане место за средби, детска игра, фотографии, прошетки и убави спомени, враќајќи ја живоста во срцето на градот и повторно претворајќи се во едно од најатрактивните обележја на Скопје.

Истовремено, се реализира и замена на оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија“, со што централното градско подрачје добива поуреден, побезбеден и подостоинствен изглед.

Овие активности се дел од заложбите за обновување на јавните простори и создавање квалитетна градска инфраструктура што ќе им служи на граѓаните во наредните години.

Град Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска

Истрагата треба да покаже како настанала несреќата.

19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска

Силниот звук од силниот удар на улицата Радишанска во скопската населба Радишани на улица ги извадил жителите од улицата на самото место на сообраќајната несреќа каде на самото место загинал 19 годишниот Н.М кој управувал со моторот што имал сообраќајка со возило алфа ромео со италијански регистрарски таблици управуван од 46 годишен С.Б. Целата улица беше блокирана, а граѓаните во шок раскажуваа дека ударот бил силен, а момчето немало знаци на живот.

Истрагата треба да покаже како настанала несреќата. И автомобилот е со големи оштетувања од левата страна на возилото каде што бил ударот. Возачот со повреди бил пренесен на болничко лекување.

По завршување на истрагата ќе се знаат причините и околностите за сообраќајната незгода.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор

Апелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов.

Со одлука на Апелација за убиството на партнерката казната за кавадарчанецот зголемена од 16 на 20 години затвор

Апелационот суд во Скопје ја зголеми зaтворската казна од 16 на 20 години на 44 годишниот Илија Панов, кој беше прогласен за виновен за убиството на вонбрачната партнерка 52 годишната Сузана Серенакова извршено во јануари 2025 година во Кавадарци.

И одбраната на Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда. Но, апелација одлучи казната да биде повисока со цел да има поголема казна врз основа на направеното дело за лице кое било осудувано и претходно и во чести состојби на афект ја физички и психички ја малтертриал неговата партнерка. Обвинетиот не го признал делото негирајќи дека не бил кај жртвата дома, но ДНК анализата покажала дека траги од него биле пронајдени на облеката и под ноките на жртвата, за што биле клучни во истрагата. Панов беше обвинет за убиство за дело кое е привидена најстрога казна доживотен затвор.

Семејното насилство е во пораст, од периодот од 2018 до 2025 година извршени се 42 убиства, 24 обиди и 192 тешки повреди, а имало скоро 45 илјади пријави за семејно насилство. Психологот Мирјана Јовановска Стојановска објаснува дека високите затворски казни се во ред, но самата казна не ја менува мотивацијата кај насилникот и неговата внатрешна намера, го менува само однесувањето да ја избегне казната.

„Она што се случува внатре во личноста казната не го менува. Да треба казна но најдобро е да има комбиниран систем каде освен казна ќе му се помогне на оној што ги прави делата. Затоа што очигледно е дека им треба многу помош“, вели изјава Мирјана Јовановска Стојановска.

Со новите измени во законот за спречување и заштита од насилство се предложува полицајците да имаат ново овластување со кое полицаецот врс основа на процена на ризик ќе може веднаш да изрче мерка за заштита на жрвата, насилникот да се отстрани од домот без согласност на жртвата и да трае до 48 часа со што судот може да ја продолжи до 30 дена или да ја укине.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено.

Скопјанец управувал возило со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајна незгода, следува соодветна пријава

На 06.08.2026 во 17:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.А.Л.(34) од Скопје. Претходно, во 15:10 часот на ул.„Пролет“ во Скопје, со патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(20) од Скопје, при што била причинета материјална штета. При преземање мерки и вршење на увидот, полициските службеници констатирале дека И.А.Л. возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,29 промили во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер